- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 553
- Поени од реакции
- 3.050
Ќе има и други засилувања, се водат преговори, има таргет на играчи, со одредени е стапено во контакт се водат преговори вклучително од странство.
Се гледа да се извлече максимум, се земаат консултации од едредени експерти кои сакаат да помогнат.
Исто од ФФМ треба да има одлука денес, со нов правилник за странци, при што со тоа играчите од ЕКС ЈУ, без Словенија Хрватска а вклучени Алванија Косово, да НЕ СЕ СМЕТААТ за странци.
Во тој Случај може да остане и Србинот.
Ситуацијата во клубот е подобра од таа што беше, покрај тоа што претрпевме смена на 2 тренери од Август до сега, делуваме стабилно.
Финансиски секако тоа е пролблем но сега сме малку по стабилни и немаме ДОЛГОВИ према играчи и други фирми. Но имајте во предвид, ние добивме инјекција и решивме некои работи и ни остана простор за пазарење, но сепак сеуште не е проблемот решен ТРАЈНО. Кога ќе се врати доглот кон УЈП итн, кога ќе се средат работи и донесе буџет на годишно ниво, тогаш може повеќе да бидеме „доктори“ и да коментираме кои играчи не се за кај нас.
Вака да бидеме реални, битно е да земеме игрчачи барем ПОДОБРИ од тие што си одат.
За овие тројца, реално сите што дојдоа подобри се , од овие што си заминаа. Тоа е чекор напред, не назад.
Мацата е роден 91ва, искусен веќе може на залез на кариера но не е престарен, во вакви ситуации кај што нас ни фалеше искуство и гол завршница мислам ќе помогне. Омерагиќ прво беше многу по слаб после почна малку да игра, пак му фалеше завршница, гореше од желба за голови, се мислам дека и него ќе му појде конечно, колку и да звучи чудно.
Сеуште се бараат играчи на сите 3 позиции, одбрана, средина, напад.
Прво коло е со Гостивар во Гости, па со Брегалница дома на 25ти Февруари.
Мене ми е сосема јасно, тие се можностите и верувам дека се дава максимумот, на крај краева никој од моменталното раководство не е крив што важиме за клуб каде што не се исплаќаат плати и што 9 од 10 играчи ќе ги одберат Брера или Силекс ради овие причини.
Да не ме сфати никој погрешно, не е проблемот што доаѓа он, јас само му реплицирав на членот што пиша дека Тошевски немал две утакмици у живот изиграно и немал да заврши никаква работа, а јас на пример го мислам спротивното. Се сложувам дека Мацата е подобар од сите наши напаѓачи, но тука е и проблемот…
Како што кажав и претходно, опстанокот премногу ни зависи од изборот на засилувања и поради тоа подобро да се земе еден како Маца, отколку тројца како Жоглев, Војнески, Биљали и слични на нив.