Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Шо е толку битно поединечно од кого ја не сум задоволен. Погледни ја целокупната физиономија на тимот. Излагаат колку да победат, најчесто и се мачат да стигнат до целта, без никаков мотив за игра и некој посебен ангажман, а за парите што ги зимаат треба буквално да ги газат сите. Народот не е мутав само ќе ти кажам. Имал Вардар и по 8000-10000 гледачи на мечеви од домашна лига, не е точно дека секогаш стадион зјаел празен.
Па баш таа акција со сезонските од ракомет ти е најубава потврда за залутаноста на тие што као демек го работат маркетингот на клубот. Како очекуваш таа публика да ти доаѓа на стадион, кога ни 50 % од структурата на истата не се стари вардарци што си идат ради името, а не од мода на ракомет. Таму пола и више се ради што е актуелен ракометниот клуб во моментов и за Вардар чуле од кога е дојден Самсоненко, како и дел со гратис карти добиени зашто компаниите кај што работат се спонзори на клубот. Тоа треба да си ретко глуп за да од сам старт не сфатиш дека е осудено на пропаст, а очигледно такви ги има побајаги во клубот...

Абе човек градиме екипа. Не ли гледаш пробуваме да земеме се што е квалитетно на пазарот независно од позицијата. Го проаѓаме сега истото што и во ракометот кога на почеток имавме 5 голмани. Се ќе си дојде на свое место ваљда до пред настапите во европа. Јасно дека тимот не е балансиран, јасно дека имавме повреди ама се тоа полека се исправува. Бараат напаѓач, ваљда и повредените полека ќе се средат па ќе имаме повеќе опции напред.

Не заебавај со тоа 8-10 000, таква публика за првенствена утакмица немало последните 10 години. Со карта од евро и пол тоа би покрило 2-3 казни. Како и секој тука и јас сакам да има публика ама тоа нема да се случи се дур и другите екипи не се издигнат на многу повисоко ниво а ффм и медиумите не почнат да посветуваат повеќе време и простор на нашата лига. До тогаш се е џабе, ќе има повеќе луге у кладилница него на стадион.

Некого прашав предходно еве и тебе ќе те прашам, ај натерај го стартиот да дојде на стадион. Види што ќе ти каже. Вардар и Скопје имаат многу љубители ама тие распознаваат квалитет и сакаат да гледаат добра и неизвесна утакмица, тој филм во оваа лига нема да го гледаме.
 
Иначе некако сите брзо го заборавивте Глишиќ и го отпишавте од стартниот состав .. :) А Мојсов е според мене, бар една класа подобар од Таневски, каде каде посигурен, а и помлад 4-5 години. Брзо ги заборавивте и киксовите на Таневски на почеток на сезона
 
To i jas sakam da go kazham (Y) !
 
Уште една атрактивна парцела во општина Центар оди на лицитација

Министерството за транспорт и врски продолжува со продажба на градежно земјиште на територијата на општина Центар. На понуда, со почетна цена од 2.200 денари за метар квадратен, е парцела со површина од 14.100 метри квадратни во Градскиот парк, на која во моментов се наоѓаат фудбалските игралишта за тренинг на клубот „Вардар“. На локацијата помеѓу Националната арена „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата ќе се гради објект за спорт и рекреација со приземје и еден кат. Атрактивната градежна парцела ќе се отуѓи на електронско јавно наддавање што е закажано за 3 февруари 2015 година, додека пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна до 28 јануари. Сите заинтересирани треба да достават банкарска гаранција во висина од 150.000 евра за сериозност на понудата.

Општина Центар во февруари годинава поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за располагање со државното градежно земјиште на нејзината територија, но до денешен ден не може да го оствари ова право на локалните самоуправи.

Прво стадионот, па сеа игралиштата да даде господ бел ден да не видат.
 
Ме мрзи да реплицирам на сите поединечно, само ќе кажам дека факт е дека организациски Вардар е на катастрофално ниво. Единствено што во ракометните клубови, спортскиот дел е многу појак, па ги покрива пропустите на организацијата.
 
Едина разлика е што ракометните клубови подолго се под капата на Самс и процесот на средување и застанување на нозе таму порано е одпочнат. Во РК исто ко во ФК изгубивме титула првата година, и таму инфраструктура се средуваше (малку побрзо ради ЖРК се беше одпочнато порано) и таму се трупаа играчи дур се најде правиот тим. Истиот рецепт само што во ФК ќе фати малку повеќе време (повеќе играчи и пари треба) али и тука се ќе си дојде на место.
 
Сериозно мислиш дека инфраструктурата на ракометниот клуб е добра? Тотално е офтопик, па затоа не би продолжил во темава. Реков спортскиот дел одлично работи, ама Даворче и екипата околу него се смешки. Тотални аматери. Не би им дал ни маалско клубче да водат.
 
И вие летнавте со паметот најискрено. Уште памтам коа игравте со Скопје решавачката и кога требаше да испаднете од лига, кога само Настески ви играше и имавте маалски играчи у клуб. Бидете задоволни шо дошол уопште некој да инвестира у клубов у нашава лига, 10 години неможевте спонзор саглам да најдете. Не ви одговарал тој играч, не ви одговарал овој... сите овие играчи шо ги носат се одлични за нашава лига сеа и вие барате преку леб погача. Ете почна да се работи, тренинг комплекси, нови играчи, промовирате неколку млади играчи. Ќе биде све и на организациски план, до вчера економот ви беше претседател на клубот (така е зборот) така да ова ви е одлично. Убаво е да критикувате, али смирено не заборавајте дека е ова македонска лига и Македонија. :D
 
Ама кога веќе се трошат пари, сите бараат паметно да се трошат, а не да си ќаруваат пари на Вардар со проценти или на свои другари да им нудат ненормални договори... Поради такви работи никогаш нема да тргне фудбалот кај нас, само ќе се продолжи со мачкање очи, а преку глава им е на сите од тоа верувам.
 
Малку забегувате и вие во врска со платите, прва работа кој колку зима официјално не се ни знае, втора работа, и да зимаат по 10-15 илјади евра, кој ќе ти дојде еве за помалку ? Како ќе привлечеш некој да дојде за 3-4-5 илјади евра да дојде да игра во Македонија кога може да си тера во странство за двојно или тројно повеќе.
 
СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО: ВАРДАР ЌЕ ИГРА КОНТИНУИРАНО ВО ГРУПИТЕ ОД ЛШ
„Мора да искажам најпрво благодарност до досегашните раководители на ФК Вардар, за кои откако почнав да преговарам за купување на клубот сфатив дека овие три години со огромна љубов го воделе Вардар, без никаква желба за профит но само со намери да се извади клубот на вистинскиот пат. Мојата цел е, пак, не еден настап на Вардар во групите на Лигата на шампионите, но континуирани учества во истата. Гарантирам дека ќе работам чесно и посветено, па заедно ќе се радуваме на идните успеси“ – истакна Самсоненко на 26 јануари 2014 година. G-din Samsonenko se dosega sho reche ispolna, rakometot si e na najvisoko mozhno nivo, sega vo ovaa 2015 nasa zhelba e da se svrtit pogledot kon FK Vardar i ako ne ova godina, drugata da go gledame vo grupite na Liga na Shampioni. Pozz VARDARCI SREKNA NOVA NA SITE !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom