Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ОЧИ ПЕЧАТ ОД ИГРАТА НА ВАРДАР...

А ние сеуште се лажеме да одиме на гостување, во надеж дека ќе биде подобро. Кажав и минатиот пат, ако не дадевме брзи среќни голови по индивудални акции во Кратово, исти курац ќе беше.
Јас не знам како имаме 9/9 после триве утакмици, кога на последните две бевме послаби од противниците.
Во 90 минути Вардар немаше НИТУ ЕДНА ОДИГРАНА АКЦИЈА.
НИТУ ЕДНА...
Очобол е мал збор, ова е веќе трагикомедија.
Дебилот дебилски го игра Дашијан на крило, а пустиот не знае кај тера на таа позиција. Единствениот играч што може да повлече на средина го игра на крило ебате дебилот дебилски :tapp:
Кај го донесоа тој Спировски кај си ебаа мамата, дрвесимо не видено. Врска нема типот, ништо не може да придонесе во играта на Вардар. Ранѓеловиќ за сите овие што ги донесоа во средина е ИЗМИСЛЕН. Може отиде во трета Шведска лига, може играше полабаво и се пазеше од повреди, ама човече типот знаеше да издрибла, да додаде, овие не можат додавање да погодат бре. Каков Ибричиќ какви бакрачи, џабе фрлени пари се тоа.
Крила исто како да немаме, а противниците ни оставаат преголем простор тука, кој не знаеме да го искористиме. Еден играч немаме што знае да нафрли, играме со шпиц на кој специјалност му е игра со глава, а немаме крила што знаат да нафрлат :cuc:
Зошто недостасуваа Попов и Грне? Бојовиќ беше доста лош во одбрана, а Љамче мораше да игра како бек, па по крилата бевме кршовина. Асани истотака беше мизерен денес, после тоа Блажевски го стави на крило, но тој не е таков тип на крило, да нафрла, туку одма оди на дриблинг, прави позиција за шут и шутира.
Против екипи кои ни играат дефанзивно, не знаеме што да правиме. Напразно има толку офанзивни играчи, врска немаат што да прават. Па стави вистински крила бе токмак, не ми испробувај со играчи на кои не им е природна позиција. Нека ја шират малце играта, нека се уфрлуваат и бековите... Ама и тие се слепци, ќе добијат топка и одма пробуваат да дриблаат или некој лош пас ќе бапнат...
Стигнавме Кобетиќ да не спасува :cenzura:
Јадевме гомна за типот, ама денес ни ја донесе победата. Георгиев денес како од наша да играше, се изнапромаши зицери. Му памтам бар 3-4 шанси кога излегуваше сам пред голман. Два пати во прво полувреме биеше до статива, во второ на 0-1 излезе сам со Кобетиќ, ама овој му одбрани и на 0-2 од 7-8 метри скоро осамен, ја бапна сто метра над гол.
Ние до голот немавме ниеден удар кон гол, освен по еден корнер во кој Бојовиќ со глава едвај добаци до голман.
Голот беше индивидуална акција на Ивановски, изнуди пенал кој го реализираше Ибричиќ. Ибро освен голот од пенал, не се виде на утакмицава.
И вториот гол чиста среќа и тоа во моменти кога противникот имаше играч помалце, одново виновник за голот е Ивановски.
Дури можевме и 0-3 да тепаме, ама на крај блажевски од идеална шанса ја запука над гол...

Сите што бевме на стадион се жалевме од играта. На крај беа прерадосни играчиве дека победиле. Браво ебате :icon_mrgr: Ако ова е Европски Вардар...
На трибина околу 80 луѓе, автобус, комбе и коли... Сите автобуси ги собрале вмровцине, моравме со шпон транс да идеме :icon_mrgr: Навивање во прво полувреме добро, во второ како играта на Вардар... :D

Момент на мечот беше црвениот за Турново, кога му лупнаа шамар/бокс на Бојовиќ :pos:
 
Со Металург утакмицата негледлива, сега исто споменувате. Во Вардар е промашен целиот концпепт дефинитивно. Со тренер без никаков авторитет и залутан во нашиов фудбал, со костур на тим составен од играчи со 30 и над 30 години (Пачовски, Грне, Таневски, Попов, Глигоров, Ибричиќ, Блажевски, Ивановски) кои очигледно само намирисаа убава паричка на залез од кариера и на кои совршено им одговара ваквиот сплет на околности, јас не гледам никаква светла иднина за клубот. Испаѓа дека во Вардар релативно помлади и перспективни единствено се двајцата Ерменци, и евентуално ако бидне нешто од Асани и Серафимовски понатака. Другите нити се млади, нити перспективни.
 
важи уште бесплатен влез со сезонска карта за ракомет знае некој ?
 
1484686_1418713535105773_96142258666825458_n.jpg
 
Недела е ден за дерби!!!
Вардар секогаш важел за клуб кој има голема армија на навивачи и фанови и во минатото никогаш не било проблем стадионот да биде исполнет во солидна бројка. Времињата се сменија, низа фактори придонесоа само да се присетуваме на славното минато, но и ни дадоа шанса и обврска да го вратиме она што некогаш било традиција во неделните попладневни часови во Скопје. Гостувањето на Пелистер, само по себе повлекува и гостување на противничка навивачка група, нешто што се поретко го гледаме на нашиот стадион. Иако сме свесни дека на стадион доаѓаме исклучиво за Вардар, фер е да се признае дека натпреварите во кои има и противничка навивачка група секогаш поминуваат во навивање со поголема страст. Од таквите незаборавни моменти, позитивна навивачка атмосфера, голем број на навивачи, добра пиротехника, прозилегуваат личности кои доживотно ќе останат заразени со црвено-црната страст и во иднина тие ќе бидат оние кои ќе ја пренесуваат љубовта кон Вардар на своите другари и познаници, токму тоа што го правиме ние во моментов. Секој може да одвои малку време за да сподели дека во недела се игра вечното дерби на Градскиот стадион и да придонесе за поголема масовност на трибините, а потоа да се држи до правилата на групата и да има улога во уште една незаборавна претстава на западот. Скопје и Македонија се гладни за едно големо фудбалско дерби, а спортот се игра за публиката, ако ја нема нејзе, секој резултат е напразен. Затоа без дилема, сите патишта во недела нека водат кон нашиот фудбалски храм. На Вардар му треба вашата поддршка за да дојде до титулата, на Вардар му треба вашата поддршка за да го добие вечното дерби со битолскиот ривал.

СИТЕ НА ЗАПАД. ИГРА ВАРДАР!!!
 
^^Ова колку што разбрав е повик до сите "дерби" навивачи да дојдат на фудбал во недела,кои што истовремено не се пожелни на ракомет во сабота :) :) :)[DOUBLEPOST=1426632557][/DOUBLEPOST]Иначе мислам дека бројката на фудбал,ќе зависи и од исходот на ракометот,дали ќе се створи дополнителна атмосфера или не.
 
Се повеќе сум убеден дека Кемал треба да си оди, играта ни е катастрофа(го гледав денеска малку Работнички везат, додавања, дупли пасови а реално имаат послаб тим од нашиот..) А за у недела треба некоја акција да се направи, фудбалерите/ракометарите да поделат по некоја карта(сликање со нив и сл), да се пушти на ТВ реклама за најголемото дерби, и јас мислам дека ќе има публика недела е добар ден за фудбал.
 
Се повеќе сум убеден дека Кемал треба да си оди, играта ни е катастрофа(го гледав денеска малку Работнички везат, додавања, дупли пасови а реално имаат послаб тим од нашиот..) А за у недела треба некоја акција да се направи, фудбалерите/ракометарите да поделат по некоја карта(сликање со нив и сл), да се пушти на ТВ реклама за најголемото дерби, и јас мислам дека ќе има публика недела е добар ден за фудбал.
Од таквите дерби навивачи и дерби публика си патиме....
 
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА!

Денешната продажба на карти е откажана. Дополнително ќе бидете известени за наредната продажба.
 
Помлади пионери:
Фк Пелистер - Фк Вардар
Недела - 22.03.2015 г.
Стадион ,,Павел Шатев" - Битола
Почеток: 11:00 часот

Постари пионери:
Фк Пелистер - Фк Вардар
Недела - 22.03.2015 г.
Стадион ,,Павел Шатев" - Битола
Почеток: 13:00 часот

Кадети:
Фк Вардар - Фк Пелистер
Недела - 22.03.2015 г.
Стадион ,,Локомотива" - Скопје
Почеток: 12:00 часот

Младинци:
Фк Вардар - Фк Пелистер
Недела - 22.03.2015 г.
Стадион ,,Локомотива" - Скопје
Почеток: 14:00 часот

Неверојатно, на пет фронта Недела ќе ве сексаме. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom