Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Десниќ како за крило, многу малку голови има дадено. Инаку сметам дека и на некој од младинците треба да му се пружи шанса, најверојатно има момци во академијата кои имаат капацитет и потенцијал. Подобра е таа варијанта отколку да бараат по другите клубови.
 
Скопје ќе се распадне како клуб изгледа или ќе игра во пониски лиги. Треба да се потрудиме да им украдеме некои од играчите. Дино добро би ни дошол, а и Димов не е лош за ротација во одбраната.
Наводно веќе сме преговарале со нивен играч, малку нелогично е што доаѓа од средниот ред, каде што воглавно имаме највеќе играчи.
 
Скопје ќе се распадне како клуб изгледа или ќе игра во пониски лиги. Треба да се потрудиме да им украдеме некои од играчите. Дино добро би ни дошол, а и Димов не е лош за ротација во одбраната.
Наводно веќе сме преговарале со нивен играч, малку нелогично е што доаѓа од средниот ред, каде што воглавно имаме највеќе играчи.
Тој од средина ако збориме за истиот, колку што знам не сака да игра во Втора лига. Дино не го сакаат нашиве и мислам бољи зашто е тешка цепаница мочкото.
Ја би да пробаме со Џери Кировски, и така бољи шпиц нема да привлечеме у моментов, а и оној Игнатов не ќе e лошо да си го вратиме назад ако дефинитивно идат во распад.
 
Академија Пандев е вториот тим што ќе се откаже од лига.
Најава е дека нема воопшто да постои како тим, ни младински категории, скроз катанец ќе удрат.
А местото најверојатно ќе им го отстапат на Беласица, обезбедиле 200.000евра.
Претпоставувам управата го знае ова и се надевам дека веќе работат на агитација на некој играч од таму.
 
Кој е овој, имате ли некое инфо?
 
Така чув и ја, по најново Академија П. отстапува од Прва лига.
Иначе има пресврт во преговорите со везниот играч од Скопје и по се изгледа потпишува за нас.

Не знам за кој се работи, ама претпоставувам еден од Марио Настевски или Филип Јаневски, ама по мене било кој од двајцата нема да прави некоја голема разлика на терен. Претпоставувам ок засилување за малку ширина на состав, ама сеуште не ми е јасна ситуацијата околу потенцијалната стартна 11-ка и ми фалат 1-2 сериозни засилувања.

Ако е вистина ова за А. Пандев, не смее да спиеме, има многу можности таму, ете му го Коста Манев на Грне, штопер левак кој може да покрие и на лев бек, Илиев и Шаркоски би биле ок засилувања за десен бек, а има и доста млади играчи кои може да влезат во стартна 11ка како у21 играчи, Димоски и Ване Крстевски како најсериозни опции од нив.

Хаос настана со лигиве, ФФМ се тотално без компас и домашниот фудбал не памтам кога бил послаб и во полоша ситуација. Стадионите/терените се распаѓаат, првата лига е очајно слаба, клубови пропаѓаат, а во Европа нашите претставници од година во година проаѓаат низ тешки бламови.
 
Најавуваше Пандев од претходно дека постојат шанси да се повлечат од лигата, не е ова од сега. И не е толку финансискиот аспект, колку што е поради мешањето на политиката во фудбалот. Од друга страна нормално е дека нема да фрла пари, кога знае дека тешко може да стигне до шампионска титула во ПМФЛ и дека политиката ја има главната улога.

Во поглед на засилувањата преголеми очекувања имате околу трансферите. Првата лига е тиња, а не пак втората и ретко кој ќе се одлучи да игра во втора лига без разлика колкава плата му се нуди. Единствено оние кои немаат други понуди би прифатиле да играат. Инаку за човек кој ќе се грижи за фудбалскиот развој на Вардар, треба да се постави некој кој ги знае приликите на ова поднебје и ситуацијата во која се наоѓа клубот.
 
Чекај бе сакаш да кажеш дека Гача,Попзлатанов и Мицевски неможат клубови да најдат да не е Вардар?Дај биди малку сериозен.
 
Чекај бе сакаш да кажеш дека Гача,Попзлатанов и Мицевски неможат клубови да најдат да не е Вардар?Дај биди малку сериозен.

Не се однесуваше на нив. Повеќе се однесуваше на ликови како Виктор Ангелов, овој Абдула што отиде во Шкупи и слични како нив. Тешко е да изградиш сериозен тим со сериозни играчи.
 
Испаѓа дека нема врска ова со Академија што се пушти патка. Пандев негира се' во изјава за Спорт1...

Ne e tocno, imam bliski lugje koi rabotat vo A.Pandev, samo sto se vratija od pripremi, a i budzetot veke im e obezbeden, taka da ostanuvaat definitivno, samo dezinformacii
 
Никола Наумовски како изигра кај вас сезонава добар ќе биди за кај нас? Оти го пуштивте, колку шо знам даде некој гол играше некое време или јанглаш сум...
За Пандев врска нема а тешко и за скопје ќе се мачат до крај ако треба ќе местат важно тие без д земат пари не се откажуваат па имате шанса со фузија со скопје ако сакате пак [emoji16]

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom