90% Гарсија си оди од Рома, а Спалети се поблиску до ангажман.. Велат 18 месеци договор ќе му дадат, ама за мене тој не е решение за подолги патеки, односно сакам да кажам да не се расфрлаат со голем договор, можеше да му дадат на 6 месеци, па доколку оди добро работата и нема некој екстра алтернативи да го остават..
Тоа го велам не дека е лош тренер, ама од внимателност, позитивен шок секако дека ќе му даде на тимот, но уште одма со голем договор не треба да се брза со никој треба да се брза...
Да сумираме, Спалети одлично ја водеше Рома, освен онаа црна дамка 7-1 од Манчестер секогаш тимот го давал максимумот.. Му ги продадоа Манчини а го донесоа Баптиста кој не можеше да го замени како крило, исто и Киву а донесоа послаб централен бек, така да не му многу замерувам што тимот почна слабо на крај да игра со него..
А сега има екстра ростер, со кој би ја применил неговата позната 4-2-3-1 формација