Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Брацо воскресни, се' ти е опростено.

Малку црн хумор.
Разликата од тогаш и сега е што светов е сред пандемија и на никој не му е дојдено да фрла пари во спорт. Од друга страна тоа може и да е добро, бидејќи со мала пара ќе направиме добар тим. Ама само ако некоја чудесна сила ни ги плати долговине.
 
"Македонскиот фудбалер Бојан Колевски денеска потпиша договор со екипата на Кливленд стејт, па ќе се натпреварува во Хоризон лигата, која е втора по ранг во американскиот фудбал веднаш зад МЛС-лигата."

lol, ovie mislat deka se naogame vo 90ti i mozat da ne lazat. tipot ke igra college fudbal, a ne vo 2. amerikanska liga.
 
Да кажеше ќе го земевме во маалскиов клуб, ќе му фатевме врски на ДИФ, да завеши факс.
 
Јас не летам со амбициите, најважно е да опстанеме. Веројатно би завршиле пред Пелистер и секако, пред Беласица. Ќе биде тешка борба, а да победевме денес ќе добиевме и на психа, бидејќи сме ги добиле двата директни конкуренти за опстанок. Не чекаат три тешки средби, не очекувам многу бодови.

As i said before, три утакмици еден бод.
Среќа што Пандев, Пелистер и Беласица се побоси од нас.
Катастрофална одбрана и очобол голман, 2-0 за 10 минути со нов автогол на Царево село.
Влеговме во криза, не прочитаа другиве екипи и сега секој бод ќе биде драгоцен понатаму. Со оглед на ситуацијата во клубот, тежок ќе биде патот до опстанокот.
Автоматски споено мислење:

Гол сме дале бе, го изгасив стримот во 93та, ги испцув до 100то колено. Ајт им ебам матер шпонска :D
 
Последно уредено:
На крај Шиле им еба матер, само шо ја неаме онаа стара екипа па и да ги тепаме у гости као некој други порано шо јадеа ќотек дома.

ПС:И ја го изгаснав стримот :D
 
Овие Струга се Царев двор?
Не бре :D Се распаднаа Младост Царев двор. Овие се кондом клуб на фирмата Трим Љум. Одма се прошетаа до прва лига.
 
Не бре :D Се распаднаа Младост Царев двор. Овие се кондом клуб на фирмата Трим Љум. Одма се прошетаа до прва лига.

Се сеќавам кога играше Вардар со Царев Двор таму, 5-6 души кои навиваа за Царев Двор цело време пееја: Бартоне, Бартоне дојди ти на југ, понеси ја и жена ти да ни пуши к*р. :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: А исто и Комити беа сместени крај оградата на оние класични селски игралишта.
 
Значаен бод на гости, ако се има во предвид дека најголемиот дел од мечот бевме во негатива. Искрено ни ја не очекував да се вратиме после оние -2 по само 25 минути игра. Ај да речам дека и ние имавме ксмет да добиеме еден поклон гол после толку подарени од наша страна. Не се слагам со Сајберот дека не прочитале останатите, едноставно денес го одигравме најслабиот натпревар од последните пет и добро е што останавме непоразени, а треба да се има во предвид дека Струга досега беше единствена со 100 % учинок на домашен терен. Одбраната ни е слаба точка: Чарлс е непрепознатлив после автоголот во Битола, Илиќ и младиот се недораснати за Вардар, но не мислам дека треба да стравуваме за опстанокот зашто има најмалку 4 послаби екипи од нашата. Сепак во многу ќе зависи од разврската зимово бидејќи ако продолжи клубот да егзистира на овој начин, голема е веројатноста и дека оваа каква-таква екипа ќе се растури, а камоли да се надогради во паузата.
 
Карантинот на се ќе те натера па ае да видиме од каде се не има овде низ Македонијата(освен Скопје)

Знам дека има многу фанови од внатрешноста, па нека пише секој од кој град е и колку време навива за Вардар и зошто?

Јбг ако е кринџ, тоа е тоа :icon_mrgr:
 
Ти од Штип ли беше?

Знам има и некои други деца, имаше едно дете од Ресен, од Кавадарци итн. Јас сум од Струмица, навивам од 2008-09 кога тимот беше во речиси идентична состојба.
 
Ти од Штип ли беше?

Знам има и некои други деца, имаше едно дете од Ресен, од Кавадарци итн. Јас сум од Струмица, навивам од 2008-09 кога тимот беше во речиси идентична состојба.
Штип да, иако не сум роден Штипјанец, туку Велешанец, навивам за Вардар од дуелот со Бате, тогаш имав некој 12 години а поактивно од 2014 година кога почнав да разбирам малку од малку фудбал и а и општо повеќе работи. За Борец иам респект како што и Скопјаните си имаат маалски и екипи од населбите, но Вардар е на прво место од тие години кои ги спомнав погоре па до гроб.

ПС: Исто за останатите, што е со вашите локални клубови, што кога игра Вардар со нив?
Какви се емоциите, зошто реално секој од оние кои се од страна почнале да го гледаат прво локалниот клуб.
Автоматски споено мислење:

kur go zabole nekoj od vnatresnosta za vardar :D
Ок освен Битола кои имаат големо ривалство, само шо многу од Битолчани го полнеа Јане во изминатите години :icon_mrgr:

Нека пишат искусните дали знаат некој од генерациите на независна РМ, дали има Битолчани шо навивале за Вардар, иделе за СК на утакмици?
 
Штип да, иако не сум роден Штипјанец, туку Велешанец, навивам за Вардар од дуелот со Бате, тогаш имав некој 12 години а поактивно од 2014 година кога почнав да разбирам малку од малку фудбал и а и општо повеќе работи. За Борец иам респект како што и Скопјаните си имаат маалски и екипи од населбите, но Вардар е на прво место од тие години кои ги спомнав погоре па до гроб.

ПС: Исто за останатите, што е со вашите локални клубови, што кога игра Вардар со нив?
Какви се емоциите, зошто реално секој од оние кои се од страна почнале да го гледаат прво локалниот клуб.
Well... Што знам нема некоја разлика. Ја почитувам Беласица како клуб, ама не е тоа тоа што го осеќам спрема Вардар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom