- Член од
- 17 август 2014
- Мислења
- 4.201
- Поени од реакции
- 8.032
http://ekipa.mk/srbite-zagreani-za-idejata-na-ilcho-gorgioski-ffm-za-regionalna-liga/ posle hrvatite evegi i srbite 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Среќа е што овие се апла незналици инаку срам ќе пукнеше денес на Градски.Малку посериозна екипа денес 5 комада како од шала ќе брцнеше.Имаа Металург сигурно 6-7 чисти ситуации од 7-8м за гол да постигнат ама или не дофрлаа до голот или ја рокаа топката три километри над пречка.Утакмицава за нив почна како што само можеа да поскаат.Лелелеле каков слепец бил оној Спировски.
Радевски на ќошот на шеснаесетникот против двајца прави некои потези во место и овој слепиов доаѓа демек на помош и ни две ни три го шутна Радевски како да е топка.
Се имам видено ама ова е дефинитивно еден од најглупавите пенали што некој го има направено во мизернава лига.Среќа е што едино Миле Крстев знае да шутне од кај овие инаку пак ќе повторам...ќе ни ја отвореа главата како да се Реал Мадрид.Одбраната и средниот ред денес жива катастрофа беа.Дечиштана на Металург им пикаа топка меѓу двајца наши одбрамбени како да се екипа предводена од Пеп Гвардиола.Нека идат да се обесат и Грне и Таневски и Попов.Овој последниов ако не мисли да игра и ако има во план 90 минути да пешачи по терен уште утре нека си ги собере парталите и назад во Струмица.На километар се познава такво тешко копачиште.Позади го шибаат како мало дете,а кога ќе отиде напред од 40м шутира.
Кој го излажа овој дека е Роберто Карлос бе ??? Секоја чест за асистенцијата која што беше мајсторска за првиот гол,но изиграва преголема ѕвезда на терен.Срединава со исклучок на Дашјан не вреди да се коментира.До душа и ерменецов малку се уфилма на терен мислејќи дека е ѕвезда на некој од топ 5те европски тимови,но за разлика од другите барем пробуваше нешто да направи.За Спировски се е кажано...Деспот за него е Чаби Алонсо во најдобри денови.Ибричиќ тотално ван форма.Како тенк се движи на терен,но има простор кај него за напредок.Љамче како Љамче,а ова детево Стојановски мислам дека беше не е ништо посебно.Зелката е далеку подобар играч од него.Нападот солиден,но далеку од тоа што треба стварно да биде.Блажевски може даде гол и асистираше на среќа,но според мене ни тој не може којзнае колку да се пофали со добра утакмица.Ми делува како премногу себичен играч на кој што му е многу поважно тој да даде гол него ли некој друг.Имаше барем 3 или 4 можности пред да го даде голот кога можеше да проигра со Ивановски кој што сигурно ќе реализираше,но овој наместо тоа се решаваше да бие и нормало тоа го правеше максимално непрецизно.Од некои 8-9 чисти шутеви кои што ги имаше на натпреварот едвај еднаш погоди,а тоа за играч што игра во нападот е премалку според мене.Фичо продолжува со бледите изданија од првиот дел на сезоната.Со ваква игра нојон Петковски пак ќе му фати место во прва постава.Покажа за вториот гол дека уште го има осетот кога убаво ја сврте топката со глава до Блажевски,а овој на среќа ја спроведе до Љамче кој што постигна убав гол,но мора уште многу да работи ако сака да остане во Вардар.Проследувањето на сите 90 минути на оваа очобол мизерна игра на нашите само најголемите мазохисти можеа да го издржат. Будистичките монаси вода да ни носат колку психичка болка можеме да истрпиме!



Освен што знае да се загради понекогаш и да изигра со глава, не може да оди Фичо, од никаква полза на ни е. Ама па кој би го заменил, Петковски е исти курац, Миранјан е дрвесимо.


