Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Сега со овие суспендираните што ќе биде 6 месеци ќе дремат така и ќе платат по 5000 евра и после каде ќе каже Брацо таму така е работата како што гледам јас а.:smir:

Што се однесува до мене, можат што сакаат да прават. Мене желбата ми е исполнета, да бидат казнети за тоа што му го направија на Вардар, иако сум незадоволен што тоа не е случај и со Брага, Секуловски, Емурлаху и Ристевски.
 
Кхм... зошто?
 
Затоа што се подеднакво виновни, како и тие што беа казнети.

Според мене, јас како навивач не се грижам многу за правдата во светот туку за успехот на клубот. А Вардар особено од Брага и Емурлаху ќе има и тоа каков корист за понатамошен успех. Его, и суета немаат место тука според мене, иако ме заебале (индиректно нели) ќе им простам, бидејќи знам дека ќе ми бидат добредојдени утре во моја близина, односно во мојот клуб.
 
Можеби и си во право, ама ако гледаш така Вардар можеше да има корист и од некои други суспендирани играчи. Сепак, срамот што му го нанесоа на Вардар не се брише и според мене тука нема никакво простор за опростување и сите, од прв до последен, требаше да си ги сносат последиците поради вината, а не само дел од нив.
 
Сега со овие суспендираните што ќе биде 6 месеци ќе дремат така и ќе платат по 5000 евра и после каде ќе каже Брацо таму така е работата како што гледам јас а.:smir:

Искрено што ќе биде многу и мене не ме интересира, си го добија она што го заслужуваат. не 6 месеци, треба 6 години да не играат фудбал. Инаку викаш кај ќе каже Брацо таму ќе играат, па тој ги вовлече во вакви работи. Каков парадокс, Брацо не им дава пари, фудбалерите заради тоа штрајкуваат, и на крај пак се враќаат и се крстат на истиот човек, не ми се верува.

Борче Ристовски е тој што треба да оди во Русија, а не Димче. Битолчанецо се префли во Работнички, иако ја сметам дека требаше и он, Секуловски, Брага и Емурлаху да јадат суспензии, а не вака педерски да се провлечат. Сепак и тие беа дел од штрајкувачката екипа. Од тоа воопшто не сум задоволен.

Така е Гоксо, моја грешка. Види за Борче не можеш да кажеш дека заслужува казна, затоа што кога беше натпреварот со Милано он беше повреден. Не викам дека и он не би се приклучил кон групава што штрајкуваше, ама рака на срце повреден беше. А ова гомново друго, битолчанецот само да дојде прва утакмица против Работнички, го мрзам највеќе затоа што играше како жена кога играа против Пелистер.

Што се однесува до мене, можат што сакаат да прават. Мене желбата ми е исполнета, да бидат казнети за тоа што му го направија на Вардар, иако сум незадоволен што тоа не е случај и со Брага, Секуловски, Емурлаху и Ристевски.

Брага има докажано дека го сака Вардар и тука нема дускусија, мислам и поради тој факт е ослободен, Емурлаху сите знаеме каков грев направија во првата полусезона кога го пратија да игра во Шкендија, а Вардар немаше ќор напаѓач, значи го потценија човекот максимално.

Според мене, јас како навивач не се грижам многу за правдата во светот туку за успехот на клубот. А Вардар особено од Брага и Емурлаху ќе има и тоа каков корист за понатамошен успех. Его, и суета немаат место тука според мене, иако ме заебале (индиректно нели) ќе им простам, бидејќи знам дека ќе ми бидат добредојдени утре во моја близина, односно во мојот клуб.

Викторгг мора да има правда. кажав во повеќе мои постови, Вардар е име, бренд, традиција, поим... не може некој што до вчера сонувал да облече дрес на Вардар денес да го остава на цедило. Сите мислеа дека пропаѓа и сега кога видоа дека се врати на здрави нозе, ќе се извинуваат или не знам што. Го слушаа Брацо, јас знам една работа, а тоа е дека додека траеше завршетокот на сезоната неколку играчи играа според тоа како ќе им кажеше Брацо, се со цел да се оцрнат желбите на навивачите за враќање на стариот сјај на клубот
 
@ fa997
Друже, не си ме разбрал. Секако дека Борче Ристовски не заслужува казна, сепак остана со екипата во најтешките моменти. Ја мислев на сељакот битолски, за кога и тоа како посакував казна бидејќи дојде како тотален анонимус од Пелистер и се промовираше во Вардар, а сега ќе ми глуми некаква звезда. Абе такви играчи треба да молат да играат за Вардар.
За Брага се согласувам дека покажал респект кон Вардар, ама и он дозволи да биде изманипулиран. Сепак е човек во години и не смееше да си дозволи таков пропуст баш затоа што имал еден посебен однос кон клубот и навивачите. Ама, ај раководството процени дека треба да се помилува и тоа за мене е веќе завршена работа. Се надевам дека Брага со своите игри многу брзо ќе ја врати разнишаната доверба кај навивачите.
Иначе, кога сме кај Емурлаху, само за да знаеш дека тогаш отиде во Шкендија како дел од матните и чудни договори меѓу Брацо и газдата на Шкендија. Додека Брацо беше во Вардар имаше еден доста занимлив триаголник меѓу Вардар, Победа и Шкендија кој резултираше со доста чудни резултати. Вардар се случуваше многу лесно да победи во Тетово, но и многу лесно да ги пропушти бодовите.
 
Иначе, одредени медиуми кои немам намера да ги рекламирам суспендирањето на одметниците го окарактеризираа како загуба на целокупниот македонскиот фудбал и уништување на нивните кариери. До каде ќе оди неморалот на одредени медиуми се прашувам само?:bip:
 
Знам кој се тие медиуми и јавно ги прашувам каде беа кога се доживеа најголемиот срам во поновата историја на Вардар, дали тоа не е загуба на македонскиот фудбал, дали со тоа што за малце ќе се изгубеше идентитетот на Вардар немаше да се изгуби и огромен број навивачи. инаку никој не им ја уништи кариерата на тие таканаречени фудбалери, имаа можност да настапуваат во Вардар, фактички сами ја одбија можноста и знам сега дека се би дале да играат.
П.С. Вчера Достаниќ имаше изјава дека можеби не е ставен крај на засилувањата, па можно е и да се доведе уште некое засилување. Гоксо што се случи со Трајанов да не имаш некоја информација?
 
Викторгг мора да има правда. кажав во повеќе мои постови, Вардар е име, бренд, традиција, поим... не може некој што до вчера сонувал да облече дрес на Вардар денес да го остава на цедило.

Епа ако мора да има правда, а Вардар е “име“, тогаш зошто никој не се потруди да го најде Брацо во Германија и да му ја разнесе лобањата со неговиот сопствен ваљак? Правда... у Хаг.
 
Знам кој се тие медиуми и јавно ги прашувам каде беа кога се доживеа најголемиот срам во поновата историја на Вардар, дали тоа не е загуба на македонскиот фудбал, дали со тоа што за малце ќе се изгубеше идентитетот на Вардар немаше да се изгуби и огромен број навивачи. инаку никој не им ја уништи кариерата на тие таканаречени фудбалери, имаа можност да настапуваат во Вардар, фактички сами ја одбија можноста и знам сега дека се би дале да играат.
П.С. Вчера Достаниќ имаше изјава дека можеби не е ставен крај на засилувањата, па можно е и да се доведе уште некое засилување. Гоксо што се случи со Трајанов да не имаш некоја информација?

Не знам што се случи, али изгледа застана работата со него. Иначе се појавиле проблеми со доаѓањето на Младеновиќ пошто неговиот клуб Смедерево можно е да остане во Меридиан Супер Лига и со тоа одма им пораснале апетитите на српскиве селендри, па во тој случај ќе бараат масна оштета.
 
Ѓошевски скинал мускул. Ќе паузира најмалку 2 недели.
 
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=12093

Бабунски: Работнички не патува во Азербејџан

Погледнете до каде оди лудоста на некои луѓе. Ќе се солидализирале со прекршувачи на клупската дисциплина. За Бабунски што да кажам освен дека се покажа како уште една марионета во рацете на Брацо и со ова дефинитивно се отпиша од легендите на Вардар.
 
Со ова се отвара проблем и за Вардар. Доколку Работнички стварно не отпатува за Азербејџан тогаш ќе стигне казна од УЕФА за забрана на играње во Европа на било која екипа од македонското првенство. Убаво кажав јас, ќе пукнат од мака што Вардар се враќа во стариот сјај. Па чекај малце, каква е таа солидарност кога овие играчи се на Вардар, и Вардар како клуб може да одлучи дали да ги отстапи или не. Крајно нефер однос од страна на Бабунски кон општо целата македонска јавност. Само јасна ми е нговата фрустрација према семејството Костовски, кога го избркаа Ѓоре од Работнички беше најавуван како нов шеф на стручен штаб таму и на крај изеде корпа и на негово место дојде Беквалац. Најпаметно му е да оди пошо ќе го навлече гневот на целата јавност, посебно да на симпатизерите на Вардар
 
Најтрагично е што легендите на Вардар се најголеми минирачи на консолидирањето на клубот. Тргни од Панчев, преку Кочо, Чунга, Марковски, Станојковиќ, сега и Бабунски. Тоа ти кога се пиуни во рацете на нивниот месија Брацо, исто како и суспендираните. Може тука треба да ја бараме врската на солидарност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom