Алелуја ОФИЦИЈАЛНО КОФИ СИ ОТИШОЛ
Мило ми е што кренавме толку фама и практично ГО ИЗБРКАВМЕ ТИПОВ

Ете што ти значи кога бар малку ќе реагира некој.
Резиме засега, дојдоа левиот бек Димитрија Лазаревски, голманот Дејан Милиќ, напаѓачот Педро Бонифачио и полушпицот Жарко Симјановски.
Тимот го напуштија најслабите, Зоран Бошковски и Благоја Гешоски, но изненадувачки и Игор Стојаковиќ кој беше далеку од лош.
Шпекулации: Се најавува Александар Петровиќ како полушпиц од БСК Борча, шпекулации околу Ацо Стојков, Ндерим Неџипи и Бајо. Има шпекулации дека Цикарски ќе си оди, дека веќе бил на прегледи во Букурешт

Исто се шпекулира дека Маневски ќе си оди, а има шпекулации и за Оса.
Голмани: Дејан Милиќ, Костадин Захов, Горан Симов
Одбрана: Милан Илиевски (десен бек), Мирослав Вајс, Раденко Бојовиќ, Златко Таневски (централни), Димитрија Лазаревски (лев бек), Мите Цикарски (лев бек/лево крило)
Средина: Хорхе Хименез, Филип Петров (десно крило), Оса, Александар Темелков, Остоја Стјепановиќ (дефанзивна средина/средина), Предраг Ранѓеловиќ (средина), Жарко Симјановски (полушпиц/офанзивна средина), Драган Георгиев (лево крило)
Напад: Јован Костовски, Педро Бонифачио, Борче Маневски (полушпиц понекогаш)
Средина (и офанзивна средина) имаме многу играчи, ама они постојано гледаат уште по некој нов да донесат.
Не гледам потреба зошто би се носел уште некој на пзоицијата на Симјановски.
Ете нека го задржат Маневски за на таа позиција, нека бидат и двајцата во план.
Ни треба уште еден напаѓач, па зошто да не играме со двајца напаѓачи...
Ако си оди Цикарски ќе имаме само еден лев бек и само едно лево крило

А засега не се споменува никој како засилување по лева страна. Исто имаме само еден десен бек, а никаква најава нема дека ќе се носи уште еден
