Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Moken sponzorski tim za evropski Vardar" najavuva pretsedatelot Siskovski preku dnevniot pecat.

Do krajot na godinata ke se zavrsi transformacijata na klubot vo AD, pri shto vo klubot vleguvaat EVN,ELEM,Alkaloid,Telekom...Pl
anirani se kvalitetni zasiluvanja vo zimskiot period,megjutoa glavnite transfer bombi se najavuva deka ke se slucat letoska.
убави денови се пред нас :))
Ова се фирми што тежат неколку милијарди во евра. Доколку влезат како акционери и сопственици на тимот, Вардар ќе биде доминантен уште долго, долго време.
 
Значи без комплицирање, со 23-ка се симнувате одма после мостот, толку. Ќе го видите и стадионот од мостот.
 
Ке биде убаво да се направи и едно кортео од кај киното Маџари до стадион,има одење 5 минути пешки:) ! За тие што незнаат киното се наоѓа карши бурекџилница Кисми,или појасно кога врти 23 ка лево одма застанува на станица и одма пред вас е бурекџилницата ! Иначе ако се иде на стадион директно тогаш се поминува оваа станица и одма на следната се симнувате(башка и од мост ке се види стадионот),мене ми е на 10 минути стадионот од дома така да немам проблем:)
 
Во зимскиот преоден рок ќе се донесат голман, играч од среден ред и напаѓач.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Поебан е форумов нешто денес, стиснете еднаш на '' испрати мислење "' и толку, ќе ви се постира мислењето без разлика што укочуе пред да се појави на темата.
 
Luge kako uzivam koga gi gledam momentalno tuka vo Gorce,bas mi e merak, otkako sutrakot Haralampie gi sutna za nisto Makedonija Gorce Petrov...Znaci sea ke bidat akcionersko drustvo...OD koga postoi zakonot za ova ?! Moze nekoj da mi kaze so ovaa nova situacija ?! Vardar pozdrav...Uf kako mi e merak !!! :ROFLMAO:
 
Luge kako uzivam koga gi gledam momentalno tuka vo Gorce,bas mi e merak, otkako sutrakot Haralampie gi sutna za nisto Makedonija Gorce Petrov...Znaci sea ke bidat akcionersko drustvo...OD koga postoi zakonot za ova ?! Moze nekoj da mi kaze so ovaa nova situacija ?! Vardar pozdrav...Uf kako mi e merak !!! :ROFLMAO:

Мислам дека до крај на првенството сите прволигашки клубови мора да бидат АД, во спротивно нема да може да се натпреваруваат следната година во прва лига...
 
Дечки, јас што можев да направам за разубавување на страната за Вардар на Wiki - направив. Фалат уште една убава слика од стадионот да се стави, исто као и една слика од Комити (Supporters секцијата :) ). Како да дојдеме до тие слики?
 
Дечки, јас што можев да направам за разубавување на страната за Вардар на Wiki - направив. Фалат уште една убава слика од стадионот да се стави, исто као и една слика од Комити (Supporters секцијата :) ). Како да дојдеме до тие слики?

AFi2T.jpg
 
Дечки, јас што можев да направам за разубавување на страната за Вардар на Wiki - направив. Фалат уште една убава слика од стадионот да се стави, исто као и една слика од Комити (Supporters секцијата :) ). Како да дојдеме до тие слики?
На нашата страна имаш галерија од Комити :)
 



Подземно греење, нова дренажа и нов зелен тепих на „Филип Втори“

Првпат во историјата Македонија ќе има терен со подземно греење, а во целосната реконструкција на теренот на националната арена ќе бидат поставени нов систем за дренажа и сосема нова трева, како и нови атлетски патеки и цел комплекс на борилишта за врвни атлетски митинзи


teren1.jpg

transparent.gif


Теренот на „Филип Втори“ ќе биде целосно реконструиран (како на фотографијата)
Македонија конечно ќе добие модерен фудбалски терен со подземно греење, нов систем на дренажа, над кој ќе биде послан сосема нов тревен тепих според стандардите на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Ова го содржи проектот на изведувачот „Бетон“, кој е задолжен за новото руво со кое ќе биде „преоблечен“ теренот на нашата национална арена, со што првпат во историјата ќе добиеме и терен што ќе има сопствено подземно греење. Покрај ова, од идната година на „Филип Втори“ ќе има и сосема нова атлетска патека со осум ленти, а ќе бидат изградени и сите потребни борилишта за атлетските дисциплини за да може на националната арена да се одржуваат и врвни атлетски митинзи.

Работите на теренот ќе се одвиваат во следните четири месеци, по што Македонија конечно ќе може повторно да се гордее со квалитетен фудбалски терен, кој беше синоним за „Градски“ во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Реконструкцијата ќе биде во неколку фази, а ќе се почне со отстранување на целосната подлога и застарената дренажа што сега ја има теренот на „Филип Втори“, по што ќе следува поставувањето на новите слоеви.

- Прво ќе биде поставен хидроизолатор, глина со соодветна влажност, а врз неа ќе се инсталира дренажен систем на цевки, кои ќе служат за излевање на атмосферската вода и за задржување на квалитетот на тревната подлога. Следниот слој ќе биде систем на цевки за греење, кој ќе биде поврзан со сопствена котларница, специјално изградена за потребите на теренот. Котларницата, која ќе се состои од два електрични котли со вкупен капацитет од 1.200 киловати, ќе биде сместена во поттрибинскиот простор на источната трибина - објаснува архитектката Виолета Гишева, која е раководител на изградбата на теренот.

Овој комплексен состав, кој ќе почнува од длабочина од еден метар и 10 сантиметри, ќе заврши со последниот слој во кој ќе бидат бусените трева, кои според поставувањето на системот би требало да бидат природни. Теренот ќе биде со димензии 68 на 105 метри, слично како и досегашната површина. Можно е мало, но незначајно поместување кон северната трибина поради поставување на патеката за скок со стап покрај јужната трибина. Дополнително на ова ќе биде поставен и сосема нов систем за наводнување на теренот со мрежа од прскалки што ќе бидат поставени во теренот, идентично како на сите врвни стадиони низ Европа.

Во исто време ќе се работи и на поставувањето на новата атлетска патека со осум ленти, на местото на досегашните шест. Дополнително, ќе бидат направени и сите атлетски борилишта, како за скок во далечина, трискок, скок во височина, скок со стап, фрлање копје, диск и кладиво, а ќе се направи и таканаречената „водена пречка“ за трките во стиплчес.

- Сите овие борилишта ќе бидат сместени во просторот зад головите, единствено патеката за скок со стап ќе биде покрај јужната трибина. Борилиштата се според сите светски стандарди и на нив ќе може да се одржуваат најразлични митинзи и атлетски натпревари - вели Гишева.

Доколку работите одат со предвиденото темпо, честа да му направат сефте на новиот терен ќе ја имаат фудбалските прволигаши Вардар и Тетекс, кои ќе се сретнат во првото пролетно коло од Првата лига, на 3 март.
Модерна стаклена фасада за комплетен шмек

Последниот дел од проектот за изградба на „Филип Втори“ ќе биде поставувањето нова стаклена фасада, со која националната арена ќе светне во полн сјај.
- Поставувањето на новата трева и атлетските борилишта не е последниот дел од проектот, кој би бил комплетиран со поставувањето нова фасада. Таа треба да биде составена од стакло и од алуминиум и ќе му го даде вистинскиот лик на стадионот. Но фасадата нема да се работи во овој период, туку ќе биде дополнително направена, во некоја следна фаза - вели архитектката Виолета Гишева, која е раководител на изградбата на стадионот.

Старата трева за помошните игралишта

Старата трева од теренот на „Филип Втори“ е предвидено да биде искористена за помошните игралишта што се наоѓаат околу стадионот.
Ова ќе биде добредојдено за фудбалерите на Вардар, кои своите тренинзи во текот на сезоната ги одржуваат токму на овие терени, кои се премногу оштетени и на места речиси и немаат тревна подлога.

 
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
СКОПЈЕ, МАЏАРИ
Главен судија Марко Борг – Малта
1 асистент Ингмар Спитери – Малта
2 асистент Алан Камилери – Малта
4 судија Малколм Спитери – Малта
КОНТРОЛОР Бунгуров Ангел – Кавадарци

Сварно се РЕТАРДИРАНИ овие од ФФМ :tapp::tapp::tapp:
 
Странски судии ќе ви судат на следниот натпревар.

Едит: чкембарот постирал погоре. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom