Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Упаѓам на сред расправија.... ама ако има некој време нека пише нешто повеќе за Добринко Илиевски - Пижон?
Ќе го биде во Брегалница или и он ќе ни биде Маскота ради Про-Лиценцата?
Да не испадне дека сум пристрасен пошто живее во моја населба, ама кога несака друг да ти одговори ете јас ќе се обидам :D
Пижон пред се е тренер во права смисла на зборот, значи физички/кондиционен/технички тренер. Сум имал другари кои приватно тренирале со него и биле многу задоволни. Е сега од тактички аспект незнам колоку е подготвен да води една екипа, али ете мора од негде да се почне. На тој план мислам дека не е најсоодветно да почнува директива од прва лига, може втора лига или младинска категорија за старт ќе му беа подобра опција.
Ама чим има про-лиценца може е добар и на тој план.
 
Ауу како му се урнавте на naumdb небаре дојде во фан клубов и пиша: Слога шампион, Шверцери најјаки! Не ми е јасно зошто ја браните управава сега (признавам дека отпрвин полу гласно изразувавте незадоволство) кога реално за ова што го направија треба да одговараат. Нели кога замина Илчо ќе се продолжеше по принципот на Барса и помошникот (кој патем најдобро ги познавал играчите) ќе си биде главен менаџер. Еве замислете од Барса да го избркаат Тито (иако се први на табела и напредуваат во купот) и го донесат пример Бенитез (познато име но во последен период не направило ништо) и да им ги удрат склоците на неколку squad players и Рафа си донесе негови играчи кои можеби се подобри од избрканите, а можеби не. Незамисливо е затоа што Барса е клуб каде сакаат резултати а не лопови во тимот.

Не ми е јасно зошто Џиџи? Бил тренер во Албанија, втора Романска лига и Бангладеш, факин Бангладеш!!! (еднаш дури и им гледав натпревар, со Џиџи како селектор се разбира и шта речи... Батињата не можеа да се погодат на пола метро, послаб натпревар немам гледано, играчите од македонска трета лига за нив се професори) Уште по првата изјава (таа за Кофи) се гледа дека е лажго. Башка, Џиџи нема да ја зема платата на Боби. Ако сакаа име, Канатлароски и Ѓоре им се слободни.

Зошто се трошат пари за голман? Наместо да го јачаат Захов тие го седнуваат на клупа, за да брани 30 годишен Словенец кој нема клуб од јуни. Зошто се брка Стојаковиќ после една и пол сезона (значи воигран, запознаен со условите, споиграчите) и на негово место се носи друг полу-докажан Србин? За малку ќе го подметнеа младинецот на Хамбургер :pos::tapp:. Сите се согласуваме дека Ѓешо не е играч за во Вардар, но зошто да се брка сега кога Шкендија е за никаде, Турново падна и освен Металург ако не се здиват Вардар сигурно освојува титула и се носи исто така не докажан фудбалер. Немаше да биде подобро парите за сите овие глупости да се чуваат сега, и в лето да се донеси некој докажан играч? Значи се носат поскапи верзии почнувајќи од Џиџи се до португалецот кога титулата веќе е освоена и плус се плаќаат раскини на договори!! Па тоа е срамота.

Викате дека не доаѓале играчи во првенства како македонското. Еве замислете дека вие сте играчи и ви викаат имаш понуда од Мали за 7к и од Нигерија за 5к, кај ќе потпишете? На црнчугине од Африка ич не им менува дали ќе дојдат во Македонија, Естонија, Босна, Литванија, Албанија, Молдавија, Бугарија... Ќе потпишат каде што им плаќаат повеќе. Е наместо Вардар да ги чува парите и да ги употреби кога имаат можност да купат прав играч тие сега трошат на глупости (макар што сите ние знаеме што всушност прават) и после немало пари. Не може да ме убедите дека играчите ги интересира лигата, кога можеше Емил Мпенза од Сити по само една година да потпише за Невчи, Винстон Паркс исто е во Азербејџан, Карлос Диого од Вест Хем и Реал потпишал за ЦСКА Софија. Не дека Варадар има моќ во моментов да плаќа такви играчи но сигурно може и мора подобро од Милиќ, Бонафачио, Кофи и компанија. Како се донесоа Пеџа, Остоја, Таневски, Ивановски? Ако е вистина дека Борче зема 4к месечно значи странциве во најлош случај земаат приближно толку. 4 играчи по плата од 50к годишно тоа се 200к годишно колку што побарал Мојсов, играч од кој што по една сезона можеш да заработиш милионска сума.

Управата... Па кој од управата е познато име од фудбалските терени? Никој. Јас гарантирам дека ако го имавте Ацуле за претседател, иако е преварант над преварантите, уште на полу-сезона Вардар ќе беше шампион. Па овие луѓе немаат врска како се води клуб. Ацуле го има фудбалот во малото прсте.
Не треба да имаш скаутинг мрежа, доволно е да имаш во клубот бивши играчи со контакти, кои да свртат 2-3 броја ќе најдат играчи од првенствава од бивша Југославија за 50% подобри од сегашните. Не ти требаат милионски суми за да пратиш бугарско, албански, српско, босанско првенство. Во летото ги гледав Сараево- Левски, капитенот на Сараево е ѕверка и на крај на сезона му истекува договорот според трансфермаркт, ако може да го плаќа Сараево зошто да не може да го плаќа Вардар, Сулиќ исто е играчиште, жалосно е кога ќе видиш играч како Јуруков да игра во Перник, или Баже мислите ќе се вратеше ако му понудеа двојно повисока плата во Романија?
Има играчи и не е тешко да се најдат, ама ќе се појават ако ги побараат прави познавачи на фудбалот, а не мафијаши и апаши.
Ај ќе ти одговорам на болдираните делови зашто се чуствувам за прозван :)
1. Не знам колку редовно го следиш фан клубот на Вардар затоа што скоро ич неам забележано да постираш, ама ние што најмногу пишуваме тука, редовно ја критикуваме управата за нејзината работа. Не ми е јасно од кај извлече заклучок дека ја браниме управата на било кој начин???
2. За Џиџи се слагам дека не е некој избор и веќе кога се решија да го сменат Милевски, мораше да донесат многу подобар тренер. Вака имам чуство како да ништо значајно не се променило.
3. Кои имиња се Канатларовски и Ѓоре, другар? Како играчи се слагам дека се имиња, и тоа големи за македонски услови, ама како тренери не можам да се сложам. Цапар му даваа на два пати шанса во Вардар, и да не беше оној договор меѓу Брацо и Ацуле за размена на трофеите, немаше ништо да освои. Поисфорсиран тренер од него во Македонија тешко да има. Па и Ѓоре не е нешто поарен. Направи кариера благодарение на Трифун и беспрекорното функционирање на Работнички Кометал. Од тогаш го нема нигде да покаже дека е стварно толку способен стручњак.
4. Не избрзувај за Захов. Ќе видиме дали тој Словенецот ќе успее да го седне на клупа.
5. И Стојаковиќ не беше докажан играч, па се снајде. Ни мене не ми се допаѓа што го ослободија, ама реално каква иднина може Вардар да гради со него. Петровиќ е барем 5 години помлад.
6. Да не се повторувам. Многу пати сум ја критикувал управата дека нема идеја што му треба на Вардар.
7. Нема шанси да ти дојде играч на Сараево во Вардар. Едино ако му дадеш понуда како оние нафташите во Азербејџан, па да го наканиш. Они ја гледаат Македонија под нивното ниво, што и реално е така, бидејќи преку нивното првенство и репрезентација е многу полесно да се продадеш во квалитетна странска лига. Каков предивзик би му било него да доаѓа во Македонија ако ги заработува истите пари или приближно на тие?
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 15:55 ---
Зошто и ФК Вардар да не биде? Мислам дека со далеку помал буџет во 2003 Вардар беше на прагот на ЛШ... Сега доколку се помине првото квалификациско коло патот е уште полесен од тогаш.
Не беше далеку помал. И тогаш имаше скапо платени играчи за наши услови. Проблемот е што и 2003, и сега, нема долгогодишна стратегија, и затоа би рекол дека тој успех беше пред се чиста случајност. Знаеме сите што му се случи на Вардар после таа 2003 година зашто погрешно се работеше.
 
RedBlack

Орце, има и Италијанско државјанство? :icon_lol:

Nema vrska muabetot bas go prasuvav Macola zatoa i go bucnav mu vikam , Orceta nas glaven u italija a ? :D I na toa kaza deka bas nema vrska so nikoj od causive nasi, plus toa Macola e anti vladava i te kako gi neke, tuku celava rabota ide preku negov prijatel nz kako kaza ne go razbrav bas ubavo. U globala ne stoi nikoj od causive pozadi seto ova
 
Ростерот и не е толку лош. Јас очекував дека Цикарски и Ѓоргиев може да си заминат.
Немаше понуди за нив?
 
Упаѓам на сред расправија.... ама ако има некој време нека пише нешто повеќе за Добринко Илиевски - Пижон?
Ќе го биде во Брегалница или и он ќе ни биде Маскота ради Про-Лиценцата?
Стана тренер во Ѓорче благодарение на доброто пу*ење ку*ови. Ќе ве оправи....Толку за него.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 18:37 ---
Иначе една критика вака.....Португалецов кај Орце у ГТЦ ли го претставувате бе ?
Неможете иницијатива некоја да направите како што личи да се претставуваат играчите. Ова е позитивна критика.
 
Nema vrska muabetot bas go prasuvav Macola zatoa i go bucnav mu vikam , Orceta nas glaven u italija a ? :D I na toa kaza deka bas nema vrska so nikoj od causive nasi, plus toa Macola e anti vladava i te kako gi neke, tuku celava rabota ide preku negov prijatel nz kako kaza ne go razbrav bas ubavo. U globala ne stoi nikoj od causive pozadi seto ova
Додека не видам со свои очи не верувам ;)
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 20:09 ---
Ростерот и не е толку лош. Јас очекував дека Цикарски и Ѓоргиев може да си заминат.
Немаше понуди за нив?
Имаше понуди за нив од Шавахаузен. :icon_lol:
Ама Џиџи не ги дава, ќе му биле потребни за во Лига Европа ;)
 
Правите почетничка грешка при споредувањето на буџетите. Во 2003та најголемата плата би била 3-4 милиони евра, сега Ето зема 20 милиони евра. Значи, ако порано со 1 милион си можел да склопиш добар тим, сега ќе ти требаат најмалку 2-3 милиони. Исто така, лигата е се полоша и требаат повеќе пари за привлекување на играчи. Единствено добро е што форматот на квалификации ни овозможува полесно да влеземе во групите од ЛШ.
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14747
Костовски си оди???

Со оглед на тоа што овие од екипа ќе ја уредуваат страната на Вардар, сигурно први ги знаат ваквит вести околу новостите во клубот...
Се надевам дека е само шпекулација :facepalm:
Да не останеме пак тенки со играчи како лани што не поебаа Кинезите со Гроздановски, ти ебам тоа црвите жути :icon_mrgr:
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14747
Костовски си оди???

Со оглед на тоа што овие од екипа ќе ја уредуваат страната на Вардар, сигурно први ги знаат ваквит вести околу новостите во клубот...
Се надевам дека е само шпекулација :facepalm:
Да не останеме пак тенки со играчи како лани што не поебаа Кинезите со Гроздановски, ти ебам тоа црвите жути :icon_mrgr:
Ај па и ти, ќе ги одбие како што ги одби и Полјаците :D

Море може овие пак да не заебат, па на крај да останеме со прстот во уста...
 
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=14747
Костовски си оди???

Со оглед на тоа што овие од екипа ќе ја уредуваат страната на Вардар, сигурно први ги знаат ваквит вести околу новостите во клубот...
Се надевам дека е само шпекулација :facepalm:
Да не останеме пак тенки со играчи како лани што не поебаа Кинезите со Гроздановски, ти ебам тоа црвите жути :icon_mrgr:
Овде пишува дека ќе си замине за оштета, а претходно нели требаше без оштета? Ако е со оштета, може да оди, ги имаме Стојков и Бонафичио како напаѓачи.
 
Овде пишува дека ќе си замине за оштета, а претходно нели требаше без оштета? Ако е со оштета, може да оди, ги имаме Стојков и Бонафичио како напаѓачи.
Ама они двајца не се класични напаѓачи. Јеботе не сме ние Барса, па да играме со лажни 9ки. :D
 
Ај па тие ваљда нема да спаднат од коњ на магаре, односно од Дрогба и Анелка на Костовски :D Шала на страна, не дека ќе жалам по Костовски, ама пројде преодниот рок кај нас (кој ли морон го напраи до февруари), а ако си отиде ќе биде богами кнап во нападот. Се надевам дека нема да ни се повтори истото како со Гроздановски лани.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 19:23 ---
Ама они двајца не се класични напаѓачи. Јеботе не сме ние Барса, па да играме со лажни 9ки. :D
Португалецот ми се чини е. Сепак преризично е да останеме само со него.
 
Ај па тие ваљда нема да спаднат од коњ на магаре, односно од Дрогба и Анелка на Костовски :D Шала на страна, не дека ќе жалам по Костовски, ама пројде преодниот рок кај нас (кој ли морон го напраи до февруари), а ако си отиде ќе биде богами кнап во нападот. Се надевам дека нема да ни се повтори истото како со Гроздановски лани.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 19:23 ---

Португалецот ми се чини е. Сепак преризично е да останеме само со него.
Не е португалецот класичен напаѓач како Јове, и полушпиц е...
Иначе да, преризично е да останеме на него.
 
Изгледа како прилична сигурна информација :D
Незнам шта речи коју послуку порати... :icon_mrgr:
Ќе биде интересно да видиме какви му се квалитетите за во нашава лига :pos:
Само некако овој ако дојде тоа значи Стјепановиќ го спремаат за да си оди...
А тоа воопшто не ми се допаѓа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom