Фан Клуб: Шалке 04

Можеби најдобриот шпиц отиде... сега кај лузерски во последни кола изгуби Шалке титула што пак ќе прави следна сезона?
Ужас!
2 пат во 4 години губи така за мал број поени титула , поболен беше претходниот сигурен сум кога во последно коло паднаа од првото место...
 
Кај сте бе несудени шампиони.:) Што му се секирате за Курањи, па Мецлдер од Реал потпиша за вас, а сите знаеме кај стигнаа тимовите годинава што зедоја играчи од Реал.:pos2:
 
Кај сте бе несудени шампиони.:) Што му се секирате за Курањи, па Мецлдер од Реал потпиша за вас, а сите знаеме кај стигнаа тимовите годинава што зедоја играчи од Реал.:pos2:
па не се смеј тоа е лошо за тебе :pos2:
 
па не се смеј тоа е лошо за тебе :pos2:

Зошто да не се смеам? На шега го кажав тоа. Па и да игра Шалке в година финале од ЛШ, секогаш има место за уште еден тим во финалето.:baeh:
 
Мислам дека не е толку глуп потегот што си замина Курањи, само ако најде Шалке некој перспективен играч. Знаеме дека во Германија многу не успеваат помладите играчи, ама ако се сака титула мора да се купи некој поискусен. Подолски е решението. Ем релативно млад, ем искусен:icon_mrgr
 
што се секирате бе го имате Бесарт Ибраими :)
 
Мислам дека не е толку глуп потегот што си замина Курањи, само ако најде Шалке некој перспективен играч. Знаеме дека во Германија многу не успеваат помладите играчи, ама ако се сака титула мора да се купи некој поискусен. Подолски е решението. Ем релативно млад, ем искусен:icon_mrgr

Бесарт Ибраими...влегол во игра на местото на Курањи на последниов натпревар со Мајнц :) Го забележа ако не се лажам третиот настап од клупа од кога дојде зимоска.
Шала на страна, не верувам дека може да добие шанса во Шалке следната сезона, се мислам дека ќе го пратат негде на позајмица во втора лига. Сигурно ќе купат некој поквалитетен, Подолски е доста логична опција.

Во трансферов не ми е чудно што Шалке не му го продолжи договорот на Курањи, сигурно планираат градење на уште поперспективен тим. Чудно ми е што се шпекулираше со имиња како Јувентус, Џенова и 2-3 клуба од Премиер Лига, за на крај да потпише за Динамо Москва и да се забатали просто речено од очите на јавноста. За какви финансиски услови и да се работи, многу ми е несфатливо кога некој ќе се одлучи да премине во тим со помала репутација од тимот каде што претходно настапувал( а не е во ветерански години). Сигурно многумина се сеќаваат што се случи со кариерите на Маниш, Костиња и Дерлеј по преминот во Динамо.
 
Најголеми понуди имало од Динамо како што имав читано јас а и имало понуда од Јувентус знам и тоа читав така да.... шпекулации ли биле што ли било очигледно е дека Московциве дале кеш поголем и ќе игра таму :)
 
Си сака пари Курањи бе. Доста му беше сериозно играње :icon_mrgr Инаку сметам дека Ибраими е далеку од замена за него, па се надевам ќе биде донесен некој добар шпиц летово:smir:
 
Мислам дека не е толку глуп потегот што си замина Курањи, само ако најде Шалке некој перспективен играч. Знаеме дека во Германија многу не успеваат помладите играчи, ама ако се сака титула мора да се купи некој поискусен. Подолски е решението. Ем релативно млад, ем искусен:icon_mrgr
Double fail ... :D
 
Боби[Мкд];3549366 напиша:

Ако со 25 години сеуште ги рачунаш за млади во фудбалот , ондак тоа за мене е релативно млад, како и што сум нагласил понатака :icon_mrgr
 
Ете го Курањи денеска стрелаше 2 пати во победата од 0-5 ... пријателски меч...
Повторно ќе кажам , жално е што го напушта тимот тој играч.
 
Некој новости?трансфери кој доага кој си иде нешто?нигде неможам да најдам...изглеа курањи само си отиде а играч нема да земеме клубот во долгови е до гуша....
 
Освен Курањи изгубивме уште неколку фудбалери. Легендарниот Џералд Асамоа замина во Сент Паули, ама потпишан е договор повторно да се врати во Шалке, за година или две :) Истотака и Зе Роберто замина во Васко Де Гама. Ново засилување е Јапонската ѕвезда Ацуто Учида кој доаѓа на три години од Кашима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom