Силекс-Вардар 0-3!
Крајниот резултат комотно можеше да биде далеку повисок, ако не промашеа илјада шанси после трите голови.
Искрено јас не сум целосно задоволен, тимов го нема завршниот удар, а два од трите голови беа чиста среќа и голманско не знаење...
Одлично ја држиме топката, во однос на дефанзивата може да се каже дека сме безбедни во Македонскава лига, ама во напад не знаеме да ја направиме крајната акција.
Првата шанса ја имаше Блажевски откако доби топка од Љамчевски во празно, излезе пред голманот, но биеше над голот.
Одбраната на Силекс беа КАМЕЊА, не знам како можеше толку слободен простор по крило да ни оставаат.
На 0-0 две шанси имаше и Силекс и тоа беше се од нив.
Два пати Попов ја зезна работата, и по негова страна излегуваа сами со Пачовски, ама за среќа Томе беше одличен во двата наврати.
Следуваше десетминутно торпедирање на нивниот гол, во кое се реши победникот.
Прво Ивановски постигна одличен гол, откако низ нозете на противникиот дефанзивец, милиметарски прецизно биеше до стативата, а нивниот голман не можеше многу да стори бидејќи немаше добра прегледност.
Следната акција, топка во празно за Блажевски, голманот тргна да ја пресече, ама бидејќи имаше вир на средината на теренот, топката застана и фактички голманот се најде далеку од својот гол, а Блажевски во трк го лобуваше за 0-2.
Тука веќе настана делириум на трибината, многу јако навивање за на гостински терен.
Можеби најдобро откако од сите гостувања што сум бил. Се запалија и димни, а на нашиот дел од трибината немаше влакно кај да се фрли во првиот дел.
Уште неосвесетени, Кратовци го примија и третиот гол, овојпат гол по чиста вина на нивниот голман. Блажевски упати безопасен удар од 25 метри, а топката му отскокна над раката на противничкиот голман за 0-3.
Во меѓувреме Силекс имаше и еден поништен гол, поради чист офсајд.
Последната шанса ја имаше Попов кој од испрати топовски удар од далеку и ја разнесе нивната пречка. Голманот на Силекс одново беше немоќен и само среќата го спаси нивниот гол.
Во второ полувреме домаќините не допреа топка.
Влезе Ибричиќ место Стојановски. Стојановски имаше многу слободен простор по неговата крилна позиција, ама имаше очајни нафрлувања. Од десетина нафрлувања, само еднаш упати остра топка по земја на која Ивановски беше прекраток.
Во второ полувреме Дашијан ги уби. Што сакаше им правеше, додавање со петици, одлични нафрлувања и дриблинзи...
Се изнапромашивме тука, Блажевски утна неколку пати, Миранјан се посрамоти откако Дашијан му сервираше нафрлување на тацна, а голманот на Силекс одбрани уште неколку чисти шанси, ама не ми текнува точно кој промашуваше.
На трибина имаше одлично навивање, со мал пад во вториот дел од прво полувреме. Некако беше преполно и немаше воздух за дишење. После тоа се испразни малце трибината и во второ полувреме беше лудило на неколку пати

После којзнае колку време изгледавме цел наптревар откако пристигнавме уште 40 минути пред почетокот на мечот. Грмеше ЅИНГО ПЕДЕР НАПРЕД ВАРДАР уште пола саат пред натпревар.
Со оглед на тоа што бевме само два автобуси, може да се каже дека имаше повеќе луѓе дојдено со коли или комбиња, отколку со автобусите. Имаше и постари луѓе, над 50 години.
Просек на трибина сигурно беше над 25 години
