Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
So e kriva federacijata?? Vlasta e kriva preku MVR sto nemozelo da garantira bzbednost, pa sve da im ebam , ni solat pamet tuka spremni za Nato za EU , pa uste Grcija glaven problem c c c , so ova s dokazuva kolku sme sposobni za za evropskite institucii a ne grcka kriva Albancite krivi cacko petko stanko...
Крива е затоа што се неспособни идиоти. Да имаше некој авторитет таму, вакви работи се решаваат со еден телефонски повик. За жал, тие се неспособна анонимна криминална багра која не е и заинтересирана да има фудбал во државава.

Од друга страна, не знам зошто уште молчат Комити. Бидејќи сте најорганизирана и најбројна навивачка група, вие треба први да тргнете на нив, и тоа жестоко. Една работа мора да сватите сите: не може да има силен Вардар во пропадната лига. Неизводливо е од многу причини кои верувам ги знаете, да не ширам. Мора да се врати фудбалот, паралелно со тоа да се врати и силен и стабилен Вардар.
 
Македонија е ова, многу работи тука се неспособни...
Епа затоа веќе преќинав да се разочарувам од вакви одлуки пошто станаа секојдневни и се ми е јасно, само останав на чудењето....

Некој спомна дека иам деца тоа време епа баш тоа е глупавата одлука т.е. паметната. Пази сеа треба да си ненормален да очекуваш дека ќе нема инциденти поред толку вжештени глави и неспособни милиционери па да обезбедат како што треба, недај боже ќе настрада некој што нетреба и нормално тие вжештени глави при толку адреналин и алкохол нема да размислуваат што прават и оп инцидент и оп забрана за гостување до крај на сезона и џандарите среќно си живееја до крајот на животот уништувајќи го спортот.
 
Вардар најмногу губи од ова, не смеат навивачите и управата да ќутат и да ја прифатат оваа одлука! Не работат сите во државна администрација, па така и не дремат дома за викенди, голем дел од навивачите на Вардар РАБОТАТ во сабота!

Помалку народ, помалку профит, помалку фудбал...
 
Како што кажа Io Sono, не треба да се ќути ама на кого тоа да му се обратиме и какви мерки треба да се превземат, кога милион беа спроведени и милион неуспешни. Со кој член за било што ако сака да се најдеме пред утакмицата или еве тука сега да се кладиме дека после утакмицата ќе има забрана за гостување, абе **** да не се викам ако не е ова намерно изрежирано познавајќи ја федерацијата и полицијата. Ама како идеше песната:
Цела федерација фудбалска мафија, па не се прави квалитет со пиење ракија....
 
Све да им ебам партиско у пичка ја ! :mad:
До 1-30 сум на работа, и да стигнам на полувреме вратите сигурно ќе бидат затворени, ради безбедносни причини нели... ;)
Ш*птарска полиција !!!
 
Во 13 часот е катастрофа термин,јас сум слободен али има други луѓе што работат и нема да можат да дојдат ! Место да бидеме 1300 + ,сега вака дали 500 души ке се собереме во ваков глуп термин ! Не ми се верува колку идиотска полиција имаме,барем нека стават од 16 часот веќе ако неможе друго решение ! Сите го чекавме овој дуел во вечерен термин со срце за да се направи огромна баклијада и незаборавен спектал кој не се видел последниве 10 години во Мак лига,зарем мораше све ова да се упропасти од идиотската полиција која ја имаме во државата :tapp: !
 
Навивачката група Комити Скопје е шокирана и искажува револт од однесувањето на раководните структури во државата и одлуката дерби натпреварот помеѓу Вардар и Шкендија да се премести во 13.00 часот. Апсолутно терминот кој е закажан е пред се навивачки неприфатлив, многу симпатизери и навивачи на Вардар нема да бидат во можност да присуствуваат поради работните обврски, а истиов натпревар се чекаше долго, со оглед на тоа што Вардар има низа добри резултати.
Разочарани сме од неспособноста на полицијата да воспостави ред, па решава со уништување на фудбалот да ги покрие своите дупки.

Имено сметаме дека Мвр можеше да го премести натпреварот во Недела, со што не би имало револт, но себично гледаше на целата работа, не сакајќи да ангажира свои припадници во Недела и да им плати екстра дневница.
Од друга страна не гледаме никаква безбедносна бариера, бидејќи гостување на навивачите од Тетово не е најавено, па не знаеме со кого би можело да има инцидент, и доколку истиот некој сака да се створи дали ќе го спречи времето на одигрување?
За крај напоменуваме дека полицијата мора да се угледа на европските стандарди, каде што странската полицијата обезбедува натпревари на кои има по 30.000 навивачи. Ние имавме прилика самите да бидеме дел од ВЕЧЕРНИОТ натпревар Дортмунд- Шалке каде што имаше 10 000 гостински навивачи, а сепак безбедноста беше на максимално ниво и немаше никакви инциденти.

Поради овие причини навивачката група Комити донесе решение првите 10 минути од натпреварот да не се навива, за да се освести полицијата и управите како би изгледал еден стадион со капацитет од 40 000 гледачи кога е тивок како театар, и да размислат дали фудбалот се игра за комерцијализам или за престиж и за навивачите?
 
^^Се согласувам...Треба целосен бојкот на натпреварот, или некое кортео у град, околу стадион итн.
 
Не сакам да ви се мешам во темата.
Читам и се чудам , велите натпреварот не е никакво дерби , а од друга страна барате ноќе да се игра. Демек вие научени сте само под рефлектори да играте.

Другата причина според вас зошто треба да се игра ноќе било затоа што членовите ви биле на работа. Иако се гледа дека најголемиот дел на навивачите ви се тинејџери , а групата на возрасни ви се студенти , што значи во сабота се слободни.

Како за вас така и за Балистите.

А и самите вие со најавувањето на инциденти , придонесовте средбата да не се игра ноќе.
 
Пред некој читав интервју од Фергусон и човеков вика дека сите термини на натпревари се закажуваат во договор со телевизија за да бидат што помасовно гледани и посетени а овие нашиве прашуваат полиција која сите заедно да ги собереш немаат 4 години факултет
 
Не сакам да ви се мешам во темата.
Читам и се чудам , велите натпреварот не е никакво дерби , а од друга страна барате ноќе да се игра. Демек вие научени сте само под рефлектори да играте.

Другата причина според вас зошто треба да се игра ноќе било затоа што членовите ви биле на работа. Иако се гледа дека најголемиот дел на навивачите ви се тинејџери , а групата на возрасни ви се студенти , што значи во сабота се слободни.

Како за вас така и за Балистите.

А и самите вие со најавувањето на инциденти , придонесовте средбата да не се игра ноќе.

isto i korteo ke ima vpetok, za sto, za eden obicen mec za niv . Nejse toa e vase pravo, pozz :)
 
Не сакам да ви се мешам во темата.
Читам и се чудам , велите натпреварот не е никакво дерби , а од друга страна барате ноќе да се игра. Демек вие научени сте само под рефлектори да играте.

Другата причина според вас зошто треба да се игра ноќе било затоа што членовите ви биле на работа. Иако се гледа дека најголемиот дел на навивачите ви се тинејџери , а групата на возрасни ви се студенти , што значи во сабота се слободни.

Како за вас така и за Балистите.

А и самите вие со најавувањето на инциденти , придонесовте средбата да не се игра ноќе.
Абе ти уживај си ние сме сомаќини и имаме право да бараме кога да се игра, тебе да не те интересира колкави ни се возрасните, а тоа за дерби еве ти го одговорот:
Еј не мислев за твојот пост, за најавата што ultras.kh20 ја постирал зборев... :)

Инаку кога сме веќе кај вистинските дерби натпревари во Македонија, тие биле и ќе бидат:

Вардар - Пелистер
Вардар - Победа
Вардар - Слога (rip)
Победа - Пелистер

Се друго е вештачко и за една употреба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom