Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мислам дека може, ама сепак сеуште овој тим е светлосни години далеку од онаа казнена експедиција што ја имаше Вардар на почетокот од 90-те. :cool:
П.С Бајо легендо!
Не знам дали знаете за еден настан поврзан со ова легенда летоска, бидејќи имале недоразбирање околу плаќањата не ратите со клубот, тој го украл мебелот од станот на сопственикот каде бил акомодиран, а тој немал врска со раководството на Фламуртари. Уствари ова му доаѓа како договор на цесија :D. Балканска работа, некој краде мебел, некој не плаќа акомодирање на припреми, а навијачите ги пустошат „бензинските“.
Линкот е на албански, кој разбира може тука да го прочита целиот текст:
http://www.tvkoha.tv/6755/bajevski-vjedh-shtepine-ne-vlore.html
 
Те читам наназад три-четири поста цело време потенцираш како би било тешко гостувањето во Тетово против Ренова.
Па јас мислам дека баш против Ренова најлесно ќе поминеме.
Многу се ослабени оваа година. Како што рече нивниот претседател откако освоија титула, секоја година ќе намалуваат буџет.
Очекувам овој тим за 2-3 години да испадне од првата лига.

Најтешки гостувања сигурно ќе ни бидат против Работнички и Силекс.
Силекс стандардно, сезоната си ја вади на домашен терен.
А Работнички ќе имаат мотив плус за овој натпревар.
Слабата форма и тоа што Вардар е нивни можеби најголем ривал сигурно дека нема да играат како против Охрид или Тетекс.
--- надополнето: Oct 27, 2011 9:53 PM ---
И уште нешто.
Гледам има тука од управата на Вардар луѓе кои читаат, па ако можат некако да покренат иницијатива за ангажирање на Драган Ѓоргиев од Турново.
Јас мислам дека он е еден од најквалитетните играчи во македонската лига, плус е млад. Сигурно и он би сакал да заигра за Вардар и доста би ни помогнал во нападот кајшто сме најтенки моментално.
Братче Тетово си има посебен шмек :D
И со кадети да излезат може да не победат и Ренова и Шкендија :D
И забораваш дека Ренова беше единствената екипа која тотално не затвори годинава и имавме едвај една шанса на Али на тој дуел (мада ни фалеа многу играчи...) и тоа на домашен.
Плус секогаш една екипа игра за некоја друга, а верувај дека Ренова годинава игра за Шкендија;) (не толку што игра за Шкендија, колку што се наострени против нас поради блискоста со Брацо и ФФМ).. Голема грешка си со Силекс, бар оваа сезона имаме 9 бода загарантирано од овој дуел :icon_lol:
Ти гарантирам, тоа е единствената екипа за која сум сигурен дека годинава три пати ќе се тепаме, освен ако за третиот сдуел не им требаат бодови за нешто, а на нас да ни бидат непотребни:icon_mrgr:
Работнички ги собра тоа бездушните играчи од типот на Савиќ...
Играат колку да одржат форма. Уште во Вардар кога имавме таков тип на играчи, беше истата ситуација. Еден меч играат убаво, другиот лазат по терен.
Али знаеме дека на овој меч ќе дадат се од себе за да не победат.
Не викам дека ќе победиме, али реално тешко дека ќе го изгубиме тој дуел (ако Оса не игра, нагло се менува ситуацијата).
 
Абе ок си е. Секој си има свое размислување.
Ќе ти пишам пак после 19ти ноевмри! ;)
 
Абе ок си е. Секој си има свое размислување.
Ќе ти пишам пак после 19ти ноевмри! ;)
Дај боже да ме деменатираат играчите. Јас не викам дека нема шанси да тепаме, туку викам дека за мене гостувањето кај Ренова е најтешкиот меч до крајов на полусезонава и дека и со бод ќе бидам задоволен, но секогаш ќе се надевам на три...
Инаку се сложувам дека за некоја година, Ренова ќе ја доживее сличната судбина на Милано :D
 
Братче Тетово си има посебен шмек :D
И со кадети да излезат може да не победат и Ренова и Шкендија :D
И забораваш дека Ренова беше единствената екипа која тотално не затвори годинава и имавме едвај една шанса на Али на тој дуел (мада ни фалеа многу играчи...) и тоа на домашен.
Плус секогаш една екипа игра за некоја друга, а верувај дека Ренова годинава игра за Шкендија;) (не толку што игра за Шкендија, колку што се наострени против нас поради блискоста со Брацо и ФФМ).. Голема грешка си со Силекс, бар оваа сезона имаме 9 бода загарантирано од овој дуел :icon_lol:
Ти гарантирам, тоа е единствената екипа за која сум сигурен дека годинава три пати ќе се тепаме, освен ако за третиот сдуел не им требаат бодови за нешто, а на нас да ни бидат непотребни:icon_mrgr:
Работнички ги собра тоа бездушните играчи од типот на Савиќ...
Играат колку да одржат форма. Уште во Вардар кога имавме таков тип на играчи, беше истата ситуација. Еден меч играат убаво, другиот лазат по терен.
Али знаеме дека на овој меч ќе дадат се од себе за да не победат.
Не викам дека ќе победиме, али реално тешко дека ќе го изгубиме тој дуел (ако Оса не игра, нагло се менува ситуацијата).

1.болд .. Аии сеа имаш страв или Респект~~

2.болд .. Не е баш така , јас сигурен сум дека ти така мислиш , само затоа што се 2 албански екипи , и ете ќе работат против твојот Вардар!!!

Со Ренова и можете лесно да губите но можете и лесно да победите!!! Многу тежок дуел за типување :cenzura:
Во Кратово ќе имате проблеми , а со Работнички не знам...
 
Ако не ги исечете и таму стативите, ваљда ќе се игра во Маџари :icon_lol:
Што ќе им е да ги сечат таму ?
Сака да знае кај може да прават заседи на децана,да ја зголемат и онака завидната колекција на наши реквизити...........
 
1.болд .. Аии сеа имаш страв или Респект~~

2.болд .. Не е баш така , јас сигурен сум дека ти така мислиш , само затоа што се 2 албански екипи , и ете ќе работат против твојот Вардар!!!

Со Ренова и можете лесно да губите но можете и лесно да победите!!! Многу тежок дуел за типување :cenzura:
Во Кратово ќе имате проблеми , а со Работнички не знам...
Јас немам страв, судиите се тие кои што се плашат. Не играм јас на терен, играат играчи кои не се свесни дека може да налетаат на многу неспортски тунел пред влегувањето на теренот...
И Амбурет не беше запознаен, ама го упознаа на времето...

Ти мислиш дека не е баш така. Грешка си верувај, Ренова можеби не и ги пушта утакмиците на Шкендија, ама годинава има задача да му одземе што е можно повеќе бодови на Вардар (проверена информација :D)!

За Силекс, слушајте ме мене....:icon_lol:
--- надополнето: Oct 27, 2011 10:24 PM ---
Што ќе им е да ги сечат таму ?
Сака да знае кај може да прават заседи на децана,да ја зголемат и онака завидната колекција на наши реквизити...........
Се заебавав :icon_lol:
Секако ќе дознаат кај ќе играме, само они може да направат гостување, да останат незабележани и после да дознаеш на вести или од некој клип дека гостувале негде (пример гостувањето кај Алумина, гостувањето на градски за куп на младинци, мечот меѓу Приштина и незнам кој во ракомет за кој после година дена видов дека уствари во Кале се играл итн...:D).
 
Реално ако не загубиме од Ренова, не би тренало да си отидеме без бодови од ниту еден друг натпревар.
Едино компикиве ако излезат ултра мотивирано како и секогаш, па ако играме без Оса и со помкош на судиите да не совладаат со некој среќен пинг-понг погодок :D
Незнам зошто ама осеќам дека со Ренова ќе зезнеме работа и ќе изгубиме...

Претпоставувам, во најлоша варијанта би постигнале реми со Работнички и Ренова. Илчо е стратег, кој тешко дозволува пораз. Стилот на Мурињо одлично го практикува, може да се примети ;)
Тешко прима Вардар голови, доколку сака да оди на реми, знае како.

Инаку кога веќе се спомна управата, и ако навистина тука има некои што читаат, да им укажеме сите заедно повеќе да се ангажираат за МАРКЕТИНГОТ на Вардар кој моментално го нема никаде !
Ваков клуб со традиција, историја, реноме, трофеи, легенди, огромни достигнувања, армија навивачи и симпатизери е клуб за кој сонуваат да бидат останатите како него. Сега кога е прв на табела е повеќе од вистински момент да се тргне во јака офанзива за спроведување силна маркетиншка кампања.
Па останати клубови се обидуваат да прават маркетинг но залудно им е бидејќи ги немат гореспоменатите достигнувања. А ние имаме се што ни треба, а немаме кој на дело да го спореведе тоа

Основни маркетиншки елементи за сериозен клуб, предводен од квалитетна управа се:

- Свој ФАН ШОП (Свој, значи на клубот, а не во други продавници на други производители и НЕ ПОД ДРУГО ПОКРОВИТЕЛСТВО како во случајов лининг) Да може да се најдат секакви производи, буквално СЕКАКВИ, со ознаки на клубот, ако не ви е јасно распрашајте се и дознајте пример како изгледа еден фан шоп на Црвена Звезда, цените на производите да бидат поволни за сите граѓани, да не бидат како што се сега превисоки во Орка моментално, и да не одат тие пари во туѓи џебови како што е случајот сега, тие пари одат во џебот на Орце Камчев.
Парите од продадените производи се знае каде треба да одат, ВО БУЏЕТОТ НА КЛУБОТ !

- Модерна ВЕБ СТРАНА, која ќе се ажурира редовно, и ќе располага со информации поврзани со клубот, вклучувајќи целосно опфаќање на историјата, па се до моменталниот играчки кадар и севкупните секојдневи новости и информации поврзани со клубот.

- Создавање на квалитетни помошни терени, кои ќе бидат користени за тренинзи (Цела јавност веќе знае дека дел од играчите се повредуваат токму поради лошиот терен за време на тренинзите).

- Започнување на огромна медиумска кампања по ТВ, Радио, пред се. Да се направи спот, кој ќе биде комбиниран со материјали и од минатото (извадок на најдобри моменти, кои се постигнати во историјата со помош на Вардаровите легенди) и да се нагласува дека ФК Вардар го враќа стариот сјај, истиот да се емитува на некоја од најгледаните телевизии секогаш пред натпревари.

- Редовно свикување на ПРЕС конференции, во кој челниците на клубот ќе ја информираат цела јавност пред голем број новинари, за актуелностите и пред се амбициите во клубот. Секој нов играч да биде претставен на тој начин, ПО ПРИМЕРОТ НА СИТЕ СВЕТСКИ КЛУБОВИ !

- Поголема ангажираност за да се привлечат и најмладите да го сакаат овој клуб уште од мали нозе.Кампањи по основни, средни училишта. За оваа цел основни работи се едноставно поделба на флаери, тетратки со логото на ФК Вардар итн.

Сетоа ова се предлози, идеи, кои се секако за подобрување на ситуацијата во нашиот клуб. Јас како навивач, сум ви пред се благодарен што придонесовте да оваа сезона ФК Вардар е прв на табелата, играчите се редовни со плати итн. Тие работи се на место, и затоа сум среќен јас и вие, и сите искрени поддржувачи на ФК Вардар. Но сето ова што е набројани погоре, е единствено со цел да се обидам да ви прикажам како фукнционираат модерните европски клубови. Можеме да постигнеме се, ако сме сплотени, ако сме сложни, ако сме истрајни.

Со почит,
ФК ВАРДАР НАД СЕ !
 
Васоски по извршените прегледи во Германија и дефинитивно ја завршува кариерата! :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: B92
Здравјето пред се! Он нека е жив и здрав, фудбалот во моментов не треба да му е во преден план... И онака во мај ќе крева титула :)
--- надополнето: Oct 28, 2011 10:42 AM ---
Еве и поопширно:

Васоски: Дефинитивен крај на кариерата

Александар Васоски става дефинитивен крај на својата активна фудбалска кариера. Повреденото колено не може да ги издржи веќе напорите што ги бара професионалниот фудбал, па популарниот Тетовче со тешко срце донесе одлука дека здравјето сепак е поважно од се друго и ја завршува својата богата кариера.

„Со тешко срце морам да кажам дека ја завршувам кариерата поради една единствена причина, здравствените проблеми со коленото кое трипати го оперирав. Едноставно не се може против природата, бев на нови детални лекарски прегледи во Германија, кај д-р Бониш кој ги изврши сите три операции и тој ме посоветува дека ќе биде најдобро за мене како личност, доколку веќе не го оптоварувам повреденото колено со професионален фудбал. Не ми беше лесно, размислував, но одлучив дека сепак треба да ставам крај на кариерата“, вели Александар Васоски за „ЕКИПА“.

Пред два дена Васоски се врати од Германија, со деталните лекарски анализи, одлучи да се повлече, но сепак, сака да остане во фудбалот и во иднина да работи како тренер.

„Се запишав на курсот на ФФМ за тренерска Б-лиценца кој ќе започне во март. Сакам да продолжам како тренер, мислам дека имам доволно искуство и потенцијал за една таква професија. Фудбалот ми даде се во животот и сега јас сум подготвен моето знаење да го ставам во служба на некои нови генерации“, истакнува Васоски.

Популарниот Тетовче беше на прагот да се врати во Вардар, речиси се беше договорено со раководството, се очекуваше сертификат од Грција, кога повторно се појавија проблемите со коленото.

„Мачно ми е, не се донесува ваква одлука секој ден во животот, но сфатив дека тоа ќе биде најдобро за моето здравје. Сакав кариерата да ја завршам во дресот на Вардар, да одиграм барем уште една сезона во клубот во кој ја стекнав афирмацијата, да стигнам и до бројка од 100 одиграни мечеви во „црвено-црниот“ дрес, но ете, не било пишано, а сите знаеме дека од судбината не се бега. Но, и понатаму ќе останам во фудбалот и ќе давам свој придонес. Би сакал во оваа можност да ги поздравам и „Комитите“, верните навивачи на Вардар кои ми даваа поддршка во овој период, и тие сакаа повторно да го облечам „црвено-црниот“ дрес, но за жал, коленото не е во состојба да ги издржи напорите“, го заврши Александар Васоски разговорот за „ЕКИПА“.

Во својата кариера, Александар Васоски играше за Цементарница, Вардар и за бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт. Беше репрезентативец на Македонија и во националниот дрес одигра 33 натпревари и постигна два гола. Стави крај н активната фудбалска кариера, но најавува дека ќе продолжи да работи во фудбалот како тренер.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2032
 
нова песна :) . Ритамов ми е познат многу од кај е ??
пишува дека ке имало уште нови песни (y)
 
Тој е ритамот ако не се лажам...
393229_271617346216550_100001048613362_855909_1764851974_n.jpg

:D :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom