А ти свесен си дека со своите постојани теории на заговор и напади на параноја, ги иритираш останативе членови на форумот. Јас ти гарантирам дека ни во една од двете најголеми партии немаат муда да одат против Вардар, пред се затоа што тоа не е во нивни интерес. Ценовникот за користење на стадионот колку не е поволен за Вардар, толку не е поволен и за Работнички. Значи ли тоа дека оваа власт и Работнички сака да го уништи?!
Убаво ти кажаа и другите, проблемите со стадионот постојат многу брзо после неговата доизградба. Што фајде ако ПУИГ имаше 49 % од акциите во клубот, кога повеќе од пола натпревари, Вардар мораше ги одигра на останатите скопски стадиончиња, недостојни за неговото реноме. Наместо Вардар да има привилегија за користење на стадионот, испадна дека сите други беа побитни од него.
Најлесно е да ја бараме вината на друго место, наместо во своите редови. Никој од страна не ни е крив што Муслиу добива аматерски договор, што не сме способни да организираме еден јубилеј за 70 години постоење, што со гратиси го пуневме Градски, што мршојадците го утепаа Самсоненко од крадење и уште милијарда други гафови...