Види сега во ниеден пост не те навредив така да не гледам причина зошто ти почнуваш со навреди.Сепак се е до културата и домашното воспитание.
Немој мене да ми кажуваш како стојат работиве во нашава лига жити бога.Може не пишувам во темав многу и во онаа за нашата лига но знам доста работи кој што ретко кој ги знае за лигава и одредени тимови.
Но пак не одговори на прашањата, упорно избегнуваш да одговориш. Храбро машки одговори искрено тоа што те прашувам.
1. Колку пати си го гледал Вардар во живо сезонава ?
2. На што се должи твојата сигурност дека Вардар ќе биде шамипон, одговор ти е тоа дека „штом го вратиле во прва лига мора да биде шампион“ ?!
Јас за мене објаснив, еве ако треба пак ќе повторам:
1. Од овие 11 првенствени натпревари на Вардар сезонава, не сум пропуштил ниту еден. ТВРДАМ дека нема ниту еден наместен меч од овие досега.
2. Судиите, ФФМ, итн можам да кажам дека дури се обидуваа да му одмогнат на Вардар. Тие што беа редовни на натпревари можат да потврдат. Во многу наврати Вардар беше оштетен од судиите !
3.Се познава кој натпревар е наместен. Тие што се разбираат барем проесчно од фудбал лесно можат да забележат. Се познава кога играчите играат од срце, се борат, се трудат, а кога не го прават тоа.
4. За друг клуб можеш да пишеш што сакаш сезонава, но за Вардар не, затоа што го следам секогаш и секаде. Точно дека е прв на табела, и тоа се должи на одличните игри ОД СРЦЕ на играчите, кои се квалитетни.
Сума сумарум, Вардар е на прво место, зато што игра на ниво, затоа што има солидни играчи. Докажано со ФАКТИ. Вардар е прв затоа што сезонава прикажа највеќе за разлика од останатите. А не поради тоа што е местен од страна на ФФМ или државата.
Очекувам одгвор на прашањата погоре. Кој ти се тие сигурни извори ? Ги има такви многу, но ниту еднаш не погодуваа до сега.
Дека ФФМ е криминална банда, е. Дека Харалампие е хохштаплер е. Дека се мести во оваа лига се мести. Но, јас за Вардар тврдам сезонава дека нема наместено натпревар. Зошто би имал потреба да мести кога и онака има солиден тим, одлични играчи. И да биде шампион, ќе биде заслужено, а не дека некој го мести.