Одлична статија на Macedonian football
Деновиве доста актуелна е трансфер политиката на Вардар. Но, не поради звучните имиња донесени во клубот. Напротив, донесен е еден фудбалер од Гана, во слободно време дизајнер на алишта. А, слободно време имал на претек.
Но, да вратиме неколку дена наназад. Како изненадување за многумина дојде информацијата дека Боби Милевски повеќе нема да го води Вардар, иако Вардар ја заврши есенската полу-сезона на прво место а во купот е во полу-финале. Но, така одлучи управата на Вардар а на местото на Милевски дојде Никола Илиевски - Џиџи. И Џиџи кажа - целта на Вардар е Лига Европа, а што се однесува за играчите за официјалната страна на клубот изјави: „
Со моето доаѓање на клупата на Вардар напоменав дека ќе се залагам новите фудбалери во Вардаркои ќе бидат ангажирани да бидат навистина засилувања за тимот“.
И Џиџи ги донесе првите засилувања. Помеѓу нив и еден фудбалер од Гана по име Осеи Кофи, по професија дизајнер на алишта. Да, да - мора човек од нешто да живее. А, нашиот Осеи, со оглед на тоа што нема играно професионален фудбал, сакал да се бави со дизајнирање на алишта. Е, сега - како Џиџи го опиша Осеи: „
„Станува збор за брз, експлозивен фудбалер, со одлична техника, креатор, асистент и добар реализатор. Него го следев и се работи за искусен фудбалер кој ја поминал младинската школа на Хамбургер, а потоа бил и во Андерлехт, од каде бил отстапен да игра во Втората лига на Белгија. Искрено верувам дека ќе биде големо засилување занапиот тим и тоа во креирањето на играта со што ќе направиме добарспој на средниот ред и нападот.“
Во ерата на интернетот, срамота е да не се користат неговите бенефиции кога тоа ти е професија а и обврска. И, добро - можеби Џиџи не користи, но мора да има барем некој во клубот кој малку знае да се снајди низ интернетот. Имено - никаде не можат да се најдат информации за тоа каде настапувал Кофи во последните 2 години (и не само 2), а едноставно е невозможно да нема такви информации доколку играл во било која барем малку добра лига.
Но, да признаеме - се обидувал. Имено, пред 10-тина месеци бил на проба кај просечниот петтолигаш од Германија (
http://www.hafo.de/hafosmf/index.php?topic=1232.1155) Мајндорфер, кој се натпреварува во локалната лига на Хамбург и во моментот бил на 12-то место од 18 екипи но не успеал да добие трансфер. За таму, Кофи кажал дека имал дадено 15 гола на 26 натпревари за резервниот тим на Андерлехт и 8 гола на 19 натпревари за Дијарбакир, но по 3 месеци турскиот клуб го раскинал договорот со него. Како одиграл 19 натпревари за 3 месеци - не ни е јасно.
Сега, се појави и еден друг проблем. Колку всушност години има нашиот херој? Според
http://www.ghanaweb.com/GhanaHomePage/soccer/player.php?ID=284 играчот е роден на 08.10.1983, а не на 08.10.1987 - информација која е непотврдена но дефинитивно многу сомнителна. Имено, според CV-то на Кофи, тој до 2001-ва година играл во младински категории а потоа се префрлил во сениорски фудбал. Значи, доколку е роден 87-ма, со 14 години почнал да се бави со сениорски фудбал? Можеби, сепак станува збор за клуб од четврта лига но многу неверојатно е тоа да се има случено.
Сума сумарум, од буџетот на Вардар кој да не забораваме чиј всушност е, се финансира горенаведениот играч. При тоа, истиот тој играч не бил ни на проба во клубот туку веднаш доби договор. Да почекаме времето да покаже што ќе биде со овој играч, но се прашуваме чија е одговорноста во ваков случај? И од цела оваа збрка, не остана време да го спомениме и најновото засилување кое денес се појави како информација во медиумите - Бонифасио од Португалија. Доаѓа од второлигаш на Кипар, а претходно играл во третата лига на Португалија. Ама, барем играл.
Дали овие играчи ќе го однесат Вардар во Лига Европа? Логиката вели не - но интересно е што и со вакви потези Вардар сеуште е фаворит број 1 за титула. Е, дотаму е нашата лига.
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 18:10 ---
Едно мое размислување што е муабетот со носење вакви играчи.
Чисто перење на пари.
Во минатото кога немаше ера на интернет и да донесеа некој ваков, никогаш немаше да дознаеме каква му е всушност вистинската кариера, али сега бар како не им е срам вака да се бламираат.
Вакви играчи им требаат само клубови во CV-ата за да покажат дека негде играле за понатаму кога ќе бараат нов клуб жртва да ги лажат. Ќе си додаде некоја статистика, од нашава лига и онака неможеш да најдеш ккој колку гола дал и колку изиграл.
На управата (т.е. управата нема врска, туку оние над нив надредените) тоа им одговара затоа што ќе си направат дил со него. Ќе му пишат плата 5 000 евра на пример.
Му се префрлаат толку пари, типот им ги враќа на нив и одреден процент си задржува за него.
И они се среќни пошто тие пари ќе си ги поделат, и он е среќен што ќе добие немоја минута, за понатаму да бара нови жртви со побогато CV.
Се чека сеуште некој кој искрено ќе вложува, кој мопже ќе пере пари, ама бар ќе клупува играчи кои стварно заслужуваат да играат. Со овој се знае која е намерата.
Они можат да ги прелажат повеќето пошто порталите ќе излезат со вест потпишал играч што играл за Хамбургер и Андерлехт. И опа некој што не следи доволно или што не се интересира мисли дека е којзнае каков играч и ние испаѓаме будали што одиме контра.
Може и вака ќе имаме резултати, не велам не, и онака за лигава не треба којзнае што, но да не се лажеме
ОВА НЕ Е ПРАВИЛЕН НАЧИН НА РАБОТА И ОВА НЕ Е ДОБРА РАБОТА НА ПОДОЛГИ ПАТЕКИ, туку инстант успех.
Баш ме интересира кој менаџер го има донесено овој.
ЦЦС им еба мамата досега, се откри. Според него се работи за
Нади Фетаи.
Mалку прогуглав и оп на неговиот профил следнава слика:
ЦЦС Е ВО ПРАВО УШТЕ ЕДНАШ!