Права првенствена утакмица. Од се по нешто. Во вакви моменти се гледа колку на Вардар му фали еден ваков сопствен стадион каде на секоја утакмица би било овака
Далеку од тоа дека ги надигравме, ама бевме во егал цело време, на моменти и подобри. Имаше моменти кога јасно се гледаше зашто се они први и на пат кон нова шампионска титула. Тоа крилото од Косово 3 нивоа над нашата лига. Лоша измена на Спахиу, а после тоа и пех со грчевите на Диме Тодоровски кој се профилира во наш најдобар и најважен играч. Тој Хрватот Рио Фердинанд во лигава. Словакот исто доста прљав и гаден играч.
Комити во елемент, спектакуларна бројка за работен ден во 3. Добро навивање, добра димнијада, правилен избор за одбирање на трибината позади гол, мала замерка околу спомнувањето на лицето МН. Мора да се пресече, или се вреѓа константно нон стоп, или не се спомнува воопшто. Вака на махови, во 88 минута, па уште и разредено (некој скандира некој не) не им оди во прилог воопшто. Напротив...