Не викам дека не се професионални, никаде јас не ја нападнав нивната работа туку начинот на избор...

Сајтот и информациите на него се на високо ниво и професионално изработени, но сега го утнале изборот. Дали мислиш дека со лајкови ќе се добие вистинската слика за квалитетот на одреден фудбалер? Има луѓе со по 100 јузери, а не е исклучено и самите фудбалери да почнат да прават за да гласаат за себе. Тука доаѓа и рекламата, односно доколку поседуваш некоја од оние групи 'Да се собереме милион' или 'За сите оние кои биле на море' во кои има илјадници луѓе, тогаш полесно ќе го испромовираш фудбалерот што го поддржуваш, а за него сигурно ќе гласаат огромен број на луѓе кои немаат никаква допирна точка со фудбалот, а уште помалку со некој од фудбалерите кои се во потесниот избор.
Ете затоа сум против ваквиот начин на гласање