Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Videl deka so Glishikj ke treba da se bori za mesto vo startna postava
 
 
Како бе не кажал на никој и си отишол да игра утакмица? На колку вакви шупаци им се дало шанса во Вардар за на крај да му свртат грб?
 
По мое мислење Јусуфи е тој кој прави грешка што си оди (поради побарана плата која едноставно не може да му се покрие во сегашнава состојба на клубот). Нема толкав квалитет се уште, не верувам дека ќе се снајде во Гостивар и после ќе лута по тимови од рангот на Беса и Воска. Со оглед на статусот У-21, ќе добиеше можеби и загарантирано место во стартниот состав, особено што сега имаме напаѓач во Мацата и Омерагиќ можевме да го седнеме на клупа.
Вака губиме многу и ние во моментов, а он губи на долги стази.
Сега е заебано што пак ќе мора да крпиме со Омерагиќ напред или Здравковски да игра позади...
Автоматски споено мислење:

Како бе не кажал на никој и си отишол да игра утакмица? На колку вакви шупаци им се дало шанса во Вардар за на крај да му свртат грб?
Не верувајте на се' што ќе прочитате :D
Гостивар го бараа подолго време, веројатно ќе се лапне некое евро за неговиот трансфер...
 
Ако е се уште под договор Јусуфи со Вардар тогаш Гостивар ке мора да плати некоја оштета , они веројатно имаат и најголем буџет во лигава така да сума од 30.000-50.000 евра не би им претставувал никаков проблем , а за нас таа пара е добредојдена.

Веројатно сега сите пари се префрлаат на новата сметка каде што и град Скопје ги префрли парите , бидејки таа на ФК Вардар е се уште блокирана ...

Читам Мујезиновиќ од Гостивар бил пред потпис со Вардар , игра средина на терен ..
 
Последно уредено:
Нијаз е жртва на мешетарско-квази менаџерски комбинации. Во ситуација кога клубот штеди на секој денар, едноставно беше неприфатливо да се расфрламе со секакви понуди, за да задржиме фудбалер, кој прво сам не сака да остане, а второ и уште поважно, од спортски аспект - има неколку месечна пауза. Неговото прволигашко искуство башка е минимално, а фактот што треба допрва да се опоравува и билда форма со месеци, не остави реално избор..одлуката беше логично донесена.

За нас е пораз од две причини: губиме стандард играч кој отскокнува колку толку од останатите млади фудбалери и губиме можност за потенцијален трансфер после сезонава.

Ама Нијаз губи најмногу. Неподготвен, што туку стабилизиран, со минимално првологишко искуство и без кондиција, па уште у нова средина...не можеше полошо.
 
jusufi sekako ne e poseben talent, ama tie od gostivar ne znaat kade teraat, im napikaa eden kup preplateni igraci. za vardar problemot e pred se vo toa sto kratkorocno nema dobar izbor za U21 igrac, inace da lapnes pari za igrac kako jusufi e golema rabota (ako navistina bi tecele pari).
 
 
Во случајов Нијаз е тој што треба да му се заблагодари на клубот, а не обратно. Доби шанса на 18 години да заигра за првиот тим, стручниот штаб имаше доволно трпение за неговото фудбалско созревање низ кое треба да помине секој млад играч, беше со него и кога се соочи со здравствени проблеми, и сега тој во прва прилика му ја здувна. Прашање е дали такво разбирање ќе имаат и во Гостивар.
Босанецот е веројатно дел од таа трансфер спогодба. Дискутабилно е само што ќе добиеме од играч, кој играл нередовно и многу очигледно е надвор од натпреварувачка форма.
Ако е се уште под договор Јусуфи со Вардар тогаш Гостивар ке мора да плати некоја оштета , они веројатно имаат и најголем буџет во лигава така да сума од 30.000-50.000 евра не би им претставувал никаков проблем , а за нас таа пара е добредојдена.

Веројатно сега сите пари се префрлаат на новата сметка каде што и град Скопје ги префрли парите , бидејки таа на ФК Вардар е се уште блокирана ...

Читам Мујезиновиќ од Гостивар бил пред потпис со Вардар , игра средина на терен ..
Се додека Вардар е со блокирана сметка и играчите се плаќани преку друга фирма или здружение, заборави дека некој е обврзан да плаќа оштета. Се е на добра волја, доколку другата страна сака да плати, а и не мора.
 
Кога збориме за Нијаз никако не треба да се заборави фактот што лани ова време кога не се знаеше дали воопшто ќе продолжиме со настапите во 2 лига прв прифати да остане и да игра до крај без средства иако во тој период имаше многу понуди меѓу кои и од Шкупи. Тука благодарност има и за неговиот менаџер, поранешен играч на Вардар Ертан Демири кој застана цврсто позади таа одлука. Така да еднаш испочутува, сега не, проценил он и екипата околу него дека е време за заминување и тука нема некој простор за преголема огорченост што во официјалното соопштение и јасно се чита. Едноставно Гостивар има и дава многу пари, и ретко кој може да остане имун на тие понуди од нив.
 
Ај еден пресек на трансфер периодот и тоа што е официјално.
Официјакно замина Нијаз Јусуфи, додека пак останатите заминувања се повеќе ослободување од играчите од кои немаше, ниту пак се очекуваше учинок.
Официјално пристигнаа: Дејан Ѓуриќ, Мустафа Мујезиновиќ, Марјан Алтипмаркоски и Гурковски.
Со овие засилувања имаме голем напредок на штоперската позиција, бидејќи таму освен Мишко немавме ниту еден играч. Дејан секако е далеку поквалитетен од Вецевски и Папули, иако не е да речеме екстра класа засилување. Гурковски е енигма бидејќи се враќа од тешка повреда, меѓутоа полош од Веце не може да биде.
Во нападот Алтипмарковски во секој случај има поголема репутација од Жоглев и Биљаљи. Очекувам напредок, иако не очекувам да биде некој икс фактор кој сам ќе не одржи во втора лига. Како и да е, дури и само 3 голови да даде, тоа е квантен скок во однос на досегашните напаѓачи.
Мустафа е играч со одлично реноме, има неколку успешни сезони во Жељо и Нови Пазар. Зошто не се снашол во Шкендија и Гостивар не знам, меѓутоа мислам дека моментално е подобар од играчите со кои што располагаме на тие позиции. Добро е што е универзален и може да покрива повеќе позиции.

Генерално имаме напредок во однос на есенскиот дел, единствено ме плаши у21 правилото и како Горазд ќе успее да ги изротира младите. Ни фалат уште 2 до 3 засилувања за да можеме да кажеме дека опстанокот е реална опција. Добро е што толку рано горазд ги добива засилувањата, па ќе спроведе целосни припреми со нив.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom