Дефинитивно ќе биде тешко да се вклопат Дашјан и Ибро заедно во прв тим, поготово со Андреев на клупа. Дашјан не е за крило, ќе го утепаме, или Ибро да се проба на крило, или еден од нив двајца поназад, или пак двајцата заедно во средина како организатори со еден повлечен зад нив како деструктивец. Блажевски не е за шпиц, поготово ако е сам во нападот. Со Фичо функционираше добро, затоа што имаше слобода, се движеше повеќе, се извлекуваше да прими топка, вака тотално отсечен. Миранјан мене ме изненади припремиве, мада и реално не доби шанса есенскиот дел, а се приклучи касно односно кога почна првенството па не го видовме во право светло, што знам се труди, трча, се открива, мада и него го утепуваме кога игра како крило, и он подобро се снаоѓа како шпиц, може да се проба и со него како единствен напаѓач, тоа му е природна позиција а ни еднаш не го видовме таму. Глишиќ целосно ги утна припремиве, така да многу веројатно си ја изгуби позицијата за почетокот на сезонава, а и Петковски полека го губи местото во тимот иако и нема некоја конкуренција. Не знам зошто Спировски не го видовме денес само ?!
Ивановски/Миранјан
Блажевски ------------------------- Асани
Ибричиќ - Дашјан
Глигоров/Спировски
Попов - Грнчаров - Таневски - Хамбарџумијан
Пачовски
Според мене ова е составот што треба да го гледаме во почетните кола, на градски лесно би требало да се справуваме со противниците, треба да одиме и на малце поголем посед и подолго да ја задржуваме топката кај себе, да наметнуваме висок пресинг, да диктираме темпо. Играчи има, ама дали има тренер да ги вклопи во една целина ...