kano
Farang
Шо е толку битно поединечно од кого ја не сум задоволен. Погледни ја целокупната физиономија на тимот. Излагаат колку да победат, најчесто и се мачат да стигнат до целта, без никаков мотив за игра и некој посебен ангажман, а за парите што ги зимаат треба буквално да ги газат сите. Народот не е мутав само ќе ти кажам. Имал Вардар и по 8000-10000 гледачи на мечеви од домашна лига, не е точно дека секогаш стадион зјаел празен.
Па баш таа акција со сезонските од ракомет ти е најубава потврда за залутаноста на тие што као демек го работат маркетингот на клубот. Како очекуваш таа публика да ти доаѓа на стадион, кога ни 50 % од структурата на истата не се стари вардарци што си идат ради името, а не од мода на ракомет. Таму пола и више се ради што е актуелен ракометниот клуб во моментов и за Вардар чуле од кога е дојден Самсоненко, како и дел со гратис карти добиени зашто компаниите кај што работат се спонзори на клубот. Тоа треба да си ретко глуп за да од сам старт не сфатиш дека е осудено на пропаст, а очигледно такви ги има побајаги во клубот...
Абе човек градиме екипа. Не ли гледаш пробуваме да земеме се што е квалитетно на пазарот независно од позицијата. Го проаѓаме сега истото што и во ракометот кога на почеток имавме 5 голмани. Се ќе си дојде на свое место ваљда до пред настапите во европа. Јасно дека тимот не е балансиран, јасно дека имавме повреди ама се тоа полека се исправува. Бараат напаѓач, ваљда и повредените полека ќе се средат па ќе имаме повеќе опции напред.
Не заебавај со тоа 8-10 000, таква публика за првенствена утакмица немало последните 10 години. Со карта од евро и пол тоа би покрило 2-3 казни. Како и секој тука и јас сакам да има публика ама тоа нема да се случи се дур и другите екипи не се издигнат на многу повисоко ниво а ффм и медиумите не почнат да посветуваат повеќе време и простор на нашата лига. До тогаш се е џабе, ќе има повеќе луге у кладилница него на стадион.
Некого прашав предходно еве и тебе ќе те прашам, ај натерај го стартиот да дојде на стадион. Види што ќе ти каже. Вардар и Скопје имаат многу љубители ама тие распознаваат квалитет и сакаат да гледаат добра и неизвесна утакмица, тој филм во оваа лига нема да го гледаме.