Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дали утре на ФФМ е слободен влез?
На градски редарине пробуваат да наплатат од луѓе што не знаат. Прави чергари.
На југо западен влез се наплаќа карта и засекогаш ќе се наплаќа. Тоа е принцип на делување и финансирање на идејата. Се надевам не зборуваш за нив.
 
Ако некој има стрим нека сподели
 
Штета ,Вардарци подобри ама некогаш и бодот е голем.
Комити дали сте задоволни од вториот помошник?
 
Бод вреден како три , да почекаме утре да се изиграат останатите дуели па да видиме до каде сме на табела.
Следуваат пет натпревари со екипи со сличен квалитет како нашиот,сите се од долниот дел на табелата.Со 9 до 10 бода од напредните 5 меча сметам дека ќе излеземе од опасната зона за испаѓање и ќе може да ја привршиме сезоната поопуштено.
Типувам
Пелистер Вардар Х
Брера Вардар 2
Вардар Тиквеш Х
Воска Вардар 2
Вардар Беса 1
Screenshot_20250314_172324_Chrome.jpg
 
Права првенствена утакмица. Од се по нешто. Во вакви моменти се гледа колку на Вардар му фали еден ваков сопствен стадион каде на секоја утакмица би било овака

Далеку од тоа дека ги надигравме, ама бевме во егал цело време, на моменти и подобри. Имаше моменти кога јасно се гледаше зашто се они први и на пат кон нова шампионска титула. Тоа крилото од Косово 3 нивоа над нашата лига. Лоша измена на Спахиу, а после тоа и пех со грчевите на Диме Тодоровски кој се профилира во наш најдобар и најважен играч. Тој Хрватот Рио Фердинанд во лигава. Словакот исто доста прљав и гаден играч.

Комити во елемент, спектакуларна бројка за работен ден во 3. Добро навивање, добра димнијада, правилен избор за одбирање на трибината позади гол, мала замерка околу спомнувањето на лицето МН. Мора да се пресече, или се вреѓа константно нон стоп, или не се спомнува воопшто. Вака на махови, во 88 минута, па уште и разредено (некој скандира некој не) не им оди во прилог воопшто. Напротив...
 
Последно уредено:
На југо западен влез се наплаќа карта и засекогаш ќе се наплаќа. Тоа е принцип на делување и финансирање на идејата. Се надевам не зборуваш за нив.
На тој влез, оние со зелени елечиња редари. Не се за запад.
 
Босанчиќ повреден е што го нема последниве 2-3 кола?
 
Па нема од каде да дознаеш. Толку функционира сајтот и социјалните мрежи.

Aман сега и тоа ти смета? Толку е битен играч Босанчиќ, па дали е битно дали се повредил и зошто го немало во тимот. Битно сметката е одблокирана...
 
Aман сега и тоа ти смета? Толку е битен играч Босанчиќ, па дали е битно дали се повредил и зошто го немало во тимот. Битно сметката е одблокирана...

zaboravi da dodaes i deka takvi raboti nitu eden seriozen tim ne objavuva i komentira pred derbito sto ponina i utakmicata u bt... takticki izdrzan poteg.

plus ekipata sto se zanimavase so objavi do lani imala crveni linii i strajkuva momentalno pa ete ova ke ostane misterija do slednoto kolo... :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom