Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Реално Српската лига е за едно ниво подобра од нашата, само проблемот за Лука е што ни таму не игра, оваа сезона има одиграно само 165 минути, значи нема ни цели два натпревари, ниту еднаш не бил стартер, максимум ако добие 20 минути кога ќе влезе од клупа, на повеќето натпревари воопшто не ни влегол во игра.

Во наша лига беше еден од подобрите играчи пред некоја година, важеше за голем талент и имаше доста понуди да бега надвор, ако добро се сеќавам неколку клубови од Хрватска беа заинтересирани за него, само како и многу други наши играчи, се залета по пари и најверојатно ја прифати финансиски најдобрата понуда.
Од Работнички отиде во Газиантеп што за него во тој момент беше преголем залак, небо и земја е разликата од прва Македонска до прва Турска лига, логично го заковаа на клупа, капак на се и земјотресот во Турција се случи уште првата сезона кога потпиша таму и клубот не ја доигра сезоната.

После почнаа да го шетаат по позајмници, Горица од Словенија, Тузласпор и Раднички, дури пред почетокот на оваа сезона Раднички го откупи за 30.000 евра.
Суров е фудбалот, еднаш ако испаднеш од ритам, тешко е да се вратиш после.

Така да во моментов и не е толку нереално да потпише кај нас, може и ова со брат му да има поврзаност, не знам само Раднички колку ќе се согласат да го пуштат и за која цена, а за нас секако ваков играч би бил големо засилување во борбата за титула.
Мизерија им е лигата, тоа што е ниво над нашата не е репер пошо нашата лига е топ 3 најслаби лиги во светот. Плус убаво имаш кажано, човекот не ни игра во факинг Раднички и муабетот ми беше баш во тој контекст. Која е желбата да грееш клупа во такво тимче, ако Вардар веќе прави некој конкурентен тим за Европа, и ако ти гарантира минутажа. Со добри партии во Европа со Вардар има и шанса повторно добро да се продаде и да си ја рестартира кариерата.
 
За сите што се прават паметни и ми коментираат на мојот пост како божем за Марио сум помешал за кој Вардар станува збор за Неготино или Брвеница само да ви пишам на кратко иако не заслужувате пошто немате никаква почит за нас луѓето што имаме инфа за следни трансфери за Вардар .
Марио Станковски е син на Горан Станковски Гама моментално селектор на у-15 репрезентација на Македонија и еден од топ 10 најблиски луге на Масар а знаеме дека Масар како што ќе каже така и се игра во клубот кај нас он го прави ростерот , се планира Марио да биде земен за да ја засили клупата значи резерва ако е потребно после 70 минута да влага у игра , месечни примања 3000-4000 евра .
Следни денови подетално за уште други 2 трансфери што се во очекување
Не е проблем шо ќе иди кај вас иако е слаб, работата е во нереални плати и пари шо давате па цел фудбалски пазар го пореметивте, патем се знај кај вас кој колку зема плата ? Мислам на тренерот, играчи итн... Ако не се лажам Мато е најскап од летово со преку 10 к месечно
 
После почнаа да го шетаат по позајмници, Горица од Словенија, Тузласпор и Раднички, дури пред почетокот на оваа сезона Раднички го откупи за 30.000 евра.
Суров е фудбалот, еднаш ако испаднеш од ритам, тешко е да се вратиш после.
Не е само тоа. Ние сме мрза народ, па така и во спортот (секоја чест на исклучоци). Џабе талент кога не се работи на усовршување на талентот.
 
Не е проблем шо ќе иди кај вас иако е слаб, работата е во нереални плати и пари шо давате па цел фудбалски пазар го пореметивте, патем се знај кај вас кој колку зема плата ? Мислам на тренерот, играчи итн... Ако не се лажам Мато е најскап од летово со преку 10 к месечно
Мато е 20к+ не ти седи за 10к во Македонија,незнам каква е состојбата и каков договор има со клубот,ама ако веќе си иде на крај барем да се земе убава пара за него.
По 5000,6000 евра земаат само црцине што не влагаат во игра,а ги зема козарот од 5 лиги.
 
Тој е Лука Станковски, него ако треба и на грб ќе го донесеме од Крагујевац до Скопје, ама за жал кај нас ќе дојде брат му Марио Станковски, тешка цепаница, моментално игра за Слога која е во распаѓање, полош напаѓач и од Омерагиќ.

Знам де, за него се надоврзав. Знам дека брат му е комбина на управата.
 
raduvaj se makedonijo za u baraz imas golgeter sto e u forma... 5 gola na poslednite 2 natprevari.... da bese malku podobar moze i 10 ke dadese ali sto e tuka e...
Автоматски споено мислење:

Азерињо несакајќи влезе во форма:aplauz:

u prav moment, za vreme na pauza
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom