Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Deneska golmanot marko jovanovski zamina od vardar potpisa za teteks inace kamcev e kriv za se ako planira so 5000evra mesecno da go sponzorira vardar neka ide neka se ubie nie da sobirame pari poveke ke sobereme
 
Сепак конечно Камчев исполни едно ветување и исплати еден дел од платите на фудбалерите. Другиот дел од исплатата се очекува да биде извршен во петок. Со ова значително треба да се подобри атмосферата пред битниот натпревар со Металург.
 
Ајде Скопјани!

4rvqt2.jpg
 
Ајде нека ни е со среќа со новиот спонзор.
Инаку се преговара со уште две домашни компании за кои што ќе се дознае уште денес, веројатно дали ќе влезат во Вардар и да се надеваме дека повторно ке го видиме силен Вардар .
 
Не го гледајте мојот последен пост, натпреварот официјално е од 15:00, па ако можат модераторите нека го избришат.

t52eqp.jpg
 
СПОРЕД СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР, ДРАГИ СЕТИНОВ, НА ПОВИДОК, КОНЕЧНО, РЕШАВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА НЕИЗВЕСНОСТ

"Агрокор" од 1 јануари 2010 во Вардар!
* "Хрватската компанија дефинитивно е решена како генерален спонзор да влезе во Вардар. Следната недела или ние ќе патуваме во Загреб или нивни менаџери ќе допатуваат во Скопје на потпишување на договорот кој во сила треба да стапи од 1 јануари следната година", вели Сетинов
Ако се суди според последните најави од страна на раководството на Вардар, на повидок е конечното решавање на финансиската неизвесност која една година демне над најтрофејниот македонски клуб.
Најголемата хрватска компанија "Агрокор" и дефинитивно од 1 јануари 2010 година треба да се вклучи во финансирањето на "црвено-црните", единствено како генерален спонзор без желба за комплетно 100% преземање на раководењето на клубот.
"Вчера имавме еден вид завршни разговори со менаџментот на 'Агрокор' при што и дефинитивно хрватската компанија потврди дека е решена како генерален спонзор да влезе во Вардар", ни изјави вчера спортскиот директор Драги Сетинов.
"Се очекува наскоро да биде потпишан официјалниот договор за меѓусебната соработка кој би стапил на сила од 1 јануари 2010 година. Согласно досегашните разговори и согласно желбата на 'Агрокор', тие во Вардар би се вклучиле единствено како генерален спонзор, со тоа што ирелевантно за нив е кој во иднина ќе биде сопственик. Според договорот кој треба да се потпише тие единствено, согласно вложената сума, очекуваат истакнување на нивното име на спортската опрема на Вардар, како и комплетно брендирање за време на нашите натпревари. Се разбира и со уште неколку придружни подуслови во договорот", дополнува Сетинов, кој истакнува дека овој договор со една од најпознатите компании во Југоисточна Европа во голема мера понатамуа треба да биде магнет за доаѓањето на новиот генерален раководител на клубот.
"Следната недела или ние ќе патуваме во Загреб или менаџери на 'Агрокор' ќе допатуваат во Скопје на потпишување на договорот, кој секако е значаен и од аспект на генерално стабилизирање на нашиот најпознат клуб. Влезот на 'Агрокор' треба да биде мотив повеќе и за домашните компании, кои на овој начин полесно ќе се одлучат да издвојат финансии за нашиот најтрофеен клуб", истакнува Сетинов.
"Агрокор", инаку е најголемата хрватска компанија за производство и дистрибуција на прехранбени производи, широко распостранета во Југоисточна Европа со околу 31.000 вработени лица.

Спонзорство од 300 до 500.000 евра на годишно ниво
Спонзорството на "Агрокор", според првичниот договор, ќе изнесува од 300 до 500.000 евра на годишно ниво.
"Спонзорскиот договор според првите најави од страна на челниците на хрватската компанија треба да изнесува од 300 до 500.000 евра на годишно ниво. Заедно со уште неколку домашни компании со кои веќе се водат разговорите ќе се заокружи повеќе од квалитетен вардаров буџет", вели Драги Сетинов.

Денеска договор за влез и на домашна компанија
Како што н$ информираше вчера спортскиот директор на Вардар, за денеска се очекува и финалниот договор со домашна компанија која треба да го преземе раководењето со клубот.
"Утре треба официјално да биде познато дали ќе има договор и со домашната компанија која исто така ќе се вклучи во финансирањето на клубот. Тој договор воопшто нема допирни точки со оној на 'Агрокор' кој индивидуално ќе спонзорира. Доколку се официјализира договорот со домашната компанија, тогаш, со оглед на притисокот поради незавидната ситуација, веќе од понеделник таа активно ќе се вклучи во организациските структури со тоа што ќе ги преземе сите заостанати долгови направени изминатите два-три месеци", информира Драги Сетинов.

Вчера исплатата за фудбалерите
Вчера играчите на "црвено-црните" во соблекувалните размислуваа околу одржувањето или не на редовниот тренинг, меѓутоа на крај тренингот беше одработен, а според најавите во вечерните часови се очекуваше исплата на дел од заостанатите долгови...
"Во попладневните часови треба да има исплата на заостаната плата. С$ до активирањето на договорите со новонајавените спонзори, финансиското живеење според претходните договори ќе го одржуваат колективните членови од Собранието на клубот", ни изјави нешто пред најавениот тренинг Сетинов.

Бајевски на тренинг со "црвено-црните"
Деновиве во Скопје на тренинзите на Вардар е и поранешниот "црвено-црн" фудбалер Александар Бајевски, кој се врати од Иран.
Бајевски во моментов е член на иранскиот прволигаш ФЦ Пајкан, меѓутоа низ следниот период е во очекување на продолжување на насоката на сопствената кариера.
 
Ајде нека се реши веќе работава. Да не избрзувам многу ама едвај чекам повторување на дуелот со Спарта ама овојпат победа во таков натпревар:vozbud:
 
Викторе...недела со Металург,влез 50 денари,немој да заебеш :duel:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom