Како што гледам тимот на Малмо вреди 18 милиони евра наспроти 8 милиони евра на Вардар..10 милиони е голема разлика според мене и на Вардар ќе му биди претешко да помини понатаму
Озбилен си со споредбава ?

Чисто како за споредба, вредноста на Вардар беше горе-доле иста минатото лето, а на Динамо Загреб беше 45-50 милиони

Иако е доста релевантен сајт трансфермаркет, голема улога во определување на цената на играчите има и лигата во која играат. Фелипе имаше вредност од 1,5 милиони во ЦСКА Софија, за после тоа кога дојде во Вардар одма да му падне под милион, да отиде сега во појака лига сигурно пак би отишол над милион. Барсегјан од друга страна, не играше прва полусезона ради здравствени проблеми, а втората полусезона покажа дека е еден од најдобрите во овој состав на Вардар, а вреди само 150 илјади, истата вредност ја има и Петар Петковски како спореда.. Не значат ништо овие суми.
Иначе, баш малце разгледав со какви играчи располага Малме, поголемиот дел од нив се репрезентативци, или барем имаат повици и настапи за своите репрезентации, имаат 2ца швеѓани на у21 првенствово, а познати од тимот ми се само Розенберг и Сафари којшто играше во Базел порано. Далеку се од слаб тим и ќе биде доста тешко, ама не знам зошто, и јас сум оптимист, како и повеќето. И баш ме интересира што ќе биде сега со 2те играчки изненадувања што ги најавуваа, на крај ништо чудно да останеме на овој состав, појачан со бразилецов на проба што е..