Фан Клуб: Шалке 04

Хмммм... за 4мил годишно и еден Клосе можеше да го земат само секако ќе требаше и едено 10че на Баерн да му доплатат (ова чисто ко компарација не дека може да го замислам Миро со Феликс). Од друга страна со ова ќе се дигне прашина околу Шалке и секако ќе придонесе за атрактивноста на БуЛи. Магат е лисец сепак мислам дека знае што прави и дека ќе му најде работа на Раул. А тоа што овој се решил за Шалке место ФК Абу Даби сепак ми кажува дека сака уште сезона-две да поигра фудбал. За ЛШ секако нема да им е на одмет (а по логиката Робен-Снајдер сега може да им честитам финале во ЛШ на Шалке :pos2:)
 
Боби[Мкд];3656443 напиша:
4 милиони евра годиш за Раул?

Шалке нека пробаат да ги земат, Марко Ројс или Кевин Гроскројц, најтелентираните млади напаѓачи во Германија.


Исто можат и со Феликс Крос, помладиот брат на Тони.

Нека не се глупираат како ХСВ со Руд ван Нистелрој.

--- надополнето ---

Нека не се глупира Раул, Магат ги тера играчите по рудници да работаат. Ќе му излезат низ нос тие 4 милиони.

И изгледа никогаш нема бидено Раул во Гелзенкирхен. :)
Мавни го Феликс , дајте го ваму Тони Крос!
Е тој е ѕвер веќе!
 
Мавни го Феликс , дајте го ваму Тони Крос!
Е тој е ѕвер веќе!
Абе најталентираниот играч на оваа генерација игра во најјаката екипа.

Плус слаб физички е Тони, не е тој за да копа по рудниците во Гелзенкирхен. :)
 
Боби[Мкд];3657962 напиша:
Абе најталентираниот играч на оваа генерација игра во најјаката екипа.

Плус слаб физички е Тони, не е тој за да копа по рудниците во Гелзенкирхен. :)
Па таман ке го ојачаме па ке ви го вратиме:pos2:
И ајде да видиме што ке биде со старецот што фрливме џабе пари а него...Да се надеваме дека ке покаже нешто повеќе одколку во реал задњи 2 сезони....
 
Marcelo Bordon го раскина договорот кој му важеше до 2011,негова следна дистанца ќе му биде некоја екипа од Катар...
 
едно големо освежување за Шалке и Бундеслигата,конечно потпиша Раул...да се надеваме на големи изданија во дресот на Шалке,со многу голови...
 
едно големо освежување за Шалке и Бундеслигата,конечно потпиша Раул...да се надеваме на големи изданија во дресот на Шалке,со многу голови...

Нема потпишано, ама ќе потпише. Утре го најавува своето заминување од Реал, а во наредните неколку дена би требало да потпише со Шалке.
 
Нема потпишано, ама ќе потпише. Утре го најавува своето заминување од Реал, а во наредните неколку дена би требало да потпише со Шалке.
во право си,но готова работа е,само треба да се официјализира(четврток)...како и да е,ќе биде интересно..
 
Ај честито нов играч Уф дочекав да го видам Раул во еден мој тим :vozbud:
Но има и лоши вести. Тимот го напушти и Вестерман кој замина во конкурентот Хамбургер :(
 
Вестерман и Бордон го напуштија клубот...сега ви треба 1 централен дефанзивец.
 
Вестерман играше лев бек за Шалке,не им треба централен уопште.


Мецелдер го зедоа плус го имаат Ховедес, вториот најперспективен централен дефанзивец во Германија.

-Neuer-
-Rafigna-Howedes-Mezelder-Pander-​


солидно.
 
Шалке се вклучува во борбата за левиот бек на Мурсија, Серхио Ескудеро. Магат силно притиска за да се доведе овој млад талент. Ахх, мојот омилен странски тим Депортиво и мојот омилен тим од германија се борат за исти играч. Сепак мислам дека Ескудеро ќе дојде во Депор.
 
Сепак Серхио Ескудеро го одбра Шалке пред Депортиво (што и беше очекувано), па можам да кажам дека Шалке доби одличен лев бек, пред кого престои одлична иднина.
 
Абе овие се засилуваат на големо.:):)
Ќе биде интересно ако успеат со овој уигран Баерн да водат битка за титулата до самиот крај.
Мислам дека оваа сезона Шалке ќе го освои купот на Германија.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom