Без разлика на теренот и Чеде треба да превземе голема одговорност.
Ало во два наврати не можеш да победиш екипа чиј најдобар играч е Јашаорвски или оној Адем. Скоро цела екипа им е од нивна школа, ниеден познат играч немаат.
Најважно на вакви дуели е одбраната и голманот да ти се најдобрите што ги имаш во тимот.
Алексовски со ништо не не убеди дека е добра опција во Вардар, па каков и да е Гача, не можеш на дерби дуел да не го играш него.
Одбраната се менува секој дуел. Мора нешто да менува на лева позиција кога гледа дека на никој не му оди. Стави го Хамбар на крај краева, барем ќе нафрла некоја топка, сигурно ќе одигра подобро од сите камења што имаме на лев бек.
Клупата реално е слаба, нема што да смени...
Од тим што игра во Европа, стигнавме Стојков или Петковски да ни бидат алтернативите. Не смееше да се дозволи на ваков густ распоред да останеме без соодветни засилувања.
Главното нешто за кое замерувам е што не знаеа да одиграат на ВАКОВ ТЕРЕН.
Се знае како се игра на кал, шутирај од секаде, изнудувај слободни...
Цело полувреме беше кај нас топката, акции ќе сме правеле, а топката не се движи. Еден слободен само изнудивме.
Заслужено не добија денес, прв пат по 2009 за крај на нашите надежи за титулата.
Ако лани Слога ни ја донесе титулата, годинава предвреме не отпишуваат во трката за титула.
После киксови со Скопје, Победа и Слога, нема што да бараш во првенството.