Видете, како и да е, овие играчи си отидоа од Вардар за без пари, а можеа да се наплатат. Плеада млади играчи си отидоа за кикирики, да се земаше од нив барем по 50 до 100.000 евра, немаше да се биде на ова дереџе што е сега.
На големо се пишува за Тодороски и за Антовски, па Антовски со Динамо Загреб играше во младинска ЛШ, а Тодороски со Осијек беше на прагот на Европа Лига. И они не си отидоа затоа што така им текнало, него за пари. Боље да отидат во Шибеник како што е и да земаат редовно пари, него ли да седат од љубов во Вардар и да не видат динар.
Кој ти седи сега од љубов во клуб, без плата со месеци... па и они имаат живот и фамилии. Кратко е трпениево и на актуелниов тим и на Тетовче, во декември ни следи копалс. Господ напомош, општинска лига и нема враќање. Сите имаат пред договори со други екипи, од ова срање никој не може да не извади.
- ЦЕЛ ТИМ КОЈ БЕСПЛАТНО СИ ЗАМИНА ОД ВАРДАР:
Филип Трајчевски (21, голман, Пелистер)
Тодор Тодороски (21, десен бек, Шибеник, Хрватска)
Марио Младеновски (19, стопер, Фремад Амагер, Данска)
Никола Серафимов (20, стопер, Академија Пандев)
Филип Антовски (19, лев бек, Славија Софија, Бугарија)
Али Адем (20, среден ред, Арис, Грција)
Бојан Димоски (18, среден ред, Академија Пандев)
Џемал Ибиши (19, среден ред, Локомотива Загреб, Хрватска)
Леонид Игњатов (18, среден ред, Хајдук, Хрватска)
Јакуп Бериша (20, среден ред, Шкупи)
Азер Омерагиќ (18, напад, Хајдук, Хрватска)