Вања Марковиќ е најголемата несреќа која му се има случено на клубов. Какви Љамчиња, какви Бонафичиовци, ова е убедливо најнеспособниот коњ кој го облекол дресот на клубов. За во Рипли - Верувале или не се некои ситуации со него. Во прво полувреме имаше една рогната топка високо на нивна половина едно 10 секунди ја немаше во кадар, ја гледа, ја гледа, ја гледа... си викаш добро негова топка е, и одеднаш паѓа метро позади него

. Шта речи коју послуку порати. И нормално голот го примивме после негова грешка, чиста акција имавме на нивна половина, можевме мирно да си играме и волот промаши пас до играч на 5 метра од него и им поклони контра од која подоцна во акцијата примивме гол.
Глишиќ направи Ибраими да изгледа како Меси, со оглед на тоа што не го стави во игра Попов, очигледно ќе се покрива со другите десни бекови на таа позиција затоа што манекенов ни е единствен лев бек во тимот. Обидон за дриблинг во сопствен шеснаесетник против два нивни играчи исто заслужува да се најде во Рипли.
Поп Златанов и Тошевски со малку несигурности али сосема солидно за деби, ќе ги видиме на другите натпревари со бункер екипи како ќе се снајдат. И уште еднаш ќе кажам, Грне поим за капитен на клубов. Победа со негов гол ќе беше шлаг на тортата денес.