^ Лани играше во Охрид Лоте детево, па дури ако памтам на некој од Охриѓаниве од форумов му е братучед, ама незнам точно кој член беше

Мора да признаам дека изненадува годинаба, и он и општо Охрид како екипа.
Инаку лошо е ако не зафатат повредите. Кога дојде Трифун, се одеше ко под конец, се додека дојдоа повредите на неколку играчи,и тоа баш тие кои играа на позицијата на Оса.
За Оса немаме некоја добра замена, освен ако не се врати Стјепановиќ да игра таму. Но најверојатно Стјепановиќ ќе го замени Стојаковиќ, а незнам кој би играл место Оса.
Можеби ќе го видиме младиот Ацевски со Ранѓеловиќ во средината.
За крилата нема дилеми Влатче лево, Петров десно. Во напад Ивановски, позади Стјепановиќ. Ранѓеловиќ се враќа по суспензијата, а мислам дека прашање е само кој ќе биде петиот човек во средината, како замена за Оса.
Позади Мичка-Вајс-Вељановски/Бојовиќ-Бошкоски, и на голот Симов.
Среќа што имаме противник како 11 Октомври кој е тотално разочарување годинава. Би требало без некои поголеми проблеми да ги совлаадаме.
Проблемите ќе дојдат ако без Оса играме против комшиките