Полошо од ова денес ваљда не може да изиграме. Како прво не ја сфаќам потребата на Бабунски по секоја цена да праи играчи од Исени, Цветаноски (џабе го пофалив мочково) и Бериша. Тие бре се недораснати за во македонска лига, а камоли за европски мечеви. Ако некого треба да се гура од младите, тоа се Адем, кој едини денеска се обидуваше да превземе одговорност во средината, и Тодороски.
Очигледно фалеше Јуфо во везниот ред, кој знае да нагази и даде топка према напаѓачите. Непријатно ме изненади Мицевски денеска. Како да не беше оној истиот од припремите и се криеше позади топката. Манев солиден во дефанзива, али никаков придонес од него во нападот. Ниту пробивање, ниту корисен центаршут. Како да бевме со играч мањак по левата страна во офанзива.
Ништо не е загубено, но под услов да се опамети Бабунски и да престане да форсира недоквакани дечишта. Во спротивно треба да лета доколку не го помине Пјуник. Истоимената екипа е на рамниште на просечен македонски прволигаш.