Убаво си ги прегазивме денеска

Одличен фудбалски натпревар, требаше многу порано да го решиме победникот. Игравме доста отворено денеска. Хамбар скоро цел натпревар беше на нивна половина. Ромеро трчаше на сите страни, час на крило, час како полушпиц. Штета што не погоди барем еден слободен удар, ептен ги има испраксирано. Шутна четири слободни, еднаш погоди статива, два пати на сантиметри крај стативата (во трите наврати, Колев не мрдна), а четвртиот пат гостинскиот голман одлично ја одбрани топката упатена под пречката. Примивме ран гол, па им дадовме мала шанса со затворена игра, со 10 играчи во нивна поливина и крадење време, да пробаат да дојдат до поволен резултат, ама реално прашање на време беше кога ќе го свртиме натпреварот. Еден куп ситни фаули направија, особено над Фелипе и Ромеро кои имаа доста дриблинзи во текот на натпреварот. Ромеро даде одличен пас за Фичо за првиот гол, Ивановски го помина Колев и погоди за 1-1. Пача не спаси на 1-1, му фати зицер на Здравков и во глобала тоа беше се од гостите. Во второ полувреме имавме доста опасни шутеви на Ромеро, еднаш и Николов имаше шут до стативата, за конечно Хамбарџумијан изненадно да бие од слободен удар за водство од 2-1. Се местеа Фелипе и Попов, а на крај Хоф ја пласираше топката на спротивниот агол. Блажевски го изнуди слободниот, а потоа изнуди и пенал кој го реализираше за 3-1 неколку минути по вториот погодок. Стојков одново со слабо издание, иако имаше неколку добри дриблинзи. Љамче ни го немаше денес, останавме разочарани
На крајот тој Апостол сељандурот од обезбедување, не му дозволи на Фелипе да отпоздрави кај Комити (сакаше да дојде до нас). Неколку пати дојдоа да интервенираат за знаменцето ФФМ мафија

Имаше ситуација каде што сите редари се собраа и си правеа селфи, што дупешка падна
