- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.164
- Поени од реакции
- 4.728
- Возраст
- 29
Добро бе стварно ли мислите дека можете да добиете играч на Шкендија кој има важечки договор со клубот?
Шкендија нема да го намали буџетот туку има смена на трансфер политиката. Ќе се дадат големи плати само за проверени играчи, ако не може да добие такви играчи тогаш предност ќе имаат младите од клубот.
Хасани или Ибраими додека имаат договор со клубот немате шанси да ги добиете.
Што се однесува до Агим Ибраими шансите ви се ептен минимални, ако се реши да се врати во Македонија ќе се врати во матичниот клуб.
Искрено, отпосле проверив до кога им се договорите, и видов дека Хасани има уште една, Ибраими уште 2, така да Бесарт нема шанси, Хасани ако нешто се побуни да сака да си иде па да мора да го дадат за ситно, што е исто тешко остварливо. А и друга работа е што не ни сакам било кој од овие, и реално ми е многу глупо трансфери да се прават помеѓу екипи кои се најголеми конкуренти едни со други.. А за Агим, што знам, мислам дека Вардар може подобра плата да му понуди, башка што со добар ждреп ќе има каде-каде поголеми шанси од вас за влез во групи ЛШ/ЛЕ, ама од друга страна па и не ја гледам потребата од него искрено, да се фрлаат толку пари за негова плата кога веќе имаме одлични крила во Барсегјан, Џигаури, Којашевиќ, па и Блажевски, а Агим нема играно фудбал година дена..