Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа се тие преодни рокови, кога прво сите можни репрезентативци ги поврзуваат со Вардар, за на крај Глишиќ и Филип Петковски најверотјано да потпишат за нас :vozbud::tapp::facepalm:
 
Тоа се тие преодни рокови, кога прво сите можни репрезентативци ги поврзуваат со Вардар, за на крај Глишиќ и Филип Петковски најверотјано да потпишат за нас :vozbud::tapp::facepalm:
Што му фали на Глишиќ бе? Па игра стандардно во појак состав од тој Вардар што го имаше сезонава, а и е подобар од 70% од нашите играчи. За од клупа џокер одличен е, башка што е млад 22 години.
 
Ништо не му фали, ако атакуваме на средината на табелата :) Или ако се бориме за опстанок...
 
За инат збориш сеа. Шиков не ни чинел, Глишиќ не ни чини, и на нас крај не можат да ни го најдат да му се невиди. :D
Мислам дека и Роналдо да го донесат, некој ќе речат абе што го носат Роналдо, што ќе ни е он, требаше Меси да го донесат. :)
За Филип Петковски не коментирам, него ако го донесат е си купам јаже и ќе барам некоја гранка подебела и се бесам друго ништо не преостанува.
 
За Шиков не реков дека не чинел, напротив би бил презадоволен ако во одбрана ги имаме Грначров, Шиков и Таневски. Слободно нека го одврзат кесето за нив.
Ама ако планираат бековски позиции да покриваат со играчи како Глишиќ, подобро нека не најавуваат Европски Вардар...
 
Во Тбилиси играше крило и бек, ама вторава полусезона само по крило играше и имаше супер полусезона. За да влегува од клупа е одличен пак ќе кажам според мене, од цикарски е подобар, а од Ѓоргиев има далеку даелку повеќе памет. :D
 
Чекај нели го земаа Љамчевски, што сега уште 5 леви бекови се спомнаа ?! Десен бек немаме, обавезно мора! Шиков бара премногу, мислам дека не ни е толку потребен у моментов за да даваме толку пари за него, ако е буџетот ограничен нека ги насочат тие пари на среден ред и напад, за у нашава лига не ни треба кој знае каква одбрана. Грнчаров - Таневски би биле топ тандем, само бекови да видиме кои ќе донесат. Среден ред Глигоров добро ќе ни дојде, ама сепак ни треба уште еден мислам тука, некој поофанзивен со оглед на тоа што би ги имале Глигоров и Деспотовски. Стојков добро би ни дошол во напад, Фичо очекувам да покаже многу повеќе. Ќе биде тешка сезона, осеќам некако дека пак ќе си напраат некои менаџерски игри и шкендија ќе земе титула :(
 
Што му фали на Глишиќ бе? Па игра стандардно во појак состав од тој Вардар што го имаше сезонава, а и е подобар од 70% од нашите играчи. За од клупа џокер одличен е, башка што е млад 22 години.

Башка што ни ја "работи" една ракометарка од ЖРК :D
 
И ја да бев фудболиста ќе ја шетав таа особа од ЖРК, очајна е душу и ебем :D
Во Тбилиси играше крило и бек, ама вторава полусезона само по крило играше и имаше супер полусезона. За да влегува од клупа е одличен пак ќе кажам според мене, од цикарски е подобар, а од Ѓоргиев има далеку даелку повеќе памет. :D
Глишиќ имал договор со Тбилиси за да мора да игра, како крило немаш теоретски шанси, па затоа бил префрлен како бек :)
Е сеа прашање е ако го донесат, на која позиција го имаат таксано
 
Ништо не му фали, ако атакуваме на средината на табелата :) Или ако се бориме за опстанок...
Сабја, ај не претерувај сеа и ти. Дечкото беше стандарден во три пути поарен тим од Вардар... на нас не ни чинел сеа. Шо демек подобри ти се Рибарот и Цикарски?! Не заебавај. Па и од тие другите што се споменуваа е најбољи избор според мене.
За Филип Петковски неам некое високо мислење, ама па како џокер од клупа и не е така лош. Поготово што Бујчевски се погуби скроз после суспензијата...
Тоа се тие преодни рокови, кога прво сите можни репрезентативци ги поврзуваат со Вардар, за на крај Глишиќ и Филип Петковски најверотјано да потпишат за нас :vozbud::tapp::facepalm:
Ваљда не се надеваше дека Георгиевски и Шиков ќе ти дојдат во Вардар особено што не излагаме во Европа. За почеток, носењето на Грне и Глигоров е сосем солидно.
 
Штета што Бујчевски доби суспензија во првиот дел од сезоната, мислам дека ќе распалеше есента под водство на Боби дур бевме.. После некако не доби шанса иако Фичо играше слабо, на тие две-три утакмици дур играше многу почесто влагаше во шанса од Фичо ама ете ..
 
Ако им се верува на ЦЦС, Јове и Ацо се враќаат во Вардар, но трагедија е што повеќе информации добиваме од неформални извори, отколку од самиот клуб кој се занимава за кого ќе сме навивале на СП.
 
Според ЦЦС, Костовски, Стојков и Глишиќ ќе бидат дел од Вардар, според Лико, Грне, Глигоров и Глишиќ ќе бидат презентирани во понеделник.
Некаде прочитав дека договорите им биле продолжени на Темелков, Деспотовски, Гроздановски, Петров и Таневски.

За другиве ќе разберам, ама што планираат со Темелков? Ако он ни остане како главен деструктивец, тешко нас :D

Десен бек немаме ни за лек :)

Според најавите составот засега би требало да изгледа вака:

Голмани: Павловиќ, Ристовски (ќе лета ваљда, така да мора да се бара уште еден голман)
Леви бекови: Љамчевски и Глишиќ, веројатно и двајцата можат да играат и како леви крила, така да не знам кој ќе биде бек, а кој крило од нив
Десни бекови: /
Централни дефанзивци: Таневски, Грнчаров, Стојчевски (можеби и Шиков)
Средина: Глигоров, Деспотовски, Темелков, Гроздановски, Ацевски (не знам колку ќе добие шанса)
Десни крила: Петров
Леви крила: Цикарски??? (За Асани нема потврда дали останал или не)
Напад: Стојков (ништо чудно и како крило да игра), Костовски

Можеби пропуштив некој играч, али во глобала тоа е моменталниот тим.
Под итно да се носи десен бек и тоа да не биде Македонец :D
Крила истотака немаме, подобро да донесат класични крила отколку со Стојков да играме, или уште полошо со Костовски како што правеше Илчо во првата сезона. Пред се да знае да нафрла крилото за да му сервира топки на Костовски, а не како овие дрвенарве што од 50 центар шутеви еден не можеа да погодат.

Срединава има добри имиња, али во последно време сите се камења. Деструктивец како Стјепановиќ на пример ни фали очајно во тимот.
 
Ги заборави во напад, Наумовски, Фичо и Бујчевски што ќе правиме со толку играчи во напад :pos:
 
Фичо, Илчо, Јове ако потпише, Петковски, тоаааа удри само на напаѓачи, друго ништо не ни треба

Сајбер, па Стојков е класично крило, од кај тоа дека е напаѓач. Глигоров, Деспо, Темелков, све тоа деструктивци и ти бараш деструктивец како Остоја, кој и не е деструктивец, туку баш она везен играч :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom