Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и Ацо би ни дошол супер, ама крило игра, не е класичиен напаѓач, а нас ни треба тоа.Затоа сум за повеќе за Бајо или Баже.
Јас мислам дека немаше потреба од португалецот, ќе си го земевме Ацо и еден класичен голгетер.:)
Па и онака ние играме само со еден шпиц. Ќе го тупнеме Ацо по крило и после нека му ја мислат другиве :D
Стојков последниве 2-3 год беше цел и на Рабптнички,но секогаш остануваше во странство.
Исто и овој преоден рок е цел на Работнички,но и на Вардар.
Мое мислење е сепак ако не остане пак во странство дека ке потпише за вас.
Сега од Иран малку потешко ќе најде клуб од асална лига во Европа. Печен е за во Вардар :D Реално тешко да се одлучи за Работнички во моментов доколку има понуда од Вардар ;)
 
Па и онака ние играме само со еден шпиц. Ќе го тупнеме Ацо по крило и после нека му ја мислат другиве :D

Сега од Иран малку потешко ќе најде клуб од асална лига во Европа. Печен е за во Вардар :D Реално тешко да се одлучи за Работнички во моментов доколку има понуда од Вардар ;)
Повеќе од јасно е дека ако има понуда од Вардар дека ке потпише за вас. Шансата на Работнички е само ако вие го земете Бајо нема да ви биде потребен и Стојков.
 
Алелуја ОФИЦИЈАЛНО КОФИ СИ ОТИШОЛ :D

Мило ми е што кренавме толку фама и практично ГО ИЗБРКАВМЕ ТИПОВ :D
Ете што ти значи кога бар малку ќе реагира некој.

Резиме засега, дојдоа левиот бек Димитрија Лазаревски, голманот Дејан Милиќ, напаѓачот Педро Бонифачио и полушпицот Жарко Симјановски.

Тимот го напуштија најслабите, Зоран Бошковски и Благоја Гешоски, но изненадувачки и Игор Стојаковиќ кој беше далеку од лош.

Шпекулации: Се најавува Александар Петровиќ како полушпиц од БСК Борча, шпекулации околу Ацо Стојков, Ндерим Неџипи и Бајо. Има шпекулации дека Цикарски ќе си оди, дека веќе бил на прегледи во Букурешт o_O Исто се шпекулира дека Маневски ќе си оди, а има шпекулации и за Оса.

Голмани: Дејан Милиќ, Костадин Захов, Горан Симов

Одбрана: Милан Илиевски (десен бек), Мирослав Вајс, Раденко Бојовиќ, Златко Таневски (централни), Димитрија Лазаревски (лев бек), Мите Цикарски (лев бек/лево крило)

Средина: Хорхе Хименез, Филип Петров (десно крило), Оса, Александар Темелков, Остоја Стјепановиќ (дефанзивна средина/средина), Предраг Ранѓеловиќ (средина), Жарко Симјановски (полушпиц/офанзивна средина), Драган Георгиев (лево крило)

Напад: Јован Костовски, Педро Бонифачио, Борче Маневски (полушпиц понекогаш)

Средина (и офанзивна средина) имаме многу играчи, ама они постојано гледаат уште по некој нов да донесат.
Не гледам потреба зошто би се носел уште некој на пзоицијата на Симјановски.
Ете нека го задржат Маневски за на таа позиција, нека бидат и двајцата во план.
Ни треба уште еден напаѓач, па зошто да не играме со двајца напаѓачи...
Ако си оди Цикарски ќе имаме само еден лев бек и само едно лево крило :facepalm:
А засега не се споменува никој како засилување по лева страна. Исто имаме само еден десен бек, а никаква најава нема дека ќе се носи уште еден :facepalm:
 
Како бе нема за десен бек... Дин Томески :D Дал е добар неам појма, ама штом у Ѓорче не играл стандардно... не е за верување. А и веќе еднаш не пројде на проба кај нас. Колку е паметно да се земе не знам, ама па од друга страна едино капитенот може да игра на тоа место. Ќе беше добро да го соберевме тој од Напредок.
Србинот не е шпекулација. Денес доаѓа во Скопје и потпишува договор. Мислам треба да го имаме, да не остане се на Симјаноски, а Маневски само напад да се користи. Додуше ако се договорат со Стојков, ја би го дал. И онака многу голема плата има :D
Неџипи не доаѓа... многу пари барал. Повеќе и од Маневски :eek: Не му даваат толку, па не знам што да е.
Сума сумарум... тоа е. Ја се надевам на Стојков и каков таков десен бек, што ќе се најде во ситуација ако притреба. И нормално никој да не биде продаден до крај на преоден рок.
П.С. Баже веќе потпишал за Работнички така да ние ваљда се насочуваме на Стојков. Моја претпоставка, а и не мора да значи :D
 
Абе Стојков за крилце ќе го користиме :D
Нека го задржат Цикарски, за лев бек. Гаго лево крило, Стојков по потреба лево крило, по потреба напаѓач :D
Ако иде тој Петровиќ (во случај и Стојков да дојде) ондак шут карта за Маневски. Што ќе ни се толку играчи за во нападот?
Мило ми е за Неџипи и онака не го сакав во екипата.
And who the fuck is Din Tomeski? :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom