Далеку постабилен тим имаме сега, само проблемот е против послаби противници, кога ќе треба да нападнеме. Фалат брзи, продорни играчи, фали асален шпиц да прави простор, да прави проблеми на одбраната. Тогаш и другите у лига ни играа поотворен фудбал реално, па Хименез и Ѓоргиев ги газеа по крила откако ќе им оставеа простор, а Јове напред реализираше без проблем. Фелипе е у секој случај подобар од Рангеловиќ, Глигоров и Спировски се тука негде со тоа што беа тогаш Стјепановиќ и Оса. Проблемот е сега што уште од прва минута, ни се затвараат екипите, и тешко пробиваме бункер, фали брзина во нападите. Не може да кажете дека не сме напреднале како клуб од тогаш, да не се правиме со сила сега слепи за некои работи, иако има уште многу, многу работа, за да стигнеме до нивото кое го сакаме сите. Фалат стручни лица, и во управа, и на клупата, и во младинските категории, проблемот е што во Македонија да бидеме реални нема, треба да се бараат повеќе странски кадри. Играчи, тоа што вреди од Македонија, и што би натерале да дојде да игра во македонска лига, е кај нас, освен едино Радески што го лапна шкендија, и евентуално Тричко можда може да го донесеме, друго асално баш и нема, тоа што вреди нема шанси да дојде да игра тука. И кога тоа што вреди од Македонија нема шанси да го донесеш да игра за Вардар, зар очекувате квалитетни странци да дојдат и да играат тука? Сеуште не сме финансиски толку моќни за да ги убедуваме со високи плати, со друго не може да ги убедиме, истото што може финансиски ние да го понудиме, може да го добијат во многу други лиги низ Европа, со таа разлика што ќе играат во далеку поквалитетни и попрофесионални лиги од нашата. Грешка направи Самс што се излета на првиот прес, кога најави учество во ЛШ, веројатно понесен од тоа што го направивме во ракометот, не знаејки што не чека во фудбалот.