Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да, се слагам, најголем дел од криминалот е со продавањето играчи, а префрлање на парите на свои приватни сметки, на сметка на клубот, исто и од перење на пари со пребивање на данок, не знам баш како иде тоа ама ќе се заангажирам да дознаам зошто веќе ми е преку кур
 
ako ne tepame so ovie kutrive napredok ke pukam sve zivo i divo :nerv:
 
Ubavo ke bidi ako se prosiri ligata.ama i pobeda da igra vo neze,da dobie malce na kvalitet samoto prvenstvo.

Да де исто и Осогово,Брегалница Делчево,Саса,Борец Велес и слични екипи само да бие квалитетно првенството. Друже у оваа наша лакрдија наречена прва фудбалска лига владеат парите на 2-3 луѓе кој си местат меѓу себе и се полнат со пари а за тимови како горе наведените к*р не им чуе. :smir:
 
Ubavo ke bidi ako se prosiri ligata.ama i pobeda da igra vo neze,da dobie malce na kvalitet samoto prvenstvo.

Демек проширувањето на лигата ќе донесе квалитет... :tv: Вардар, Пелистер и Победа имаат само име (за жал Победа и тоа го нема), а сите овие клубови се далеку од квалитет. Во нашава лига нема квалитетна екипа, ќе се уверите сите ова лето кога ниту една екипа нема да го помине претпретпретквалификационо коло во Европа.

Со вакви состави и уште 10 екипи да влезат во прва лига, Вардар и Пелистер ќе се борат за опстанок, тоа е реалноста од која нема бегање.
 
Дончо: Реприза на финалето - одлична идеја

C7525F5DC4520B419223F4B954939D7F.jpg
Во далечната Австралија го пронајдовме и Андон Дончевски, член на Вардар од 1961 година. Му се допадна и идејата Вардар и Вартекс да одиграат пријателски меч в година во Скопје, како „римејк“ на дуелот од пред 50 години.

- Многу сум возбуден, мило ми е што е вратен пехарот и што повторно ќе се најде во витрините на Вардар. Идејата примопредавањето да биде свечено в година, кога се одбележуваат 50 години од успехот, е одлична и ако сум во можност, ќе дојдам да се потсетам на старите добри времиња. Секако и да се видам со моите соиграчи - со треперлив глас од Австралија ни говореше Дончевски.

извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B28DDF1F6BCDE445B2F82E7838960A5C


Дал знаеш колка е жал за Вардар
FA54712C3C13EA4D9A8AC163EE8C9D32.jpg

Скопје беше град со околу 130.000 жители, но стадионот постојано беше полн. Сега е речиси милионски град, а на стадион нема ни 200 гледачи. Јас веќе три години не сум бил на меч на Вардар, вели Мирко Илиевски, најкорисниот играч на финалето на Купот од пред 50 години
Купот ни дојде на гости да н` потсети дека со него ги заборавивме и хероите што го освоија. Само седуммина се живи. Тројца се на три страни од светот: популарниот лисец Андон Дончевски живее во Австралија, Стојан Велковски е во Австрија, а Благоја Вучидолов во Шведска. Во Скопје понекогаш се дружат Мирко Илиевски, Петар Шулинчевски и Тоде Георгиевски, а Петар Анѓушев живее во Кавадарци.

Преостанатите четворица од стартната постава на Вардар - Часлав Божиновски, Славко Дацевски, Драган Трајчевски и Владо Николовски не се меѓу живите.
ПРВЕНЧЕ

Пред точно 50 години, на денешен ден, Вардар, најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, го почна походот за освојување на Купот на тогашна Југославија. На 11 декември 1960 година, во Биело Поле, „црвено-црните“ во неизвесен дуел го елиминираа Јединство со победа од 2-1, а неполни шест месеци подоцна, на 28 мај 1961 година, во Белград, го кренаа трофејот на Маршал Тито, по блескавиот триумф над Вартекс со ист резултат.

За препознавање на исчезнатиот, немаше поблизок од Мирко Илиевски. Го држеше в раце како првенчето пред половина век. Со еден погодок и асистенција за првиот гол до Владо Николовски, популарниот Гаринча беше најкорисниот играч на финалето, иако тогаш такви признанија не се доделуваа.
8773BC52ED486B4B886C63BB154BD3DB.jpg

- Тој е, нема друг ваков во нашата колекција од трофеи. За мене е највредниот трофеј во историјата на Вардар. Ми беше доволно што го кренав. Бевме преморени и одвај го држев во рацете. Преодниот пехар се разликува од овој што се доделува во трајна сопственост. Ми тежеше, не е лесен, околу 20 кг има. Бев слабичок и онака заморен, веднаш му реков на Тоде Георгиевски, те молам, земи го, многу е тежок - се присети Илиевски на моментите на слава од пред половина век.

Брз како ветер, со одлична техника, крилото на Вардар имаше огромен придонес во освојувањето на трофејот-првенец за македонска екипа во кој било екипен спорт. Пред налетите на момчињата од Македонија, по Јединство, паднаа и големиот Партизан (3-2), Раднички Белград (4-1), Сплит (5-2), на крајот Вартекс.

- Првото полувреме во завршниот меч го одиграв многу слабо. Речиси и не ја допрев топката. На заминување кон соблекувалните на Стадионот на ЈНА, од публиката слушнав реакција од новинарската ложа. Гласно коментираа: овој ли е Македонецот што толку го фалевте? Легендарниот вардарец Илеш Шпиц ме праша: мали, што се случува? Ги кренав рамениците, но во себе чувствував дека ќе победиме. Знаевме дека сме посилни од Вартекс и дека ќе го освоиме Купот. Во вториот дел набрзина им дадовме два гола и бевме свесни дека трофејот е наш - вели Илиевски.

Славјето почна во Белград, а го подготвија неколкуте илјади Македонци што живееја таму. Огромниот успех во конкуренција на тогаш рекордни 2.325 учесници во Купот им донесе слава на вардаровите херои и место во аналите на македонскиот спорт.

- Пеш одевме низ градот кој ечеше од македонски песни. Околу 4 часа, до заминувањето со воз за Скопје, славевме во Белград. Феноменален беше и пречекот. Сите скопјани, што се вели, се познававме меѓу себе. Секој играч си имаше свои симпатизери, а сите заедно навиваа за Вардар. Пари немаше, но за с` друго портите ни беа отворени. Имавме привилегии, но најважно ни беше другарството и почитта едни кон други - додава Илиевски.
РЕТКО НА СТАДИОН

Членовите на таа генерација, „засилени“ со уште неколку легенди што играа во тој период а не беа дел од победоносниот поход во Купот, с` уште се дружат.

- Се среќаваме одвреме-навреме и се присетуваме на старите времиња. Со Спасовски, Шулинчевски, Георгиевски, Дончевски и другите н` врзува големо пријателство. Жално е што с` поретко одиме на стадион да го гледаме нашиот Вардар. Ние го градевме, но се чувствуваме отфрлени. Никој ништо не н` прашува, а можеме многу да помогнеме - вели Илиевски, присетувајќи се колку бил Вардар популарен тогаш, а сега е бледа сенка на клубот што блескаше во минатото.
AC65AA49CD5B5940B880B6B7F59B5F1C.jpg

- Во тоа време, Скопје беше град со околу 130.000 жители, но стадионот постојано беше полн. Сега е речиси милионски град, а на стадион нема ни 200 гледачи. Јас веќе три години не сум бил на меч на Вардар - додаде Илиевски, надевајќи се дека Вардар во некоја поблиска иднина повторно ќе може да се радува, а клупските витрини ќе се полнат со нови трофеи.

Вардар во 63-годишната историја, покрај трофејот на Маршалот, има титула во првенството од 1987 година како дел од СФР Југославија. Во самостојна Македонија, Вардар прокнижи по пет титули во првенството и во Купот. Последниот трофеј го освои во 2007 година, со триумф над Победа во националниот куп.
Зоран Поповски
Трајан Маневски


Дедо Трајан пеел македонски песни на Теразие

Играчите на Вардар не биле сами во Белград во походот за освојување на првиот трофеј на еден македонски тим. „Црвено-црните“ на Стадионот на ЈНА имале поддршка од голем број навивачи од Скопје, кои со воз отпатувале во Белград да го бодрат својот омилен тим. Дедо Трајан има 84 години, но памтењето уште го служи и со радост се присети на натпреварот.

- Се собравме неколку другари и со вечерниот воз отпатувавме за Белград, каде што стигнавме рано наутро. На стадионот имаше 2.000-3.000 симпатизери на Вардар, а Вартекс имаше помалку навивачи. Најголемиот дел од гледачите беа неутрални, а стадионот не беше исполнет до последно место - се присетува дедо Трајан.

Тој се гордее што во живо го гледал мечот на кој Вардар го освои првиот трофеј.

- По завршувањето на натпреварот, го зедовме пехарот и пеејќи песни шетавме по Теразие и центарот. Белграѓани се чудеа од каде толку Македонци во нивниот град. Постојано прашуваа: што прават толку Македонци во Белград? Неколку часа гордо го шетавме трофејот низ Белград, а потоа повторно се качивме во воз и трофејот го донесовме во Скопје - заврши дедо Трајан, симпатизер на Вардар од неговото формирање.

извор: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=E64F602A06EAE845B663CE280B0F5D9D
 
sega 9 boda ni bega Skopje sto e dobro nez dali ima sansa da se vratat bodovite dokolku se plati kaznata ako moze bi bilo super toa, osekam deka Skopje ke go jade najseriozen kandidat mi e da iskocat od liga
 
9 boda ni begaat bregalnica i skopje.. po 11 napredok sileks i teteks.. vo 2ta polusezona da se sredat rabotite.. i da ne se nervirame vise da vodime do 80 i da go jademe.. mora da se kupa 2-3ca iskusn

NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
NAPRED VARDAR VO SRCE TE NOSAM !!!!
 
lamja25 дај престани со овие глупости, секој пост ти е по една-две реченици и 15 реда Вардар во срце те носам! Сите го носиме па не напињаме како тебе, полека веќе со постовите, очи ме заболеа!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom