Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Од овие тројца што ги објавија денес, пролазна оцена само за Аргентинецов од Пандев. Делува како сериозна конкуренција за Глишиќ.
Алтипармаковски е многу дискутабилен, неконстантен играч, последниот ангажман во Раднички Нови Београд најубаво го потврдува истото, али пак ако се земе во предвид дека ги имавме Жоглев и Љутви, кои беа без грам прволигашко искуство, 40-те голови во 1. МФЛ нешто говорат во негова полза.
Ѓуриќ не можам да го коментирам, затоа што ми е непознаница, но ангажманот во грузиски второлигаш што успеал да отпадне во понизок ранг, не влева некој претеран оптимизам.
 
Што се случува со Давид Тошевски? @nsan верувам ти си подобро запознат со неговата ситуација. Гледам пишува е без клуб, можда и би ни завршил работа во напад…
 
Што се случува со Давид Тошевски? @nsan верувам ти си подобро запознат со неговата ситуација. Гледам пишува е без клуб, можда и би ни завршил работа во напад…
Каква работа ке заврши бе ,2 утакмици у животот нема изиграно, дај малце гледајте фудбал пред да искоментирате нешто , Алтипармаковски е идеален играч за сезонава што ја играме на пролет ке се крстиме у него
 
Daleku e od idealen, ali podobar od Omeragik
 
Еден факин Силекс потпишува договор со Macron а ние сеуште играме во Joma дресови на кило, а тренираме у Hummel маички и Reuch шорцеви...

  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy
Од овие тројца што ги објавија денес, пролазна оцена само за Аргентинецов од Пандев. Делува како сериозна конкуренција за Глишиќ.
Алтипармаковски е многу дискутабилен, неконстантен играч, последниот ангажман во Раднички Нови Београд најубаво го потврдува истото, али пак ако се земе во предвид дека ги имавме Жоглев и Љутви, кои беа без грам прволигашко искуство, 40-те голови во 1. МФЛ нешто говорат во негова полза.
Ѓуриќ не можам да го коментирам, затоа што ми е непознаница, но ангажманот во грузиски второлигаш што успеал да отпадне во понизок ранг, не влева некој претеран оптимизам.
Апсолутно се сложувам. Аргентинецов е малку подобар од Глишиќ, особено што вториов немаше конкуренција на терен и пола утакмици игра лежерно без замарање. Вака можеби и тој ќе го крене нивото на игра. Не е како Жунињо, ама ќе врши работа.

Беков по тоа што знам е дрветино, али и како таков треба да пружи повеќе од Веце. Ако не успееме да потпишеме уште еден стартен централен бек, ништо не правиме. Овој србинов треба да биде за ротација.

Мацата е испукана пушка. Добар за втора лига, ќе биде просек за прва лига. И како таков е подобар од сите напаѓачи што ги имавме во првава полусезона. Сепак, не е некое којзнае какво засилување.

Мислам дека на сите ни е јасно дека ова не се играчи кои ќе ни обезбедат опстанок, но тие се можностите. Се стабилизираше малку состојбата, ама не бие лош глас околу финансиите веќе некое време и дури и да им дадеме поголеми понуди на некои играчи, одбираат помала понуда во финансиски постабилен клуб. Плус фактот што на полусезона немаш многу добри слободни играчи од македонскиов пазар. Едино да се упеца некој странец...
 
Каква работа ке заврши бе ,2 утакмици у животот нема изиграно, дај малце гледајте фудбал пред да искоментирате нешто , Алтипармаковски е идеален играч за сезонава што ја играме на пролет ке се крстиме у него

Епа еве чим ти повеќе следиш просветли не нас неупатените, а со коментаров за Маца се гледа дека ептен го владееш фудбалов… Алтипармаковски е идеален за турнир на бетонска подлога во Сингелич или Горно Лисиче, а Тошевски и со 2 изиграни утакмици е класа над Омерагиќ, да не збориме за Жоглев, Љутви и слични на нив.
 
Нема шанси да се потпише Тошевски.

Мене за во нападот желба ми е некој како Марко Ѓорѓиевски, со кого Горазд веќе соработуваше во Силекс. Ама он си е под договор во Силекс и нема шанси да ни го дадат. Ко ќе ми текне дека во времето на Самс викав дека не е за да продолжи во сениорски тим на Вардар, дека е квакитет за во ССК, за на крај лигава да падне на квалитет да он биде меѓу посолидни напаѓачи :D
 
Ќе има и други засилувања, се водат преговори, има таргет на играчи, со одредени е стапено во контакт се водат преговори вклучително од странство.
Се гледа да се извлече максимум, се земаат консултации од едредени експерти кои сакаат да помогнат.
Исто од ФФМ треба да има одлука денес, со нов правилник за странци, при што со тоа играчите од ЕКС ЈУ, без Словенија Хрватска а вклучени Алванија Косово, да НЕ СЕ СМЕТААТ за странци.
Во тој Случај може да остане и Србинот.

Ситуацијата во клубот е подобра од таа што беше, покрај тоа што претрпевме смена на 2 тренери од Август до сега, делуваме стабилно.
Финансиски секако тоа е пролблем но сега сме малку по стабилни и немаме ДОЛГОВИ према играчи и други фирми. Но имајте во предвид, ние добивме инјекција и решивме некои работи и ни остана простор за пазарење, но сепак сеуште не е проблемот решен ТРАЈНО. Кога ќе се врати доглот кон УЈП итн, кога ќе се средат работи и донесе буџет на годишно ниво, тогаш може повеќе да бидеме „доктори“ и да коментираме кои играчи не се за кај нас.
Вака да бидеме реални, битно е да земеме игрчачи барем ПОДОБРИ од тие што си одат.
За овие тројца, реално сите што дојдоа подобри се , од овие што си заминаа. Тоа е чекор напред, не назад.
Мацата е роден 91ва, искусен веќе може на залез на кариера но не е престарен, во вакви ситуации кај што нас ни фалеше искуство и гол завршница мислам ќе помогне. Омерагиќ прво беше многу по слаб после почна малку да игра, пак му фалеше завршница, гореше од желба за голови, се мислам дека и него ќе му појде конечно, колку и да звучи чудно.
Сеуште се бараат играчи на сите 3 позиции, одбрана, средина, напад.
Прво коло е со Гостивар во Гости, па со Брегалница дома на 25ти Февруари.
 
Последно уредено:
Во средина мора да се појачаме со најмалце 2 играчи , незнам дали ке остане Србинот Милосавич , според мене ја крена формата и подобар делува од Дурански и Николовски ..

Се мачевме да организираме акции и да пренесеме топка во првата полусезона , плус проблем беше несреќната повреда на Мицевски ..

Сега напред го имаме Алтипармаковски , лево Лемос , и ке ни треба уште едно крило на другата страна за бидеме поопасни во нападите ...

Значи ни треба уште 1 штопер , 2 средина , и 1 крило за да имаме добри шанси за опстанок , верувам дека управата ке ги погоди ....
 
Ќе се врати Мицевски за втора полусезона? Уште не ми се верува дека се повреди при прослава на гол.
 
Милосавиќ најверојатно не напушта, Мицевски секако е аут до крај на сезона

Кога ги правите идеалните 11, сметајте дека мора да имаме бонус играчи

@Saber Rider Марко е под договор со Силекс, вчера потпиша за агенцијата на Бајевски што е веројатно знак дека ќе оди некаде надвор
 
Ѓурковски назад во Вардар. Мислам непотребен потег.
 
Ѓурковски назад во Вардар. Мислам непотребен потег.

У Тиквеш го планирале само за на тренинг, кај нас може и да биде стандарден у21 првотимец.
Таман ќе врати форма по повредата па пак да избега, овој пат има поголем избор, слога, шкендија, воска, гостивари, трим љум, беса…
Куртони од деца.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom