Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
cestito zasluzena pobeda
Благодарам на честитките
Сега за навивачите на Рома, најпрвен нека ни е честита победата.
Најважен дел од играта која ја прикажаа на теренот денес беше карактерот.
Секоја чест. Мислам дека го забележавте тој детаљ во играта кој треба да го пренесуваат од натпревар во натпревар.
Имам големо жалење поради тоа што поголем дел од навивачите на Curva Sud не беа присутни на стадионот. Но не можам да ги осудам тоа беше нивен начин на искажување на револтот против раководството и против резултатите на тимот. Така да се надевам дека оставија впечаток кај играчите на тимот за да се запрашаат и да размислат малку. ( За Росела знам дека не и е гајле)
И за крај да не ја тупам многу повелете најбрзо што можев да ги најдам сите голови од натпреварот. Поздрав
 
хухухуху ми ја исполниа душата, конечно убава победа, многу сум среќен!!!! се надевам дека вака ќе продолжиме во овој ритам, поминавме многу тешки утакмици(Џенова,Јуве,Фиорентина) сега мислам дека ни следуваат полесни кои мораме да ги добиеме, се гледа дека кога Вучиниќ е во игра Рома е поопасна во нападот, позз до сите кои навивааат за Рома и да не губат надеж!!! Форца Ромаа!!

ако може некој да ми каже второ полувреме како се одвиваше, имавме ли шанси како во прво???? позз
 
Момци морате да го видите овој дел кога се враќаат навивачите на Curva Sud во 34 минута од натпреварот. Цел Олимпико се тресе.

Исто така сакам и да си ја честитаме 1000 победа на Рома во Серија А
roma1000tabellino.jpg
 
браво за рома!!!! Фчера ја изиграа утакмицата на сезонава:vozbud:
 
Не сте свесни колку се радував вчера кога видов дека Рома води со 2-0. Двата гола ги даде Тоти. Кога го даде Де Роси голот со глава од почетокот на шеснаесетникот (ко Џордан од линијата за слободни :)) беше врвот. Друга работа, кога видов дека навивачите на Рома се враќаат на стадионот. Одлична утакмица, одлична игра, можеше и 3-0 да биде, примивме наивен гол, од никаква грешка. Нека ни е честита и 1000 победа на Рома во Серија А!
Forza Roma! :рома3:
 
колку слатко ни дојде таа 1000-та победа, уште се радувам, ми падна камен од срцето, сега веќе во четврток играме на гости во Сицилија, поточно Палермо, значи не очекува тешко гостување, а знаеме Рома на гостински терен игра потешко:toe: па така за да продолжиме со овој менталитет мораме да одиме на победа
 
Честито дечки заслужена победа и спортски поздрав од мене

фала брат спортски што го призна поразот и ви посакувам среќа во понатамошните утакмици посебно во ЛШ се до нашето повторно видување некаде во пролет :) инаку кажав јас, се надевам дека ќе ги видам и Рома и Фиорентина во ЛШ другата година на сметка на Милан:smir:
 
колку слатко ни дојде таа 1000-та победа, уште се радувам, ми падна камен од срцето, сега веќе во четврток играме на гости во Сицилија, поточно Палермо, значи не очекува тешко гостување, а знаеме Рома на гостински терен игра потешко:toe: па така за да продолжиме со овој менталитет мораме да одиме на победа
Мала исправка натпреварот е во Среда од 20:45 часот.
Тешки се гостувањата на Сицилија за сите екипи, па така и за Рома. Многу непредвидливи екипи се и двете: Палермо и екипа на Катанија. Се надевам дека ако настапат со ваков карактер и желба дека ќе немаат проблеми. Инаку во врска со овој натпревар се очекува враќање на Бриги и Сисињо.
 
Конечно и вие да победите..раниери е добар тренер..
 
Мала исправка натпреварот е во Среда од 20:45 часот.
Тешки се гостувањата на Сицилија за сите екипи, па така и за Рома. Многу непредвидливи екипи се и двете: Палермо и екипа на Катанија. Се надевам дека ако настапат со ваков карактер и желба дека ќе немаат проблеми. Инаку во врска со овој натпревар се очекува враќање на Бриги и Сисињо.

аха во среда, вчера го чув коментаторот но го разбрав дека во среда има само една утакмица, мислам дека игра Јуве со Џенова, а во четврток се другите, па затоа така кажав, ама ок си е и така пренос од Палермо-Рома нема да има:toe: инаку за Бриги не се радувам многу но спред тактиката што ја игра Раниери играчи како Бриги се од голема важност, многу ми е мило што Сисињо ќе го видам по подолго време, ми скисна овој Касети ја не знам зошто има толку доверба во тој играч кога го има на располагање Мота:toe:
 
Да во врска со Касети вчера на мое изненадување изигра еден многу добар натпревар по подолго време. Мексес пак ја оплеска за примениот гол и тоа влезе како резерва во 75 минута на местото на Хуан. Моментално мислам дека тој е најмногу надвор од формата што ја имаше. За тоа и Раниери го стави на клупа и започна со Хуан. Ајде полека полека нека се средуваат работите и да престанат да се примаат глупави голови од наши грешки и да не се губат лесно поените, тоа е најважно сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom