Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм, не ми мириса работава на убаво. Никој не се обидува да им ги продолжи договорите на играчиве, нема никакви вести, апсолутно ништо. Не дека не се врти секогаш истиот филм, играчите чекаат добра понуда од странство а ако не ја добијат остануваат во Македонија, но мислам дека ако има сериозност во некој од тие шо се сега во Вардар (ако и самите се сигурни кој каква улога има во тимот), треба да им понудат нови договори на некој од подобрите играчи. Главно решение секогаш се и Африканците. Скоро секогаш се покажувале како вистинско решение, бидејќи имаат потребна брзина, и сето тоа за силено со моменталниот играчки кадар, плус некое засилување како Кировски, Глигоров (Силекс), Глигоров (Работнички) и Божиновски од Работнички и комотно Вардар ќе може да се вброи во еден од главвните претенденти за титулата. Ако идеме пак со ваква неизвесност и без некои сериозни подготовки ондак ќе се пее старата приказна а се ми личи дека повторно ќе биде така. Искрено не барам титула во следната сезона. Нормално дека ја посакувам најмногу на свет, но би ми било и многу мило ако оствариме само пласман во Европа. Ми фалат европските мечеви, а плус оваа нова постава на Комити никако да дочекаме некој Европски меч :(
 
So napraj vardar deneska na mladinskoto finale!Znam deka trebase vo Prilep da igraat!ili ima nekoja promena na terminot?
 
Денес нашите младинци ја победија Шкендија во финалето на купот 1:0
 
Интервју со Иван Настевски
ivan-460.jpg
Интервју на големиот талент и идната македонска фудбалска ѕвезда Иван Настевски за MacedonianFootball.com.Иван Настевски е роден на 30.07.1991, во моментов игра во Вардар. Неговата природна позиција е офанзивен фудбалер од средниот ред кој оперира по левата страна, но лесно може да се прилагоди и на други позиции во зависност од потребите на тимот. MacedonianFootball.com имаше одлична можност да му постави неколку прашања и да ви претстави фудбалер кој многу наскоро ќе почне да ги тресе мрежите во шампионати поразлични од македонскиот.
МФ: Каде и како ја започна твојата фудбалска кариера?
ИН: Мојата кариера ја започнав во 1997 година во Македонија Ѓорче Петров каде што играв се до февруари 2010 кога направив трансфер во најуспешниот македонски клуб на сите времиња - Вардар.
МФ: Си работел под водство на многу различни тренери. Од кој научи најмногу, кој ти остави најголема импресија?
ИН: Точно, работев под водство на многу тренери, но мојот талент најпрво беше забележан од Ѕвонко Златановски кога бев во младите категории во Македонија Ѓорче Петров. Се потрудив да го научам најдоброто од сите тренери со кои некогаш сум работел, но најблагодарен сум му на мојот сегашен тренер Илчо Ѓорѓиоски кој ми даде најмногу шанси да ги покажам моите вештини.
МФ: Можеш ли да одбереш омилен гол, натпревар или настап?
ИН: Не, не баш, секој гол е особено добар за мене, но доколку треба да одбирам, тоа би бил мојот прв гол за Македонија Ѓорче Петров против Силекс и се разбира мојот прв гол за Вардар против Хоризонт Турново. Мојот омилен натпревар до сега се случи на турнир во Штутгарт 2009, кога во 1/8 финале го постигнав победничкиот гол против Фортуна Дизелдорф и му донесов 1/4 финале на мојот тим.
МФ: Каде се гледаш за 5 години?
ИН: Одлично прашање (се смее). Можам да се видам себе си во голем европски клуб, тоа е мојата амбиција, па останува да видиме.
МФ: Што ти значи македонскиот национален дрес?
ИН: Националниот дрес е нешто свето за мене. Секогаш го носам со гордост бидејќи кога некој ја претставува својата земја, најмалку што може да направи е да даде 100% од себе. Тоа е она што јас секогаш го правам.
МФ: Кој ти е омилен клуб и фудбалер?
ИН: Барселона и Лионел Меси, без сомнение.
МФ: И кој е твојот најголем успех до сега?
ИН: Оу, не можам да изберам само еден. Можам да започнам со освојувањето на првенството кога имав 11 години со младинските категории на Македонија Ѓорче Петров, после моето второ место како стрелец на меѓународен турнир во Србија, прво место на турнир организиран од германската амбасада, 5 гола на 5 натпревари на турнир во Нирнберг, Германија, неколку пати најдобар играч на локални турнири, итн.
Иван Настевски со само 19 години веќе има многу успеси зад себе. Тој има шампионска и куп титула со Македонија Ѓорче Петров во младинските категории со 24 голови постигнати на 26 натпревари. Дебитира за Македонија Ѓорче Петров на само 17 години во сезоната кога Македонија подоцна стана шампион. Тој играл за националниот тим до 17 години, до 19 и веќе има неколку повици за репрезентацијата до 21 година.
Мотивација + напорна работа + посветеност = успех - тоа е она што Иван Настевски секогаш го вели. "Мое е да играм најдобро што можам, на моите менаџери е да си ја вршат нивната работа" - заврши Настевски.
Некои велат дека сликата вреди 1000 зборови. Тогаш, ќе ве оставиме да уживате во следново видео и можете да одлучите колку зборови видеото вреди.

#!

izvor: macedonian football
 
31216_400180076379_12245646379_3970275_1159908_n.jpg


Инаку, младинциве вчера изгубија од истава Шкендија, над која беа надмоќни само неколку денови претходно изгубија со 0:2 во полуфинале од плеј-офот во првенството. Нашите играле многу лошо, не знам од која причина, најверојатно ги потцениле. :tapp:
 

Attachments

  • 31216_400180076379_12245646379_3970275_1159908_n.jpg
    31216_400180076379_12245646379_3970275_1159908_n.jpg
    115,7 KB · Прегледи: 10
31216_400180076379_12245646379_3970275_1159908_n.jpg


Инаку, младинциве вчера изгубија од истава Шкендија, над која беа надмоќни само неколку денови претходно изгубија со 0:2 во полуфинале од плеј-офот во првенството. Нашите играле многу лошо, не знам од која причина, најверојатно ги потцениле. :tapp:

Jaki sme :smir:
 
Имав надеж дека ВАРДАР ке живне идната сезона малце али после ова тешко...по ова верувам и следна казна ке има ова нема шанси да го плати Орце а не пак Благојче што нејке ни очи да им види на педерите од ФФМ!Само прашање е дали Оса ке дојде?
 
I PAK DA SEDIME MIRNO I DA SI GO PCUEME HARI PO DOMA... A NE DA SE DEJSTVUVA TAMU KAJ STO TREBA
 
Ovja visitna sa mafija kade ke ide vaka mak. fudbal :(...Bez dokaz bes nisto da se kaznat klubovite treba da se prae nesto :S
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom