Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дур не се вратат Захов, Злате и Мите во прв тим, ќе се дешаваат вакви циркуси! Дечките заедно играа повеќе од година дена и Џиџи се тоа успеа да го растури за еден месец.
А овие од управа какви бескчимењаци се... тешко на Вардар со такви раководни лица.
Захов повреден, толку од него за оваа сезона, Таневски уште се мачи изгледа со коленото, а Цикарски? И на раце да трча, џабе ќе му е, шансите да заигра пред Рибар се 1 наспроти 100.


Зборовите на градоначалникот наш вчера пред утакмицата, состанок имале: „Џиџи е донесен за Европа, не за Македонско првенство
:facepalm:
Шта речи? :facepalm:
 
Што е најтрагично па си ја препишува заслуггата како негова, за пеналот он одлучил да шутира Остоја абе каков ќутек би му удрил бе па ќе не прави луди уште па ОСотја од скеад ги шутирал пеналите и сега демек он одлучил да шутира СОотја леле ќутек само за овој и на клоци да се избрка од Вардар.
 
Цццц ај што ја разјеба екипата,ама колку успеа за само 2 месеци да ја расипе атмосферата околу клубот тоа не е нормално.....
Џиџи мајсторе......

Донесен за во Европа,а каков труп е нема ни да ја избор таа Европа :facepalm:
 
Џиџи вика не би го коментирал судењето и после тоа уште минута и пол коментира како не оштетиле! Абе опинок, губи се од Вардар!
 
ЦРВЕНО ЦРНО СЕМЕЈСТВО


По вчерашниот пораз од Металург, Горан Митев алијас Савиќ, оној комичен лик што се претставува како извршен директор на Вардар, излезе со најава за казни на фудбалерите поради нивното понашање како на манекенска писта?! Истиот што ги казни вработените во младинската школа поради катастрофалните резултати на подготовките на првиот тим. Какви манекени црни Савиќу, па истите овие дечки, доколку Илчо им дозволеше ќе го бутнеа БАТЕ во Скопје! Но твојот најголем проблем не се играчите, туку стручњакот што го ставивте и поради кој сега ќе си апнете од г'зот зашто немате храброст да го смените. Изгледа побитно е да не отиде тендерот за снабдување со сол на Град Скопје отколку да не спасите Вардар и сите нас од неговото изживување?! Дали може ги чекате изборите за да соберете храброст да го смените стручњакот?! Успеавте да ги избркате сопствените навивачи од трибина во соработка со МВР зашто не ви се допадна нивното непотчинување према вашите заповеди, па излагате со трагикомични соопштенија за фер и коректно навивање, а на западната трибина едвај 50 мачиња диригирани од партија што скандираат: Џиџи мајсторе?! Тој па кутриот зумба инструктор само за да си ја спаси кожата, почна јавно да покажува со прст према Оса, а заборава да напомене што се случуваше со Вардар цели 70 минути?! Треба да и даде одговор на вардаровата јавност зашто го остави репрезентативецот Остоја на клупа, зашто се ставени на лед Цикарски и Маневски, зашто од него толку посакуваниот Милиќ зема неверојатни 5000 евра месечна плата, а брани како почетник, за бламажата со модниот дизајнер од Гана и за ред други неосновани потези! Трагедијата е што Савиќу не знаете ни еден фудбалер од ПМФЛ, па на пријателската со Тетекс немате појма кој е играчов што не растури (во случајов Боби Божиновски), а за жал сте директор на најголемиот фудбалски клуб во државава. Како капак на се, во младинската школа донесовте тренер, еден најобичен лигуш, што предничел во омаловажување на Вардар, а од друга страна една икона со големо срце, нашиот и секогаш наш Тетовче, максимално ја изигнориравте, веројатно плашејќи се од неговата сенка! Прашањето е што ќе оставите зад себе со оној бивши кошаркар откако ќе си заминете зашто освен таа една титула, ништо друго не направивте, воопшто не го изградивте Вардар како клуб!
На самиот крај, наменето за вас Г-дине Трајановски, ЦЦС е сигурно во вашите искрени намери и ви укажува да обратите внимание на тоа што оваа банда прави во и од Вардар!
 
Сеуште неможам да им поверувам на очите што се се случува во последниве години со нашиот клуб. Зошто никој не ја сваќа големината на ФК Вардар? Дали сеуште не се свесни што значи да бидеш дел од ФК Вардар?
Имаат ли искрени намери Вардар да се врати повторно на старите патеки, да покаже заби и да стига далеку во Европа?
Подобро би одбрал да бидеме просечен тим, отколку да имам такви играчи, таква управа кои немаат свое јас и кои немаат поврзаност со фудбал. Такви луѓе дефинитивно не му требаат на сеуште најдобриот клуб во Македонија.
Останува да се надеваме дека ќе се свестат и дека ќе ги удрат тие празни глави во ѕид и сватат дека со вакви потези и вакви ''стручнаци'' само му наштетуваат на клубот. Да се надеваме дека идат подобри времиња за клубот. Поддршката никако нема да изостане од навивачите, тоа и самите во клубот го знаат.
Впрочем, управите и играчите се менуваат остануваме само ние!!!
 
Џиџи направи голема грешка со тоа што го отстрани Оса од првиот тим а воопшто и од тимот.
Како прво, тој мисли дека ова ке им даде мотив на играчите, а наспротив тоа ке се наруши целосната атмосвера во тимот. Ова е навистина жално, играч кој минатата сезона беше еден од клучните и виновни за вашата титула, сега е виновник за 1 пораз? Ваљда сите знаеме дека секој има свои лоши денови, месеци, макар и година дена. Сите играчи имаат пад на форма, тоа е едно нормално дејствие кои сите играчи го имаат доживеано, наместо подршка тој добива т.н отказ. Стварно жално..значи ако беше така Валдес како најслаба карика на Барселона оддамна требаше да биде исфрлен и од тимот, а ако играше во Вардар па можда и ке го депортираа во Вукојебина..:facepalm:
 
Ја утепа цела атмосфера во тимот и надвор од него му ебам тоа препотентното копиле.
Доаѓа во тим кој беше прв на табела со добро скроен состав, сдоста реално да освои титула.
Се истрча со смешна изјава, дека ќе сме влегле во групи од ЛЕ :unsure:
Кои црни групи од ЛЕ, далеку сме ние од Европа...
Па после уште посмешна изјава, ќе купел само играчи кои биле 50% подобри од веќе постоечките.
Ништо од тоа, цела сезона гледаме нен ни оди на десен бек, дека Мичка неможе цело време да игра и игра се послабо и послабо, носат "замена" која не е ни фудбалер, некојси изгубен тип од Австралија кој нема сигурно ни минутка да заигра.
Сакаа сда ни направат превара со Кофи за да лапнат некој денар, ама видоа дека ги откривме и свиткаа опаш.
После тоа ни носи голман кој му бил омилен и порано, голман кој нема никаков рефлекс, се изнаприми голови...
Лев бек носи играч кој сите очекувавме дека ќе биде подобар од Цикарски. После сите мечеви укапиравме дека е мизерија за во одбрана, но само Џиџи уште не го увидел тоа, Мите не е ни на клупа, а овој си игра како ништо да не се случило.
Носи играч од Кипарска втора лига, со скоро никаков квалитет по досега покажаното.
Прави рокади во цел тим, седнува на клупа стандардни играчи, им менува позиции, секој меч различна позиција играат играчиве.
Му даде кредит на Јове што сака да си прави, овој се опушти кур го боли сега, си мава петици, си прави црвени...
Цел тим го упропасти...
Оса го става да игра константно, самиот го фрла во оган после долгата повреда, и после неколку меча го БРКА ОД ТИМОТ.
Ајде да го седне на клупа разбирам, стварно беше слаб и со Металург и со Шкендија, ама да го избрка?
Ранѓеловиќ нигде го нема, му барале пари за да игра :facepalm:
Го брка Стојаковиќ, носи замена со ист ако не и помал квалитет (според мене полош играч од Игор, за други обратно).
Да си дозволиш мртва екипа како Металург три гола да ти даде, а се бориш за титула :eek:
Страшно...
И пак сите се криви, само он е прав :нинџ:
 
Се знаеше дека некој ќе го крка стапот, и нормално на најнемоќниот се префрла вината. Колку што има кривица Оса, за Металург, толку има и Јове, ама нормално, кој ќе се осмели да му контрира на Јове...

Управа све да ви ебам, кретени едни. Пичкици скапани...

Се надевам само дека и играчите нема да бидат пички како управата, туку ќе бидат мажи и ќе застанат позади Оса.
Додека играчите не почнат да го бојкотираат Џиџи, вакви работи ќе се дешаваат...
 
Се знаеше дека некој ќе го крка стапот, и нормално на најнемоќниот се префрла вината. Колку што има кривица Оса, за Металург, толку има и Јове, ама нормално, кој ќе се осмели да му контрира на Јове...

Управа све да ви ебам, кретени едни. Пичкици скапани...

Се надевам само дека и играчите нема да бидат пички како управата, туку ќе бидат мажи и ќе застанат позади Оса.
Додека играчите не почнат да го бојкотираат Џиџи, вакви работи ќе се дешаваат...
Ако продолжи вака, нема да биде далеку моментот кога играчите ќе почнат да го бојкотираат. Иако се мислам дека Џиџи паѓа после локалниве избори. Толку ќе му биде!
 
Сега дури приметив дека третиот гол бил со нога :pos:

Со вакви играчи ни во Интер тото куп не може да игра, дозволиле балон топка да ги прелета и да падне на нога :pos:
 
Ако продолжи вака, нема да биде далеку моментот кога играчите ќе почнат да го бојкотираат. Иако се мислам дека Џиџи паѓа после локалниве избори. Толку ќе му биде!
Изгледа дека управата има премногу верба во Џиџи, ама со тие луѓе од горе, никад не се знае. Може како што беше со Боби, ќе удрат пак така.

Денес во Ѓорче пријателска, Македонија-Вардар 1:2. И на двата гола стрелец Маневски (y) На полувреме губевме 1-0 :facepalm:
Во паузата меѓу прво и второ пулувреме излегоа новајлиите, Рибар, Педро, Петровиќ, и Петров, а на нивно место влегоа Цикарски, Борче и Темелков, и Хорхе и одма мрдна играта.
Битолчанецот распали денес два одлични гола, пај дибекот Џиџи нека го остава на трибина. Првиот му беше шут од 15на метри, на одбиена убаво ја заби, а вториот по лева страна, по асистенција на Цикарски убаво ја пласираше во лев агол.
Борче за Педро е доктор ОЗ.

Вака-така, теретот е пак на старите играчи, они денес го спасија Џиџи од нов срам.

Краток и јасен мојот дневен извештај :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom