- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 3.211
За овие од Уганда и за нив да не чекаа? И тие да не чекале други понуди? Имаа доволно време да донесат играчи кои не чекаат ангажман во странство. Така да имаа голем избор и не се за бранење. Тоа што не се способни да направат добар преоден рок со време зборува за состојбата во клубот. Види го Васоски како си ги покрива потребните позиции во тимот со време. Ама има управа која му препушта тој да одбере кои играчи му се потребни. Тука покрај управата најмногу е виновен Седло.
Далеку од тоа дека се за бранење, но факт е дека на сите наши репрезентативци/интернационалци во прв план им е странски клуб пред враќање дома. Ако мене ме прашуваш, клубот требаше да биде комплетиран уште пред да почнат подготовките, но…
Овие од Уганда не ги ни сметам за засилувања, но со оглед на мизеријата од играчи која што преовладува во прва лига, ништо чудно и да се покаже како ок некој од нив, па види Сенгор колку е доминантен само.
Да не се лажеме, оние играчи што ги донесе Силекс (освен Мирчевски) да дојдеа во Вардар, до сеа сите на к*р ќе ги качевме и ќе беа плукани бетер од судијата што судеше на Градски против Спарта Прага пред 20 години. Замисли Пиреш да дојдеше кај нас од втора кипарска лига и да беше претставен како засилување

Шемите на носоњата не ми се коментираат, а пишав пред некој ден, малку (по)сериозен клуб се насочува кон Мартин од Брера, голманите на Силекс и Пелистер итн.