Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Патот до стадионот...

Pelister-Aug-2011Inner_clip_image046.jpg


Еднаш шоферот ни вика, овде за рачна полагаат :pos:
 
Таму само тико иде, со друга кола не можеш да се разминеш, се враќаш едно150год назад во времето, фудбалерите на силекс затоа се секогаш физички спремни, секој ден по планини одат :D
 
Четврток и Петок 20:00 - 21:00 (Фонтана парк)
Плаќање и пријавување на членовите за гостување во Кратово.
Со членска 200 денари, без членска 300 денари!![DOUBLEPOST=1424804377][/DOUBLEPOST]Да напоменам, тој што нема да се пријави и да уплати нема да оди со Комити.
 
Последно уредено:
Четврток и Петок 20:00 - 21:00 (Фонтана парк)
Плаќање и пријавување на членовите за гостување во Кратово.
Со членска 200 денари, без членска 300 денари!! Да напоменам, тој што нема да се пријави и да уплати нема да оди со Комити, ќе оди со Планинарското друштво на Македонија.

Можеме и да попешачиме и ако може тука сите заедно да се собереме во центарот на градот, па да направиме кортео до Градскиот стадион.

Kratovo-panorama.jpg
 
http://komiti.org/вести/СИТЕ-ВО-КРАТОВО-

Може ли една полусезона да започне поубаво од едно бројно гостување во Кратово и враќање со трите бода?
За второто треба да се погрижат нашите фудбалери кои имаа одлични подготовки и после лошиот крај на есенската полусезона, ќе бидат гладни за освојување нови бодови. Знаеме дека титулата се освојува токму на ваквите гостувања во кои често фаворитите губат бодови.

За првата работа треба да се погрижиме самите ние. Последниве недели сигурно сте налетале на видеото во кое деца од едно забавиште пеат за Вардар во веќе далечната 1996 година. Зарем Скопјани ја загубија страста и љубовта кон Вардар низ годините? Љубовта кон клубот мора да е единствениот услов за присуство на нашата трибина, и никаква ситуација во Вардар или на трибините не смее да биде причина или оправдување за не присуство на натпреварите.
Зимската пауза заврши, будете ги црвено-црните другари од зимскиот сон затоа што мораме да бидеме дванаесетиот играч на ФК Вардар и да го донесеме до нова титула. Следете ги инструкциите на задолжените и однесувајте се според кодексите на групата, затоа што самите ние ја кроиме иднината на Комити. Одиме во Кратово!!!

Пријавување за ова гостување ќе има во четврток и петок од 20.00ч до 21.00ч.
Пријавувањето е со приложување на членската карта и чини 200 денари. За време на пријавувањето оние што не успеаја да набават членска ќе имаат можност да набават по цена од 250 денари. За оние без членска цената за гостувањето во Кратово ќе чини 300 денари, а ќе биде овозможено доколку останат слободни места во автобусите.
Исто така ве известуваме и дека пристигна втората тура на шаловите, така да во четврток и петок ќе имате можност при пријавувањето за гостување да купите и од шаловите.
Цената стандардно е 500 денари. Бидејќи сега има нови шалови убаво би било сите да ги носите во Кратово и секако темна облека!
10307198_793189997401954_3500108172445048382_n-1424821328.png


 
Колку поразително делува тоа што Вардар сигурно го има најдобриот тим во последните 15 години, после оној што во 2003 беше на чекор до ЛШ, а од клубот не умеат да го „продадат“ истото на народот. Легендиве колку што се сеќавам не ги ни претставија официјално новите играчи, сем што ги штракнаа за веб страната, и не свикаа една прес конференција барем да го најават почетокот на пролетната полусезона. Единствено што направија е еден патетичен текст на официјалниот сајт во кој пази богати они кажуваат како навивачите биле душата на еден клуб?!
Ај со среќа на стартот од пролетниот дел, а за пациентиве е илузорно било што повеќе да се каже...
 
ќе може ли да се гледа негде силекс вардар зашто овие од мтв ќе ги даваат ораниците
 
Двајца драчевци во прва и си газат.:D
Петарда не им бега на ѕинговци
 
Back
На врв Bottom