Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Абе мора оваа година да играме во лш или ле зашто се ближи крајот на светот :pos:
 
Многу нормално дека тим се прави полека полека.Ние за да привлечеме европски играчи треба да излеземе у европа.Кај нас има потенцијал,не е нешто голем али може да се направи солидна екипа.Место ние да ги гледаме првин нашите играчи,па после странските,кај нас е обратно.Секогаш повеќе се ценело нешто туѓо.
Од споменатите играчи единствено може Ѓуровски да се залаже со голема пара,Стефан може да направи европска кариера и на пат е да ја направи,така да не се залетуваме,чекор по чекор.:)
 
Како на пример?:confused:
Во лигава не гледам некој којзнае каков потенцијал...
Убаво би било на пример да го сфтосаме Марио Ѓуровски, и мислам дека тоа стварно би било засилување...
Пандев да не можеме да го земеме? Или пoпов или Тричко?:D
Да не си играме бајрам со паметот...
Горе-доле се што можевме да земеме а беше добро и без ангажман во странство го земавме...
Мене око ми фаќа Горан Богдановиќ од Работнички...
Убаво би било да си го вратиме Стефан Ристовски од Парма/Кротоне...
Ни фалат млади и брзи бекови.
Тим не се прави одеднаш, добро е што тие се главни во моментов покажуваат дека стварно прават солиден тим.
Досега не беа фрлени залудно пари за никого...
Па и овој ќе бара мн пари не верувам дека ќе игра за 5 илјади евра игра во украина кај што се зимаат добри плати и мислам дека е слично како со мојата желба моралес сега засега неостварлива :D за овој може доколку нашето раководство е заинтересирано за него ,а за Стефан не верувам таман почна да добива шанса кај кротоне не верувам да се врати во македонија.
Ако прајме сериозно муабет јас би сакал Драган Георгиев од турново да го земеме мислам дека е најтелентиран играч што игра во нашава лига во одбран ете предлогот на Сајбер и мислам дека на пролет ќе може да славиме титула без проблем плус и огбона
 
Луѓе, бидете реални за да не пцуете се живо и диво во јуни и јули ;)
--- надополнето: Dec 8, 2011 2:31 PM ---
Има некој информација како изиграл денес Огбона против Треска?
 
Луѓе, бидете реални за да не пцуете се живо и диво во јуни и јули ;)
--- надополнето: Dec 8, 2011 2:31 PM ---
Има некој информација како изиграл денес Огбона против Треска?

Најавениот пријателски натпревар помеѓу Вардар и Треска не се одигра. Фудбалерите на Вардар имаа вообичаен тренинг на кој од непознати причини недостауваа дел од стандардните првотимци како Ивановски, Лико, Петров, Стјепановиќ ... еве ти овие што недостасувале биле на масажа :D
 
И подобро што не се одиграл, нема логика на 2 дена пред важен натпревар да се ризикуваат повреди на тоа нивата... :)
 
Есенска титула за Вардар по 10 години пост - Комити најавуваат навивчаки спектакл во недела

Последниот натпревар оваа полусезона се игра во недела во 13 часот против Брегалница на стадионот во Ѓорче Петров
komitit10.jpg

По десет години пауза, во недела есенската титула од македонското фудбалско првенство се враќа во рацете на најтрофејниот клуб Вардар. По низа финансиски и кадровски проблеми, скопскиот фудбалски гинант, годинава конечно застана на нозе и блесна во вистинско светло.
Со ниту еден пораз во првиот дел од сезоната, вардаровите играчи повеќе од заслужено ќе презимат на врвот на прволигашката табела.
Последниот натпревар оваа полусезона се игра во недела во 13 часот против Брегалница на стадионот во Ѓорче Петров.
Неделниот термин е одобрен на барање на навивачите на Вардар, популарните Комити кои за овој меч најавуваат вистинско навивиачко шоу, по повод првата есенска титула по 10 години пост.
Од навивачката група велат дека се подготвува досега невидена кореографија збогатена со големо пиротехничко шоу. Специјално за овој меч, Комитите набавиле 50 факели и повеќе од 20 димни бомби.
Присуство на мечот најавуваат и навивачите на Вардар од другите градови. Од Комити велат дека присуството веќе го потврдиле Комити Гостивар и Комити Неготино, а на трибините се враќаат најстарите членови на навивчката група.
 
Многу од вас играат менаџер, па ај ќе правиме тим е работава :)

Чекор по чекор, најпрво да се среди клубот од младинските школи до првиот тим, па потоа да се размислува на странски засилувања кои нешто значат во светскиот фудбал.
Засега реалност се само играчи кои се пред пензионирање или надвор од форма(Моменталната трансфер стратегија на Морати :) ). Ќе биде подобро, али мора да се подобри и првенствово, иначе тешко се привлекуваат квалитетни имиња во селски лиги...
 
Нашиот есенски шампион, екипата на Вардар доби официјална покана од 15. до 18. јануари во соседна Бугарија да учествува на подготвителен турнир кој ќе биде во организација на бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив.

Од раководството на Локо Пловдив планираат „црвено-црните“ да бидат единствената екипа од странство на турнирот на кој би учествувале уште Славија Софија и Вихрен Сандански.

Сепак, учеството на „вардарци“ на турнирот е под знак прашалник поради тоа што сепак се работи за период во кој само што ќе бидат стартувани зимските подготовки. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски по дополнително подетално утврдување на подготвителниот план ќе ја донесе конечната одлука дали ќе се прифати поканата на Локомотив П.

Тимот на Локо Пловдив, на чија клупа до неодамна беше и поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски, е еден од иницијаторите за формирање и на Регионалната лига.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=3434
--- надополнето: Dec 8, 2011 7:39 PM ---
 
Што се случи со Огбона? До каде се преговорите? Како пројде на тренинзи и дали ќе имаме човек со такво искуство во лигава?
 
Марио Ѓуровски во Вардар би бил промашување еднакво на Деспотовски во Работнички.Според мене треба да се обидат со Дарко Тасевски кој би бил стварно екстра засилување не само за во лига туку и за во Европа бидејќи беше еден од лидерите на Левски во ЛЕ последниве сезони,а плус мислам дека пробуваше да се шитне во странство ама освен некои второкласни клубови од Украина никој не понуди пари за него,а цената му беше не така висока(околу 400.000 евра мислам).Други засилувања кои јас би сакал да ги видам во Вардар,а е и реално да дојдат се:Славчо Георгиевски,Балдовалиев,Наумов,Роберт Попов и Игор Митрески
 
Тасевски да дојде кај нас во моментов е научна фантастика. 400 000 евра е скоро половина од буџетот сега што го имаме, и 4-5 пати да е поголем догодина нема да може да си дозволиме толку да се расфрламе со пари. Да не си играме менаџери сега, да оставиме таа работа на Илчо, досега одлично си ја вршеше. Освен за (Д)Илбер Али немам замерки за другите засилувања. :)
 
Марио Ѓуровски во Вардар би бил промашување еднакво на Деспотовски во Работнички.Според мене треба да се обидат со Дарко Тасевски кој би бил стварно екстра засилување не само за во лига туку и за во Европа бидејќи беше еден од лидерите на Левски во ЛЕ последниве сезони,а плус мислам дека пробуваше да се шитне во странство ама освен некои второкласни клубови од Украина никој не понуди пари за него,а цената му беше не така висока(околу 400.000 евра мислам).Други засилувања кои јас би сакал да ги видам во Вардар,а е и реално да дојдат се:Славчо Георгиевски,Балдовалиев,Наумов,Роберт Попов и Игор Митрески
Не си правете филмови. Каков Тасевски. Дечкото е во најдобри години и не е будала сега да доаѓа во Вардар. Ако ништо друго, во најлош случај може да отиде во секое време во Кина или Кореја и да си ја обезбеди егзистенцијата до крај на кариера. Зашто би се враќал во Вардар да игра за максимум 50 000 евра годишно?
 
Да земеме титула и да влезат најголем дел од најавените спонзори во клубот мислам дека и те како реални би биле засилувањата како Ѓуровски,Тасевски,Митревски,Георгиевски,Балдовалиев,Робер Попов и сл........
Сега за сега нема шанса такви да дојдат,но ако иде се како треба не гледам зашто веќе следната сезона не би биле наши играчи..........
 
Сите што ги набројав се реални засилувања за Вардар со буџет од 4 милиони евра во јуни.Платата би им била сигурно околу 20.000 евра месечно што е одлична понуда и за Тасевски.Него колку пари се шаловите во Орка ако знае некој да ми каже??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom