П
Паспарту
Гостин
Вардар ќе се засилува со Нигериецот Огбoна?
Се ближи зимскиот преоден рок и Вардар веќе размислува за засилувања. “ЕКИПА“ го дознава првото име што можеби ќе го засили Вардар за пролетниот дел од сезоната. Тоа е робусниот нигериски напаѓач Ибе Зито Огбона, поранешен член на Хапоел Тел Авив и Клуж, кој треба да пристигне на проба во Скопје веднаш штом ќе добие виза. Ќе мине одреден период на проба, а дококу ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и на раководството ќе стави потпис на договор со „црвено-црните“.
Ибе Зито Огбона е 28-годишен напаѓач кој во текот на својата кариера има настапувано во израелскиот Хапоел Тел Авив, каде на 116 натпревари постигнал 37 погодоци, а потоа бил член и на романскиот Клуж, клубот Кајез Чифс од Јужна Африка, албанскиот тим Аполониа, а последна негова станица во кариерата е клубот Атирау од Казахстан. Тој е висок, робусен напаѓач, одличен реализатор чија добра страна е играта со глава и, според најавите, е калибар каков што му е потребен на Вардар.
Раководството на Вардар веќе имало одредени контакти со Огбона, тој е расположен да дојде во Вардар и се очекува да пристигне во Скопје откако ќе ги среди процедурите за виза.
„Следиме еден Нигериец, Ибе Зито Огбона, тој треба во брзо време да пристигне во Скопје и да помине одреден тест во Вардар. Доколку ги задоволи вкусовите на тренерот Илчо Ѓорѓиоски, тој би можел да ја зголеми конкуренцијата во напаѓачките редови за вториот дел од сезоната“, истакнува претседателот на најтрофејниот клуб, Зоран Шишковски.
http://www.youtube.com/watch?feature=&v=5K_vzRmnZ6Y
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2038