Ауу како му се урнавте на naumdb небаре дојде во фан клубов и пиша: Слога шампион, Шверцери најјаки! Не ми е јасно зошто ја браните управава сега (признавам дека отпрвин полу гласно изразувавте незадоволство) кога реално за ова што го направија треба да одговараат. Нели кога замина Илчо ќе се продолжеше по принципот на Барса и помошникот (кој патем најдобро ги познавал играчите) ќе си биде главен менаџер. Еве замислете од Барса да го избркаат Тито (иако се први на табела и напредуваат во купот) и го донесат пример Бенитез (познато име но во последен период не направило ништо) и да им ги удрат склоците на неколку squad players и Рафа си донесе негови играчи кои можеби се подобри од избрканите, а можеби не. Незамисливо е затоа што Барса е клуб каде сакаат резултати а не лопови во тимот.
Не ми е јасно зошто Џиџи? Бил тренер во Албанија, втора Романска лига и Бангладеш, факин Бангладеш!!! (еднаш дури и им гледав натпревар, со Џиџи како селектор се разбира и шта речи... Батињата не можеа да се погодат на пола метро, послаб натпревар немам гледано, играчите од македонска трета лига за нив се професори) Уште по првата изјава (таа за Кофи) се гледа дека е лажго. Башка, Џиџи нема да ја зема платата на Боби. Ако сакаа име, Канатлароски и Ѓоре им се слободни.
Зошто се трошат пари за голман? Наместо да го јачаат Захов тие го седнуваат на клупа, за да брани 30 годишен Словенец кој нема клуб од јуни. Зошто се брка Стојаковиќ после една и пол сезона (значи воигран, запознаен со условите, споиграчите) и на негово место се носи друг полу-докажан Србин? За малку ќе го подметнеа младинецот на Хамбургер


. Сите се согласуваме дека Ѓешо не е играч за во Вардар, но зошто да се брка сега кога Шкендија е за никаде, Турново падна и освен Металург ако не се здиват Вардар сигурно освојува титула и се носи исто така не докажан фудбалер. Немаше да биде подобро парите за сите овие глупости да се чуваат сега, и в лето да се донеси некој докажан играч? Значи се носат поскапи верзии почнувајќи од Џиџи се до португалецот кога титулата веќе е освоена и плус се плаќаат раскини на договори!! Па тоа е срамота.
Викате дека не доаѓале играчи во првенства како македонското. Еве замислете дека вие сте играчи и ви викаат имаш понуда од Мали за 7к и од Нигерија за 5к, кај ќе потпишете? На црнчугине од Африка ич не им менува дали ќе дојдат во Македонија, Естонија, Босна, Литванија, Албанија, Молдавија, Бугарија... Ќе потпишат каде што им плаќаат повеќе. Е наместо Вардар да ги чува парите и да ги употреби кога имаат можност да купат прав играч тие сега трошат на глупости (макар што сите ние знаеме што всушност прават) и после немало пари. Не може да ме убедите дека играчите ги интересира лигата, кога можеше Емил Мпенза од Сити по само една година да потпише за Невчи, Винстон Паркс исто е во Азербејџан, Карлос Диого од Вест Хем и Реал потпишал за ЦСКА Софија. Не дека Варадар има моќ во моментов да плаќа такви играчи но сигурно може и мора подобро од Милиќ, Бонафачио, Кофи и компанија. Како се донесоа Пеџа, Остоја, Таневски, Ивановски? Ако е вистина дека Борче зема 4к месечно значи странциве во најлош случај земаат приближно толку. 4 играчи по плата од 50к годишно тоа се 200к годишно колку што побарал Мојсов, играч од кој што по една сезона можеш да заработиш милионска сума.
Управата... Па кој од управата е познато име од фудбалските терени? Никој. Јас гарантирам дека ако го имавте Ацуле за претседател, иако е преварант над преварантите, уште на полу-сезона Вардар ќе беше шампион. Па овие луѓе немаат врска како се води клуб. Ацуле го има фудбалот во малото прсте.
Не треба да имаш скаутинг мрежа, доволно е да имаш во клубот бивши играчи со контакти, кои да свртат 2-3 броја ќе најдат играчи од првенствава од бивша Југославија за 50% подобри од сегашните. Не ти требаат милионски суми за да пратиш бугарско, албански, српско, босанско првенство. Во летото ги гледав Сараево- Левски,
капитенот на Сараево е ѕверка и на крај на сезона му истекува договорот според трансфермаркт, ако може да го плаќа Сараево зошто да не може да го плаќа Вардар,
Сулиќ исто е играчиште, жалосно е кога ќе видиш играч како
Јуруков да игра во Перник, или Баже мислите ќе се вратеше ако му понудеа двојно повисока плата во Романија?
Има играчи и не е тешко да се најдат, ама ќе се појават ако ги побараат прави познавачи на фудбалот, а не мафијаши и апаши.