Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Curva_sud Друже може официјално да ни кажеш дали ви е намалена казната на 4 меча? Ако ви е намалена тогаш може да имате публика, ако не ви е, тогаш и овој меч треба да биде без публика...
 
Еве го најсилниот состав на Вардар во независна Македонија според мене. А на коментарите на оваа слика на Fк Vardar на FB, гледам и други се согласуваат со овамислење.:) Само од овој состав има минимум 5 сегашни или бивши репрентативци на Македонија. Ова е славната генерација на Вардар која 2003 за малку не влезе во лига на Шампиони.
602472_440871362674550_1027905421_n.jpg
 
Ова е 6-та утакмица после инцидентот, од каде тоа дека ја намалиле?
Иначе ако и оваа утакмица се игра без публика, а некој сака да ја гледа, нека ми пише на фб или овде преку ПП ;)
 
Еве го најсилниот состав на Вардар во независна Македонија според мене. А на коментарите на оваа слика на Fк Vardar на FB, гледам и други се согласуваат со овамислење.:) Само од овој состав има минимум 5 сегашни или бивши репрентативци на Македонија. Ова е славната генерација на Вардар која 2003 за малку не влезе во лига на Шампиони.
602472_440871362674550_1027905421_n.jpg
Составот од 92/93 е многу поквалитетен од овој, само што никогаш не добиле прилика да се покажат во Европа, инаку со 119 гола на 34 натпревари мислам дека сеуште се во топ 10 според постигнати голови во сезона во Европа, а сите пред нив се со 38 или 42 натпревара во сезоната. Овој тим славата ја доби само со европските натпревари тоа лето, додека во првенство се мачеа за да стигнат до титула, а куп не ни освоија.
 
Еве го најсилниот состав на Вардар во независна Македонија според мене. А на коментарите на оваа слика на Fк Vardar на FB, гледам и други се согласуваат со овамислење.:) Само од овој состав има минимум 5 сегашни или бивши репрентативци на Македонија. Ова е славната генерација на Вардар која 2003 за малку не влезе во лига на Шампиони.
602472_440871362674550_1027905421_n.jpg
Абе каде бил најсилен овој состав на Вардар во независна Македонија?! Ти не знаеш шо збориш! Освен тој успех против ЦСКА и незаслуженото испаѓање од Спарта, немаат постигнато ништо позначајно во Вардар. Дури ни титула не успеаа да освојат истата таа сезона, а нема збор дека имаа убедливо најдобар играчки кадар според звучноста на имињата, али немаше доволно хемија очигледно.
Тој состав од првите три години од осамостојувањето е без сомнение најдобар што го имал Вардар во независна Македонија. Штета што Македонија покасно стана членка на УЕФА, па немаа можност да се покажат во Европа. Инаку во пријателски натпревари, ги газеа сите екипи од околинава како од шала!
 
За утре на велико се уплаќа за кец, се вртат муабети дека ќе им ја пуштиме на Тетекс...
Дефинитивно овие не сакаат да освоиме титула. Најдобро за сите ќе биде да си одат по крајот на сезоната, па дали освоиле титула или не, нивното заминување во моментов ќе ни биде поголем трофеј од самата шампионска титула.
 
Такви муабети се вртеа и сезоната кога испаѓавме, демек Тетекс требаше да ни ја пушти утакмицата у Тетово, луѓе грдни пари фрлаа на 2ка, па се вративме со 3 комада дома...

Ја мислам нерешено ќе заврши.
 
Почнаа со барање алиби:

Тренерот Благоја Милевски, вели дека се соочил со недоволно подготвен тим кога повторно се вратил на кормилото на сениорскиот состав.

„Некој треба да одговара затоа што тимот е во ваква физичка кондиција. На куп-мечот против Шкендија, играчите од средниот ред, што по секоја логика треба да бидат најдоброто подготвени, се жалеа на грчеви во 60.минута од средбата. Тоа може само од една причина, недоволно квалитетни и темелни зимски подготовки“, вели Милевски.
 
За утре на велико се уплаќа за кец, се вртат муабети дека ќе им ја пуштиме на Тетекс...
Дефинитивно овие не сакаат да освоиме титула. Најдобро за сите ќе биде да си одат по крајот на сезоната, па дали освоиле титула или не, нивното заминување во моментов ќе ни биде поголем трофеј од самата шампионска титула.
Да сочекаме, па ќе коментираме. Не мора ништо да значи.
Мене не ми е верно ич дека некој сака да се откаже од титулата на сметка на Турново?!
--- надополнето: 7 мај 2013 во 08:36 ---

Па не е никакво барање алиби. Играчите се катастрофално физички подготвени затоа што ништо не работеле во Анталија, а тоа мислам дека и го наговести Кумплунг пред извесно време. Затоа и постојано се дешаваат повреди на играчите.
 
А едната те иста досадна тактика? И тоа да не му е алиби? Не викам дека не се лошо подготвени играчите физички, али лошата тактика и незаинтересираноста на одредени играчи не може да помине незабележана.
 
За утре на велико се уплаќа за кец, се вртат муабети дека ќе им ја пуштиме на Тетекс...
Дефинитивно овие не сакаат да освоиме титула. Најдобро за сите ќе биде да си одат по крајот на сезоната, па дали освоиле титула или не, нивното заминување во моментов ќе ни биде поголем трофеј од самата шампионска титула.

како бе за 1..за 2ка ја блокираа пола онлајн кладилници..пак некој од управите си товараат, слично како и со Дрита :)
 
Таков е муабетот низ Скопје, дека денес ќе им ја дадеме за да се спаселе...
 
Ima nesto gledam i dvojkava na Vardar od 1.8 na 1.3 padna ...Sigurno nema da tepate ...Inace oficijalno neznam dali e istecena kaznata zosto edno velat drugi drugo...Ako sakate odite nikoj nema da ve vrati ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom