Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ima nesto gledam i dvojkava na Vardar od 1.8 na 1.3 padna ...Sigurno nema da tepate ...Inace oficijalno neznam dali e istecena kaznata zosto edno velat drugi drugo...Ako sakate odite nikoj nema da ve vrati ;)
Не ви е истечена казната, барем така ни кажаа ваши членови...
Некои чудни игри вртат. Реално и да ви ја дадеме денес, многу тешко дека ќе се спасите...
 
Абе нема да им ја дадеме! Извадете си го тоа од глава! Како прво управите на Тетекс и Вардар не се во добри односи, па ние да ги спасуваме. Ако изгубиме, тоа ќе биде само затоа што сме ужасно лоши во моментов, а Тетекс е далеку од слаба екипа.
 
Ќе имало и пренос на собраниски . :D
 
Па баш тоа значи дека ќе тепа Вардар. :)
Незнам колку го пратиш Тетекс, и како им се движат коефициентите...Сум приметил дека секоја утакмица, кога на еден од тимовите им паѓа коефициентот, истиот тим губи. Ваљда претходно ваѓаат муабети дека ќе тепа еден од тимовите, за едниот скока коефициентот, за другиот паѓа...и на крај оп, тепа тимот чиј коефициент драстично се зголемил.
За оваа утакмица коефициентот на Вардар падна премногу, што за мене ништо нема да биде чудно да излезе кец.


Ама ќе видиме, не им е дојдено на Вардар да мести (иако управава ваша покажа дека пред се ги интересира нивниот интерес отколку оној на клубот), така да незнам што да мислим.
 
Цикарски крило, Рибар бек. Да видиме како ќе оди. Петров десен бек, а и Борче е стартер.
Не знаев дека Генц Исени им се вратил од повреда на Тетекс o_O
--- надополнето: 7 мај 2013 во 16:35 ---
КОСТОВСКИИИИИИИИИИИ 0-1
--- надополнето: 7 мај 2013 во 16:43 ---
Каква остра игра од двете страни, колку што сме ние пријатели со Војводи, толку нашите два клуба се непријателски :eek:
Секогаш биле остри нивниве дуели и со тензии на теренот :unsure:
 
не им требаше ламбе на полувреме бе :D
 
Колку пати се повреди Пеџа денес? Колку е стаклен човече, секој допир му е повреда...
--- надополнето: 7 мај 2013 во 17:55 ---
Цикарски 0-2, добро е :)
Не се остварија предвидувањата дека ќе изгубиме, а мечов горе доле (ради големиот број на остри стартови воглавно) не изгледа за местен, мада кај нас никогаш не се знае.
Мичка игра солиден меч.
Рибар катастрофа, а највеќе ме разочарува Стјепановиќ. Што му е???
 
Леле колку мизерно играме еј. Неверојатно е колку сме незаинтересирани. Ова нашиве фудбалери не трчаат, се влечкаат на теренот. Па со ваква игра.. клуб од Малта или од Луксембург ќе не збрише.

Во секој случај, лапнавме три бода што е добро. Во Тетово, Шкендија-Металург 1-1. Ако успее Шкендија да кркне бод и со Турново во следното коло би било идеално.
 
Костовски ја запечатува победата на Вардар.
После којзнае колку госдини славиме како гости против Тетекс, идентично како и пред едно 6-7 години кога победивме со 0-3.
Рутинска победа, без многу напор, иако реално и ние не покажавме којзнае што.
Многу неповрзана игра, среќа што некои подинци беа расположени, а за волја на вистината и противничкиот голман беше катастрофа.

Ние 4 шанси имавме 3 гола дадовме :)
Тетекс со две полушанси...
Првата затоа што Милиќ спиеше истрчан па пак ќе примеше смешен гол од далеку. Втората одново лошо процени еден центар шут, некој од Тетекс врати во петте метри, но мислам дека Таневски блокираше со клизач во последен момент.
Ние брзо поведовме и може тоа беше причината зошто спласна темпото.
Костовски конечно погоди. Убаво ја поведе топката и уште поубаво погоди во долниот лев агол, мада и Манчевски беше лошо поставен.
До крај на полувремето ништо не видовме.
Само се жалеа на повреди и едни и други, ама истотака се играше и доста остро.
Пеџа не стана од земја, цело време се жалеше на повреди.
Денес највеќе потфрлија Рибар (неколку пати остави празен простор позади) и Стјепановиќ според мене. Невидлив беше и Маневски. Пеџа нколку пати добро знаеше да ја задржи топката, ама се одлучуваше на шутеви кои беа или блокирани или над гол.
Цикарски беше солиден, а и стрелец на вториот пгоодок.
Мичка изигра феноменално, покрај Костовски и Петров.
Асистент и на вториот и на третиот гол.
Вториов гол Цикарски убаво си ја прими по слободниот на Мичка и убаво погоди.
Измеѓу Петров натрча на една нафрлена топка од Мичка ама за жал погоди статива.
Костовски на крај му ја протна на Манчевски низ нозе за 0-3.


Добра вест е дека Шкендија им скина два бода на Металург.
 
Леле колку мизерно играме еј. Неверојатно е колку сме незаинтересирани. Ова нашиве фудбалери не трчаат, се влечкаат на теренот. Па со ваква игра.. клуб од Малта или од Луксембург ќе не збрише.

Во секој случај, лапнавме три бода што е добро. Во Тетово, Шкендија-Металург 1-1. Ако успее Шкендија да кркне бод и со Турново во следното коло би било идеално.
Возвраќа за пролазот во финале сега некако Шкендија хаха
 
Колку пати се повреди Пеџа денес? Колку е стаклен човече, секој допир му е повреда...
--- надополнето: 7 мај 2013 во 17:55 ---
Цикарски 0-2, добро е :)
Не се остварија предвидувањата дека ќе изгубиме, а мечов горе доле (ради големиот број на остри стартови воглавно) не изгледа за местен, мада кај нас никогаш не се знае.
Мичка игра солиден меч.
Рибар катастрофа, а највеќе ме разочарува Стјепановиќ. Што му е???


На Степјановиќ до кебапите му е,кога и да го видам мска месо дечкото :pos:

Иначе добра игра,и победа многу важна за борба за титулата,мораме до крај по мотивирано а Боби и то како знае да мотивира.
 
ETO DANASNA DOJAVA WINNNNNNN HT 0-1 FT 0-3 BESE NAMESTENA
http://www.facebook.com/aleksandar.siljanovski/posts/560126737361035
NAMESTEN MEC 100000%
Teteks-Vardar 2/2 (2,80) OVA DOAGJA DIREKTNO OD KLUBOT
WIN WIN HT (0-1) FT (0-3)
ETE VI DADOV FREE NAMESTEN MEC SE NADEVAM DEKA STE ZADOVOLNI ~
AJDE SEGA 30 LAJKA ~
http://www.facebook.com/aleksandar.siljanovski/posts/560126737361035



Види го па овој :pos::pos:
Незнам дали се заебава ....

ПС Гледам прогнозава од пред 3-часа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom